The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Ina V

    Ina V Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Аман бе Лилит и тука си негативна. Ако цениш студиозни рутини за други работи читај теми и сајтови за тие "други работи", ова е тема за нега на лице.
    Второ, едната работа не ја исклучува другата, односно ако некој е студиозен околу своја нега и рутина не значи дека е површен во другите сфери од животот.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    94.542
    Ме цитираше Дузи, имаме муабет од претходно, од каде ти повикана?!
    Кој воскреснат профил си само... хм...:^)

    @Doozy другарка ми забележала дека од нијацинамидот дека влакната на лицето и се појачале и дека растат "поквалитетни" од претходно. Искуство?
    Се проверила. Хормони, друга козметика и на крај и текнало на него. Гугл вика дека е одличен за раст на косата. Ако е добар за косата, тогаш о влакненцата на лицето не се поарни. Влакно е влакно.
     
    Последна измена: 11 февруари 2020
  3. Ina V

    Ina V Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Што е воскреснат профил?
    И дали ако разговараат двајца членови трет не смее да коментира? Дали тоа влегува во правила на форумот?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.177
    Допаѓања:
    94.542
    Мешај се де, ама немам желба да ти реплицирам.
     
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    3.054
    @Lilit Си можела да ме означиш. Се наоѓаш во тема за лице, козметика, поточно за конкретен бренд. Луѓето бараат совет и ревју на некој производ. Некои оф нас доста време користат вакви производи.
    Aha Bha пилингот е хемиски пилинг со многу помала јачина соодветно и цена од пилинг во салон да ти се лупи целосно лицето две недели.
    Затоа за тебе е за бебиња, зашто не си го разбрала.
    Да, за мене иритантно е што се даваат основно насоки од некои членки ама ги мрзи да листаат наназад.
    Стварно не знам ако не си заинтересирана, немаш пробано и не сакаш рутина што ги ругаш членките на кои некоја рутина им помогнала?
    Состојбата на лицето и козметиката не се површна работа за глупи малоумни девојки кои имаат тон слободно време па еве решиле да се "шлапаат додека не им здосади".
    За некој добра кожа е пола самодоверба.
     
    На Juicy, RosettaStone, Miss.A. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.968
    Пол:
    Женски
    Добра коже не само што јача самодоверба туку здрава кожа е пред се здравје.
    Работата е што некои претеруваат и ја уништуваат и таа природна заштитна бариера на кожата.
    Лес ис мор воопшто.
     
    На Juicy и BojanaS1 им се допаѓа ова.
  7. BojanaS1

    BojanaS1 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Денес конечно стигнаа, исто да израдувам кој има порачано имаше повеќе пакетчиња децием во пошта :)
     
    На martiiinna и SnowDOG им се допаѓа ова.
  8. irenana

    irenana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки,
    и јас конечно можам да разговарам на оваа тема.
    Денес ми пристигна првата нарачка од ТО, и тоа Niacinamide+zink, Hyaluronic acid и Glycolic acid toner solution.
    Бидејќи досега користев само гел за миење лице и мицерална со витамин ц, а имам комбинирана накај мрсна кожа на лице,планирам прво да почнам со ниацинамидот и хијалуронската. Некој да ги користи овие три па да ме посоветува, кое време од денот е најдобро да се користат, како ги дозира, како ги комбинира..?:))
     
  9. Ina V

    Ina V Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам погоре споделено рутина со ТО производи, види дали ти одговара.
    Во твојот случај, по миење се поминува лицето со Glycolic acid toner solution (ако сега почнуваш подобро е само навечер и тоа само два пати неделно, постепено се воведуваат производи на база на киселина).
    потоа се нанесува Hyaluronic acid, откако ќе се впие се става капка до две Niacinamide+zink.
    Јас ниацинамидот не го ставам наутро, зошто не се однесува добро под шминка, треба подолго да се чека да се впие.
    Не заборавај на заштитен фактор, нивниот е супер зошто е со физичка заштита од УВ зраци.
    Се надевам ова ти помогна.
     
  10. irenana

    irenana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Да, ептен ми помогна! Главната заблуда ми беше дали смеат двете киселини да се користат во ист ден. Јас би ги користела само навечер, бидејќи наутро и не можам да издвојам вишок време од вообичаената рутина:))
    Ти благодарам многу на советот!:)))
     
    На Ina V му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ina V

    Ina V Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Хијалуронската киселина не делува како ексфолијант, обично е во форма на хијалуронска сол и се користи за хидратација зошто има голема способност да врзува вода во кожата, односно да ја одржува влажноста, така немаш гајле со неа, може да се користи во секое време, само мора одозгора да се стави хидратантна крема.
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aquanalia

    Aquanalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Zdravo i izvinete na latinicata,pd telefon sum..Dolgo vreme se mislam da pocnam so upotreba na ovie proizvodi,pa bi zamolila za soveti so kakvi proizvodi da pocnam,kako da se koristat,po koj redosled..
    Imam 24 godini,normalna do kombinirana koza.. imam pretezno cista koza so po nekoja akna privremeno i malku fleki od akni i pegi.. Za cistenje na kozata koristam miceralna voda, kako dneven krem nivea.. isto za kremot so faktor go koristam na leto i vo opredeleni denovi na zima,oti pod sminka e tezok, a za dnevna hidratacija koristam dneven krem nivea.. pa bi ve zamolila i za soveti okolu ova.. izvinete za dolgiot post i blagodaram odnapret!
     
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    15.254
    Пол:
    Женски
    Деновиве се изначитав околу производиве зошто стварно не знаев од каде да почнам, и ја направив првата нарачка од the ordinary. Може утнав со производиве ама ќе видиме :D Имам чудна кожа, вообичаено ми е нормална, ама на периоди ми станува комбинирана, ми се мрси т-зоната. Сега ми е сува на делови (facepalm)

    Прво го нарачав серумот за коса по препорака на @Anabelle.Amorette. Многу ми паѓа, тенко ми е влакното, сакам да пробам да видам дали ќе ја оправам, а читав доста рецензии. Немаше никаков попуст на lookfantastic, ама се надевам ќе вреди за цената.

    Земав и Niacinamide 10%+Zinc1% бидејќи периодов кожава ми е доста склона кон акни и ми изгледаше ко добар производ ко за почеток. Читав дека повеќето го ставаат сабајле и навечер на чиста кожа, ама да не ми е многу два пати дневно да го ставам од одма?:?:

    Го земав и Caffeine solution 5% за под очи, гледав добри ривјус па ќе пишам како ќе ми се погоди, со оглед на тоа дека имам доста големи подочњаци и до сега ниеден производ не ми помогнал нешто многу многу.

    И последно го нарачав маслото 100% plant-derived hemi-squalene. Пишува дека е и за кожа и за коса. Ефтино беше па викам ај и ова :D Го има некоја користено? Не можев да најдам на темава:wasntme:

    Сакав и салицилната киселина да ја земам ама прво да видам овие дали ќе ми се погодат. Еден куп производи ставив на wish list :rofl:
     
    На ludamaja10 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  14. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    152
    И јас го земав така, ефтино е, ми фалеа неколку долари за бесплатен шипинг и ај си викам ова. Најдоброто масло што сум го пробала! Јас го ставам после сушење коса, кога ми е збуфната цела и многу ми се свиѓа тоа што одма ја скротува, ја прави мазна и воопшто не ми го остава оној мрсен изглед како што оставаат многу масла и спрејови, капки што ли уште не. Веќе трето шишенце користам, презадоволна сум од ефектот, а плус цената е топ:) Не знам за што точно се користи искрено, дали треба пред измивање да отстои како другиве масла, ама јас си го користам место силиконски капки, таков ефект ми требаше и за тоа ми е совршено!
     
    На ludamaja10 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  15. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    1.570
    Пол:
    Женски
    @Mishela, дали да користам друг тоник пред Glycolic Acid тоникот или само него да го нанесувам веднаш по миењето и дали ниацинамидот да го ставам на цело лице?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.890
    Допаѓања:
    73.530
    Пол:
    Женски
    Не смееш да го нанесуваш гликолниот веднаш по миење.
    Значи луѓе, на секое истото го пишуваме, јас навистина ве замолувам убаво да ги прочитате сите постови од последните неколку страници.

    1. Гликолниот тоник не е тоник за хидратација, туку за ексфолијација. Ако го нанесеш по миење кожата ќе ти дехидрира и ќе ти се влоши состојбата.
    2. Мораш прво да хидрираш, значи обичен тоник па сè друго по ред.

    За ниацинамидот како сакаш, со него сама треба да си видиш како и колку ќе ти одговара, тука не можам да кажам нешто посебно освен тоа да го нанесуваш на влажно лице...
     
    На H.ava, ludamaja10 и cloud им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    47.976
    Пол:
    Женски
    Му се случило на некој да се нафрли од хујалуронската?
    Пробувам да сфатам што е тоа што му пречи на моево лице...
    Рутината ми е:
    1. Мицеларна
    2. Пена
    3. Тоник
    4. Хијалуронска
    5. Крема

    Сите други производи ги имам користено претходно без вакви проблеми, барем не до тој степен.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.890
    Допаѓања:
    73.530
    Пол:
    Женски
    Како ја нанесуваш хијалуронската?
    Идеално би било на влажно лице. Јас ставам неколку слоеви тоник, па ако не е доволно влажно лицето (некогаш многу брзо ми се впива тоникот) прскам спреј за лице (имам еден од Авон) и ставам хијалуронска.
    Потоа крем, масло околу очи и толку. Не сум имала акни досега од хијалуронската, ама читам дека често може да се појави таква реакција ако кожата не била доволно влажна пред да се нанесе од серумот.
     
    На ludamaja10 и crimson им се допаѓа ова.
  19. Ivzzz

    Ivzzz Нов член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Pozdrav, da li negde u Skoplju mogu da kupim The ordinary proizvode? U Beogradu je prodavnica prazna ;(
    Hvala i pozdrav :inlove:
     
    На H.ava му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    47.976
    Пол:
    Женски
    На влажно, така ме научи @Doozy :D
    Не знам сега дали да продолжам или да направам пауза и да видам дали ќе се смири...