Морам да го пофалам AHA + BHA. Еднаш неделно го користам еден месец и веќе има забележлива разлика. Топло го препорачувам.
Од она што јас го видов, стандард шипинг е free, а експрес деливери е бесплатно со нарачки над 119 фунти, меѓутоа, на Checkout дава само опција за Express Delivery што значи дека ќе се наплаќа за секоја нарачка до 119 фунти. Висината зависи од нарачката и од земјата до каде се доставува и во право си, високи се цените.
Неколку дена без работа + по дома, па решив да се посветам на Ordinary. После изгледани видеа ( супер објаснува девојкава, скроз ги изманијачив сите видеа на темата) и консултација (на Deciem страната можело мејл да им пишеш што сакаш од проидводите и ти прават предлог рутина со објаснување, Сара супер ми објаснi детално се'), исчитани 28 страни на темава (фала девојки) решив да нарачам: Azelaic Acid Suspension 10% - 30ml Glycolic Acid 7% Toning Solution - 240ml Niacinamide 10% + Zinc 1% - 30ml Мене ми е релативно добра кожата, од 1-5 би и дала 3.5-4. Она што би сакала е некое намалување на црнките и порите (во зоната на носот и малку на образите) и изедначување на тенот. Имам релативно нормална кожа, никогаш не сум имала проблем со акни, за мои години (27 и пол) немам речиси никакви брчки. Она што сакам е една убава рутина за Plumping up и нели хидратација никогаш доста. Ми треба мала помош од вас меѓутоа. Гледав баш и за мајка ми ама некако нема толку искуства за зрела кожа (+60). Она исто цели кон "подобрување на тонусот (многу сме речити по дома)". Нејзината кожа е посува, се шљапка со кремчиња, арганово масло, знам и она од Хабо Ладо јапонското за навлажнување го користи, ама ете да искористи прилика. Има некој искуство/препорака со повозрасни што користеле Ordinary приозводи?
ретинол, ама треба редовно користење со месеци, за тенот и освежување аха киселини - јас имав резултати после 2 месеци (не беа од ординари)
Девојки ме интересира која е разликата помеѓу гликолниот тонер и млечната киселина 5% ? И како всушност делуваат на кожата?
Е ова со шипингов ме докрајчи.Зошто? Стварно ја претереале.И тоа,баш сега им текна. Да бараме тогаш некоја поисплатлива алтернатива за порачување.
Има еден куп поисплатливи, пример beautybay, deciem. @lovelygirl39 Лактик 5% е многу нежна ексфолијација, за ептен осетлива кожа, бидејќи ексфолира и навлажнува. Гликолниот тоник е за средно отпорна/нормална кожа, и двете треба да влијаат на текстурата на кожата, избледнување флеки, чистење пори. Го отстрануваат "лепакот" што ги држи нечистотиите во порите, па послесно излегуваат. Тоникот за мене е поудобен зошто се нанесува на памукче и се минува по лицето, од лактик не видов некој ефект и пипетата не ми беше удобна за дозирање. @tigerlady Дефинитивно витамин ц за мајка ти, buffet или buffet +copper peptides и посериозен ексфолијант. Мајка ми е за неколку години помлада, користи marine hyaluronics, хемиски ексфолијант и витамин ц. Маслото од марула е исто прекрасно за зрела кожа. И добар крем за хидратација, мнооогу хидратација.
Јас веќе некое време користам ниацинамид и немам ама баш никакви резултати. Повеќе од пола шише ми е потрошено, ќе го дотрошам цело секако, ама се прашувам дали јас правам нешто погрешно бидејќи кога читам какви придобивки наводно имале луѓе низ интернетов... Имала ли некоја од вас баш конкретно подобрување од него, или да ми објасни на кој начин, како ја подобрил кожата? Јас имам останати црвенила од акни (имав бактериски акни што сега ми се речиси сите поминати) и го земав ниацинамидот со надеж дека ќе ми помогне во избледување, ама не гледам баш никакво подобрување
За избледување на флеки од акни би ти помогнало Alpha arbutin 2%+HA Niacinamid е повеќе за залечување на акни и регулирање себум
Niacinamid-от е точно намемет за избледување на црвенилата и поправање на текстурата на лицето. Искрено, јас го користам секој ден веќе месец ипол и гледам огромна разлика. Дај му повеќе време и сѐ ќе се среди.
Дали е можно од ниацинаминдот да имам purging? Недела дена одприлика го користам и се исфлрив така на одредени делови од лицето. Прво користам тонер, па на мокра кожа ставам од ниацинамидот.
Кај некои луѓе се појавуваат белки при користење на ниацинамидот...јас би ти рекла да продолжиш уште некој период да го користиш и да ѝ дадеш шанса на кожата да се навикне на продуктот. Пробај без тоникот, т.е. откако ќе го измиеш лицето, остај го да се засуши малку и нанеси 1-2 капки само, ништо повеќе.
Дали некој има користено ретинол? Како што разбрав,треба само навечер и многу малку.Да нанесувам на цело лице или на некои попроблематични делови?
Јас прееска нарачав пак, фри е. Иначе имате попуст на производиве од темата само одете во категорија Spring.
За почеток стави на челото и гледај како ке ти реагира кожата. Може да биде јак ако ставиш во голема количина.