Ти тие места што ги наброја, се официјалните брендирани продавници од Deciem. Инаку грешка си, има физички продажни локации и во Грција и во Србија. Во Грција ги има во аптека во Кавала, а во Србија ги има во Белград во Метрополитен парфимериите. https://www.metropoliten.rs/proizvodi/brand/ekskluzivna-kozmetika/the-ordinary/ Инаку продавници на Балканот има и во Романија и Хрватска.
Супер. Натценката во српскиве парфимерии е мала дури неочекувано. Не зборував само за нивни брендирани продавници, ги има и во Даглас дрогериите- на тој начин ги има во Хрватска, Романија и Бугарија-немаат официјални Децием продавници. Само Даглас во Бугарија посебно имаше многу мал избор од вкупно четири продукти на Ординери - на неатрактивни цени. Сефора ги имаше ама не ги продаваат веќе. Како и да е шипингот од Децием е брз за 10дена до врата, па не е некој проблем.
Уште чекам да ми ја пратат,не платив ни цент за поштарина. А за Македонија стои Експрес Деливери веројатно ради ситуацијава, сега видов. Некогаш заборавам дека сум во странство.
За Македонија зборуваш? Не верувам. Затоа наведи дека е за друга држава. И самата знаеш дека поголем дел живееме мкд. Кога проверив последно шипингот за мкд беше $15.
има некој од децием нарачано периодов? сум имала проблеми со поштава наша во карпош, па искрено малку ми е ризик. има некој некакво искуство изминатиов месец? а си имам направено списоче што да нарачам.
Од Децием стигаат со ЕМС пошта до врата и се потпишуваш дека си ги примила, не како Алиекспрес или Бјутибеј пакети со обична пошта и со картонче.
Јас имам една порачка од 15 март уште е во Белгија и друга од 21 март таа не е ни стигната во Белгија, кога ќе стигнат и дали не се знае
Нарачав на 8ми март од Deciem страната и на 12ти пишува дека е во Белгија. Од тогаш ништо. А толку им се радував
Ќе ти стигнат. Јас нарачав на 28ми февруари и ми стигнаа на 18ти март. Следната недела негде очекувај
веројатно чекаат да се соберат повеќе порачки па да ги пратат....(се тешам дека ќе стигнат) https://posta.com.mk/известување-за-корисници-24-03-2020/ по се изгледа нема да стигнат
1. Cerave Cleanser 2. Glycolic acid 3. Hyaluronic acid 4. Niacinamide 5. TO Natural moisturizing factors 6. Spf 50 @Mishela помош, ок ли ми е рутината? И Aha+Bha користам еднаш неделно и тогаш не ставам хијалуронска и гликолна.
Со што да ги третирам овие на лицето (слика во спојлер) Спојлер: Лице Ги имам и по врат,ништо не користам од шминка.
Нема лек за овие. Ги имам истите и предосадни се. Дерматолог ми има кажано дека генетски се јавувале и нема некој особен продукт со кој може да исчезнат. Исто имам читано дека настануваат и при пречеста конзумација на млеко и млечни производи т.е. интолерантност на истите. Дерматологов ми ги третираше така што со стерилна игла ги вадеше и излегуваа како бели тврди топчиња. Имаш потоа на местото мала раничка меѓутоа не е ништо во споредба со тоа како рошаво изгледа лицето секогаш неколку дена после третман. Единствено превентивно мислам би помогнало хемиски пилинг. Од кога користам тоа не ми се појавило некое ново фала богу.
Не гледам обичен хидратантен тоник, тоа треба да оди одма после Cerave чистачот, за припрема и хидратација на кожата. Другото си е во ред.
Јас ги немав ми се појавија втор пат. Првиот пат летоска и се повлекоа сами, а вториот периодов. И не можев да сконтам од што. Меѓутоа изгледа открив дека е од мајонез бидејќи баш кога прашав ден претходно јадев мајонез. Но, исто заприметив дека ми е многу мрсно лицето.