Третата состојка е Aloe Barbadensis Leaf Water, може била друга порано, често ги апдејтираат формулите. Изгуглај за ретиноиди, има мнооогу информација, воглавмо две најбитни антиејџинг и антиакни ефекти имаат. @koritsaki Niacinamide е всушност витамин Б, ја потхранува кожата, а цинкот е против иритации и црвенила. Не е серум, прочитај за Buffet, Reservatol & Ferulic Acid или EUK 134 ако сеуште бараш серум. Регулира масност и го намалува изгледот на порите. Летово на 40степени нанесував после миење лице ниацинамид, па крема. Со или без шминка не светнував и по мнооогу време. Многу имаат purging период на почетокот на користењето кога се исфрлаат така да внимавај.
@Noemi благодарам на објаснувањето. Ништо , сега тоа го порачав , ама супер ми изледа вака како што го опиша производов. Сега мене не ми е нешто мрсна кожата , ама ипак ќе помогне против црвенилата што ги имам понекогаш. Ме заинтересира и ова Buffet
Ќе го тестирам го нарачав од промоцијата на црниот петок.Deciem имаат и други популарни линии, поскапи ама многу добри, Hylamide и NIOD.
@wannaBeMomma тука има детално објаснето кои состојки не смеат да се мешаат. Ќе ги напишам во постов за девојките да видат кога ќе ја составуваат својата рутина. НИКОГАШ не се мешаат: 1) Ретинол + AХА/БХА - можат да се користат во различни денови од неделата 2) Ретинол + Бензоил пероксид (хидроген 3%) - се избира еден бидејќи двата во комбинација ќе ја пресушат кожата 3) Ретинол + Витамин Ц - можат да се користат во различни денови од неделата 4) Ниацинамид + Витамин Ц/АХА/БХА - можат да се користат во различни денови од неделата - може да се почека 30 минути за да се аплицира следниот производ Исто така тука пишува како да ги склопиш ТО производите и детално е објаснето за нивната ph вредност, кои можат да се користат само навечер и кои само наутро, кои дејствуваат слично за да не се повторуваат во рутината....
Дали ретиноидите се препорачуваат за акни или да продолжам да си го користам Lactic acid-от, да не предизвикам спротивен ефект? Help! Имам масна кожа, склона кон акни. Нека напише некој повеќе за ретиноидот, гуглав, но не ми се веродостојни статиите на гугл.
Има за секаква, прочитај ги описите за секој производ. Овие што јас ги нарачав се воглавно за мрсна, комбинирана и проблематична.
Киселини и ретиноиди се различни работи. Едното по дифолт не го исклучува другото во рутината. Не знам како точно не ти се верни статиите на гугл, од каде мислиш дека другите се информираат? Ретиноидот е витамин А, го потпомага обратот на клетките, помага кај акни, псоријаза, рак на кожата, фото-стареењето -настанато од штетните сончеви зраци, брчки. Во принцип е терпија која се издава со рецепт кај дерматолог. Киселините прават ексфолијација на мртвите клетки на горниот слој на кожата, а ретиноидот е витамин кој навлегува и го потпомага производството на колаген, во борбата со горенаведените работи. Може да предизвика иритации, осетливост, лупење на кожата, исто како и киселините. Ако си задоволна од Lactic acid продолжи си, од колку проценти користиш и колку често? Ако е од 5%, ја користиш повеќе од 3/4месеци и мислиш дека веќе нема ефект зголеми на 10%. Евентуално пробај го пилингот со 30% еднаш неделно. Ако си под 25 и немаш сериозен проблем со акни, а обично незадоволство од текстурата на кожата, не екпериментирај со ретиноиди.
Читав читав, ама никако да одберам нешто за под очи, ако воопшто имаат нешто такво што би одговарало? Барам нешто за намалување на ситните линии, имате некој предлог девојки? Или да си барам друга фирма .
Ми стаса мене нарачката можеби пред недела дена и повеќе. Многу брзо овој пат, за околу две недели можеби. Во среда ќе го пробам хемискиот пилинг, па ќе видам како ќе се покаже кај мене. Ќе го шлакнев и денес, ама правев појак пилинг завчера, па да не ми дојде премногу. Со душа чекам да го пробам, иако малку ми е гадничок таков црвен.
Го пробав хемискиот пилинг, па да пишам импресии вака на прво користење... Имав очекувања дека ќе ми ја спржи кожата уште на првото нанесување, а уствари реално не го ни чувствував на лице. Како да немав нанесено ништо, некои маски за лице повеќе ме имаат затегано од ова. Да немав ставено тајмер на телефонот, ќе заборавев и дека го имам шлакнато на лице. Го оставив точно 10 минути и не чувствував буквално ништо, никаква реакција. Потоа напрскав ружина вода, ставив масло од роза околу очи и Алверде роза - ноќната. Нареден пат ќе ставам некоја sleeping маска. Кожата е свиленкаста и мазна, само за галкање. Па сега да видиме, очекувам деновиве да почне да се лупи носот зашто отприлика така реагирам на ваквите појаки пилинзи, ама не се знае. Читав многу искуства дека кај некои кожата воопшто не се лупела и немало такви реакции, туку останувало вака како што е сега кај мене. Очекувања во смисол на ефектот од пилингот, имам само околу регулирање на себумот и одржување на порите. Затоа и го купив до душа, па мислам не погрешив ама останува да видиме. Не ми се ризикува да го нанесувам два пати неделно, ќе си терам вака засега. Ако има некаква потреба, ќе сменам рутина.
@Mishela Кога ја имаше нарачано пратката? Мене на 18 ми пратија меил дека е испратена а уште абер нема да стигне..
Не можам да го најдам мејлот од мобилен, ама секако беше првата недела од ноември. Многу брзо ми стаса овој пат, за околу 2 недели. Претходната ја чекав +20 дена.
Јас ќе го нарачм тоа што го нарача @koritsaki Се пишманев ама лицево ми е партали, се исфрлам а не знам од што. Најтрагично е што не користам пудра на работа. Ваљда ќе ми помогне нешто ова.