1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Да, Биодерма себум контрол.
     
  2. Ivanaaa993

    Ivanaaa993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! Долго време читам за производите на The Ordinary и пак не можам да одлучам со што да почнам, па би сакала мала помош од вас :). Имам 26 години лицето ми е проблематично во пределот околу устата и вратот. Имам доста флеки кои со ништо не избледуваат:( Ваша препорака? Дали би можеле да ми кажете кои проиводи да ги нарачам и како истите да ги употребувам.

    Сакам да додадам дека сега користам витамин ц секое сабајле а после 20 минути хидратантна крема, навечер алое вера и производ за акни од yves rocher
     
    Последна измена од модератор: 20 април 2020
  3. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    The Ordinary препорачуваат Alpha Arbutin 2% + HA за хиперпигментација, комбинирано со Niacinamide 10% + Zinc 1%.
    Можеш да прочиташ на нивната страна како поточно се користат, а можеш и да додадеш некоја AHA киселина за ексфолирање (ако ти е почувствителна кожата почни со помал %, не се залетувај одма со AHA 30% + BHA 2%).
    Од искуство, за почеток почни со воведување 1-2 нови продукти, за да не ти се појават несакани последици како исфрлање и слично.
    Исто така, ако веќе користиш витамин C наутро, ОБАВЕЗНО мораш да ставаш заштитен фактор зошто ја зголемува УВ чувствителноста и може флеките да ти ги влоши значително.
     
    На sorbet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Јас користам Ретинол, задоволна сум ептен ми ја освежува кожата.
    Сакам да си нарачам Витамон Ц и Кофеин раствор (мислам така беше) за темни кругови околу очи, па ако има некој искуство нека сподели
     
  5. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Здраво, дали некој искусил негативни ефекти од AHA+BHA пилингот?
    Го земав пред месец и пол и досега три пати го имам искористено, и сеуште не сум сигурна дали тој ми ги предизвикува акните или е хормонално. Обично ми се појавуваат на вилицата, околу устата, и меѓу веѓите.

    Исто така започнав да го користам и ниацинамидот, ама имам приметено дека доколку нанесам крема после него, ми перути кожата, како да не се впива кремата. Бидејќи моментално работам од дома можам да си дозволам на сабајле да го ставам и да почекам саат, два, па да нанесам крема, но кога ќе почнам на работа нема да го имам овој луксуз. Дали некој има слично искуство?

    Исто така уште една работа, бев на дерматолог ( не живеам во МК ) и искрено се разочарав тотално пошо докторката не ги знаеше производите кои ги употребувам. Ми препиша epiduo (ападален и бензол пероксид ) како гел да го користам навечер. Е сега пошто го користам ниацинамидот, ме интересира како да ги вклопам заедно со epiduo-то ?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.268
    Чим гледаш дека немаш ефекти (или во твојов случај негативни ефекти) батали ги производите. АНА-ВНА мене ми е свето нешто, ама кај тебе предизвикува влошување на кожата. Од ниацинамидот не бев ни јас задоволна, така да потроши го и не го купувај повеќе.

    Изгледа имаш масна кожа со акни чим дерматологот ти дел епидуо. И јас едно време користев Сона (адапален) и Акнефуг (бензоил пероксид) и бев задоволна од ефектот. Види, дај му уште една или две шанси на АНА-ВНА, најверојатно тој ти вади се што имаш од под кожа.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    6.040
    Пол:
    Женски
    Девојки како да ги комбинирам ниацинамидот , салицилната киселина , гликолната и ретинол 0,5% ?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Плис пишете каде да го најдам хемискоиот пилинг сега врши ли достава некоја страна од тие што порачувате хелп

    може да. и одговориш ако знаеш
     
    Последна измена од модератор: 25 април 2020
  9. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    892
    Најпрвин немој толку да ги мешаш. Салицилна навечер, ниацинамид преку ден. За другите нека ти кажаѕт другите :)
     
    На beautys20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. milaa-sk

    milaa-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    23
    Јас би ти советувала исто да не ги мешаш сите во иста рутина.
    Вака би одела навечер:
    Ден 1: Niacinamide + Retinol 0.5 + крем
    Ден 2: Гликолна + салицилна + крем и/или масло
    Наутро од тие што ги имаш niacinamide + крем со заштитен фактор или уште подобро, остави го niacinamide само за навечер и набави си витамин ц серум (во моментот од ревуеле има во дм едни нови од JUST колекцијата, многу слични на тие од the ordinary) кој ќе го користиш наутро во комбинација со SPF

    Во моментов има проблеми со нарачките. Мене од beautybay ништо не ми стигнало откако го затворија аеродромот. Пробај го АХА 30% од ревуеле (нови се, слична политика како the ordinary ама ги има во дм или онлајн од http://www.torba.mk/just-revox-aha-acids-30)
    Не сум го пробала ама ефтин е (320тина ден) и гледав ревјуа што велат дека е речиси ист како на the ordinary тој црвениот.
     
    Последна измена од модератор: 26 април 2020
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    Сакам да го купам АХА серумот од Ревокс од ДМ. Користам сона крем навечер а читав АХА и ретиноиди дека не треба да се мешаат. Дали ќе е ок една вечер да ставам сона а наредната од АХА серумот?
     
  12. milaa-sk

    milaa-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    23
    Толку силна АХА (30%) само еднаш неделно е и повеќе од доволно. Не ставај заедно со Сона, тоа е силна формула исто и заедно ако ги измешаш можеш да го иритираш лицето.
     
    На sofija014 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    А доколку го ставам серумот еднаш во неделата (без тој ден да ставам Сона) а другите денови ставам Сона пак ли ќе делува ирирачки? Многу ми е нерамно лицето..
     
  14. milaa-sk

    milaa-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    23
    Ако Сона ја користиш подолго време и лицето ти е веќе „навикнато“, не би требало да има проблем да ставаш една вечер неделно АХА и веднаш другата вечер Сона.
    Ако сепак си исплашена, за почеток, во денот после АХА, ставај прво крем обичен хидратантен, каков и да користиш, и врз него Сона (ова е т.н. сендвич техника за layering на силни ретиноли и ќе ја намали потенцијалната иритација) и не би требало да има проблеми.
    Можеш и тест на мал дел од лицето да направиш и ќе видиш, ако има иритација, следниот пат ќе правиш промени.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    Ти благодарам многу. :hug: сепак мислам тој ден кога ќе ставам од АХА само да хидрирам отпосле без соната, бар сега на почеток.
     
    На milaa-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Знае некој по која пошта ги праќаат нарачките од Beauty Bay?
    Прашувам бидејќи минатата недела ми стигнаа книги од UK во Скопје, па значи сепак има начин за достава и во време на вонреднава ситуација.
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Има достава постојано, карго авионите немаат ограничено движење, ама зошто така селективно стигаат не знам. Ми стигнаа од алиекспрес пратки од Кина а од yesstyle не. Од децием немаат достава, а од beautybay примаат нарачки, сега чекам достава.
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    Откако ќе се нанесе ниацинамидот колку време треба да се почека па да се нанесе хидратантен крем?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    892
    Веднаш штом упие
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Зошто да ставите хидратантна крема после нијацинамид кога тоа делува на еден начин и како хидратација?