1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Bebushka135

    Bebushka135 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    95
    Не хидрира ниацинамид воопшто, напротив контролира лачење на себум. Врз тоа, други брендови како inkey list содржат хијалуронска киселина што ако не ја затвориш со крема уште повеќе ќе ти го исуши лицето. :)
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Screen Shot 2020-05-03 at 11.39.21 PM.png

    еве конкретно за овој од ординери, содржи вода што значи дека и дејствува врз хидратацијата на лицето :D
    За други не знам, но мене прилично не ми е потребен дополнителен хидрантантен крем по серумов.
     
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Девојче, во секој производ има Aqua во составот на прво место.
    Ниацинамидот не е хидратантен, ниту водата е хидратантна, ако беше така само ќе се миевме со вода и ќе имавме супер хидрирана кожа.
    После секој серум треба крема - серумот е активната состојка не замената за крема. И после хијалуронска киселина се става крема.
    Едното не го исклучува другото туку се наслојуваат за посилна нега.
     
    На Slatkish255, sagittarius57, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  4. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Јој полека ДЕВОЈЧЕ, не ме тепај, ако сакаш и киселина стави после хијалуронската, ич не ме интересира. Си кажав дека МЕНЕ не ми е потребно да ставам крема, олабави.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Едно е што не разбираш друго е што не сакаш да научиш и своето не знаење го пренесуваш како валиден совет на некој што побарал помош.
    Ако веќе користиш нешто користи го правилно за да имаш ефект, а не да си отвориш друг проблем. Дехидрирањето на кожата е проблем што покасно се приметува. Лицето лачи повеќе себум, а истовремено е грубо и суво кога не е нахрането длабински.
    Многумина во темава ја нормализиравме кожата од комбинирана со добра хидратација.
     
    На martiiinna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Не се сомневам дека си поинформирана од мене, но начинот на којшто го изрази претходноти мислење не е океј.
    Ти благодарам на информациите, еве научив нешто од тебе :)
     
  7. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам, киселините ги користите во лето?
     
  8. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Женски сигурно е дискутирано, ама свртев неколку страни и не можам да ги читам сите а не го најдов тоа што ми требаше, па некој ако има трпение да ми објасни. Ако правам прачка од околу 27-28евра од deciem, не плаќам деливери така? А царина, ДДВ и такви работи се плаќаат ли и ако да колку, и дали моментално се врши достава заради коронава...
     
  9. pipi24

    pipi24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки сакам да прашам бидејќи сонцето станува се по јако и повеќе време поминувам надвор дали е препорачливо да прекинам со користење на гликолниот тоник? Инаку го користам еднаш неделно и користам крема со заштитен фактор. Дали вие практикувате хемиски пилинг во овој период?
     
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    @Sunday-Rose царина од 01.01.2020 не се плаќа до 90евра. Deciem не доставуваат до мк уште, нарачај си од beautybay- над 25£ бесплатна достава.
    @pipi24 ако користиш спф 50 како што треба и секојдневно нема од што да се плашиш од ексфолијација еднаш неделно. Само не користи ретиноидите од пролет до рана есен.
     
    На Sunday-Rose и pipi24 им се допаѓа ова.
  11. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Ми стигна mail дека ќе ми ги вратат парите поради неможност за достава, меѓутоа сеуште ми немаат стигнато.
    Некој да има искуство со процесот?
     
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Пред колку време ти пратија мејл? На мене со beautybay им требаше 3 дена. И имаат назначено, дека вообичаено им треба 3-5 работни денови.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Еве, на 15ти Април.
    Се јавив и во банка, немам прилив од нивна страна. Пишува 10 плус денови, ама ако се чека и до месец дена барем да знам.
     

    Прикачени фајлови:

  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Пиши им мејл на customer services. Не знам каква сметка имаш и како оди со македонски денарски сметки зашто бидејќи ти ги враќаат во евра можно е да ти се префрлени на девизната сметка па ти да треба да одобриш банката да ти ги стави на денарската за да ги користиш.
     
    На ludamaja10 и Izaabella им се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Фала многу, претпоставував дека ќе има некоја заебанција али ни на крај памет вакво нешто.
    :*
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам тие што повеќе се разбираат :) - дали е океј после ниацинамидот да го користам од revuele - хидратантниот серум па потоа крема? и уште едно прашање, бидејќи имам чувствителна кожа а првпат го користам ниацинамидот ( главна причина зошто ќе го користам се флеки од акнички ) дали ќе имам период на purging или немора да значи?
     
  17. Tam260213

    Tam260213 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки!

    Пред неколку дена започнав да користам ниацинамид (секој ден навечер), салицилна киселина(два пати неделно) и витамин Ц (секое утро) исто така правам double cleaning секоја вечер, го тонирам лицето, користам спф 50, и користам хидратантен серум. Имам 24 години, имам хормонален дисбаланс, имам комбинирана кожа склона кон акни, имам флеки и проширени пори.
    Сакам постепено во рутината да внесам нешто од следново Alpha Arbutin 2% + HA, AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution ,Amino Acids + B5, Ascorbic Acid 8% + Alpha Arbutin 2% или Retinol 0.5%in squalane.

    Моите прашања се:

    Дали треба салицилната киселина да ја ставам повеќе денови во неделата?

    После колку време би било најдобро да вметнам во рутината друг производ и кој би ми го препорачале?
     
  18. Unicornus

    Unicornus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Имам 20 години, комбинирана кожа со малку флеки од акни на образите и црнки во пределот на носот.
    Земав Niacinamide 10%, Salycilyc acid 2% и AHA ACIDS 30%. Знам дека АHA пилингот се прави еднаш неделно, но не знам како да го вклопам со другиве и дали можат Niacinamide и салицилната да се употребуваат една по друга? Исто така сакам да вметнам СПФ во утринската рутина.
    По кој редослед би ми предложиле да ги користам производиве?
     
  19. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Јас AHA+BHA пилингот го правам на секој 10 дена, обично навечер, и таа вечер не ставам од ниацинамидот.
    Иначе го ставам ниацинамидот и сабајле и навечер, ама сега ќе почнам и со вит.ц па најверојатно него ќе го користам сабајле, а ниацинамидот навечер. За салицилната не сум сигурна искрено.
    СПФ обавезно да си почнеш ако го користиш aha пилингот.
     
    На Unicornus му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unicornus

    Unicornus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    А каква ти е рутината?
    Јас планирам да измијам лице и на влажна кожа да нанесам од ниацинамидот а потоа СПФ (наутро), а навечер хидратантна крема. И за AHA после миење, после пилингот исто крема?