А зошто на пример не се става ниацинамид после пилингот? Јас колку што знам може, дури и препорачливо е бидејќи ниацинамидот ја хидрира кожата и како и АХА- БХА дејствува на стеснување на порите.
Не знам, читав дека не е добро премногу активни состојки да се нанесуваат во исто време. Не го гледам како некоја трагедија тоа што еднаш на 10 дена ќе го прескокнам ниацинамидот. Сабајле мијам лице со кленсер на база на вода, па тонирам, ставам ниацинамид, и после 10 15 минути СПФ. Навечер чистам прво со кленсер со база на масло, па поминувам со кленсер со база на вода, тонирам, ставам ниацинамид, па завршувам со хидратантна крема. За AHA обавезно ќе ти треба крема за после него, ќе осетиш дека кожата е затегната и си бара хидратација.
Здраво. Може ли некоја од членките да ми каже од која страна е најдобро да се порачуваат производите од The Ordinary и од која е бесплатна доставата ?
Не е дека не е препорачливо, меѓутоа имаат значително различна pH, така што ниацинамидот технички би ја направил киселината помалце ефикасна. Така што ако секако секој ден нанесуваш ниацинамид и скокнеш баш тој ден кога нанесуваш киселина, нема да ти смени во поглед на ефектите на ниацинамидот. Исто така знае да направи иритација во комбинација, мене лично ми се појави црвенило, а откако сменив да не го користам заедно со киселината се нема повторено. Секако секој си има комбинација што му одговара, не значи дека е неправилно да се користат заедно
Веќе 2 месеци користам продукти на the ordinary па да кажам збор два. Серумот за коса дефинитивно има ефекти. Прво го ставав редовно секоја вечер, а сега веќе 2 пати неделно, најчесто вечерта пред миење на косата. Косата ми е многу згусната и порасната, ми паѓа сеуште, меѓутоа не толку многу. Е единствениот минус на серумов е што доста ја мрси косата. Дур бевме во карантин супер беше, ама за нормален живот и редовно да се користи би било малку проблем. Ама ефектот е worth it. Caffeine solution-от за под очи го користам наутро и навечер, и искрено малку сум разочарана. Нема некои wow ефекти. Ладно, пријатно чувство дава кога ќе го ставам, ми намалува отеченост на очите од сабајле, ама во однос на намалување на подочњаците, споредував сега слики, минимален ефект има. 100% plant-derived hemi-squalene го користам повеќе на косата, најчесто после бањање по некоја капка на врвовите. Пробав да го ставам на кожата ама ми беше премногу мрсно. Мислам дека е идеално за луѓе со сува кожа, и би било покорисно за мене лично во зимските месеци кога ми се суши кожата повеќе. Ама за косата е одлично, не ја мрси, и дава убаво сјајче. И на крај ниацинамидот. Го користам наутро, на мокра кожа. Првите 2 до три недели имав страшен purging. Лом бев во лицето. Ама решена бев да дадам шанса бидејќи читав дека треба подолг период на користење за да има ефект. Сега го користам во комбинација со салицилна киселина, која ја користам навечер, и конечно можам да кажам дека ми живна лицето. Црвенилото ми е повлечено, баш приметив со претходниов циклус имав минимално исфрлање. При крај сум веќе со ниацинамидов и немам нарачано, па земав на revox да пробам, и баш ќе споредам ефектите. Инаку минус е што приметив дека многу повеќе whiteheads ми искачаат од ниацинамидов и не знам зошто.
Исто и на revox ниацинамидот мене ме исфрла со whiteheads, му давам шанса скоро 5-6 недели еве но немам никаков резултат.
Здраво. До сега немам користено The Ordinary,имам комбинирана кожа и во последно време почна да ми излегуваат бубулици и да ми се прават дупчиња на образите. Па би сакала да прашам што би ми препорачале, со кои производи да почнам? Да напоменам не се разбирам многу, многу и не знам како се користат. Убав ден.
Сте нарачувале периодов и од каде? Ми фалат некои работи ама доставата уште не е пуштена од официјална страна
Производите на ТО ги користам од минатиот март отприлика, ќе пишам кратко ривју за тоа што сум пробала. Прво да кажам дека сум 30 год, комбинирана кожа со склоност кон акни. Тоа значи ако не внимавам на хигиена, производи и редовна нега многу лесно се нафрлам на лицето. Инаку имам еднаков тен, немам некои посебно видливи брчки, подочници, или лузни од акни. Niacinamid после 2 пакувања сватив дека нема некој посебен ефект кај мене и не го порачувам повеќе. Salycilic acid е за мене незаменлива, драстично ја редуцира појавата на акните кај мене.Но за жал се уште ја немаат вратено во продажба ја имам пробано на Revolution и не ја бива следно е да ја пробам на revox. Glycolic acid е исто така еден од производите кои најмногу ми дадоа резултат во подобрување на лицето. Витамин Ц 30% мислам дека има ефект на освежување на лицето и пак би го порачала. Marine Hyaluronics после цело шишенце потрошено заклучив дека не направи никаква разлика на моето лице. Natural Moisturizing Factors + HA е Ок крема, со малку погуста текстура за мој вкус, ама засоволителна посебно за зима, за лето ми прави склет. AHA+BHA киселините мислам дека прават многу добар пилинг, искрено не ги користам доволно често. Отприлика еднаш месечно, а може мах два пати неделно. Интересно е што ги искористив за пилинг на суви пети и мислам дека има добар ефект после само две употреби.
Оф јас вчера нарачав од beautybay и се надевав за недела-две да ги имам. Претходно нарачував од официјалната и ги добивав за 2 недели. Ама сега на самиот checkuot пишува дека поради ситуацијата моментално не доставуваат. Што е сосема фер, одколку да нарачаш па да чекаш цел месец и повеќе. Некој да не има инфо за од lookfantastic? Ако не од таму да нарачам...
Ситуацијава не зафркна сите што нарачуваме козметика од странство, ништо неможам да нарачам од yesstyle
Е да. Се чудам сама на себе како на ми текна порано да си нарачам. Чекам до последен момент, а ситуацијата ми е позната вече 2 месеци Ама ете, си знаеме како си функционираме и сега не ми текнува на се однапред. Ајде извести ме коа ќе ја добиеш нарачката. Ќе си чекаме
Јас сум во странство, и нарачав од yesstyle пред еден месец и уште чекам. Никогаш не сум чекала толку долго.
Не сум слушнала до сега за yesstyle. Доставуваат до мк? Или вие што нарачувате сте во странство? Отворив да видам ама мк не ја најдов на листа. А знам дека има многу во моментов што ради ситауцијава се блокирани па затоа прашувам од искуство како е
Од beautybay нарачка- баш The Ordinary производи за 12работни дена ми стигна пишав пред некој ден. Yesstyle нема за МК пуштено шипинг го укинаа во Мај, порачките од претходно на некој стасаа мене не. Чекам refund.
За yesstyle јас ги контактирав за тоа кога ќе пуштат шипинг до мк пак, ми рекоа веројатно после јуни, ама сеуште не било сигурно.