Здраво друштво Да се пофалам дека нарачката ми стигна, па сега прерадосно тргнувам во поход за средување на неколкуте недостатоци на кожава. Читав од постарите мислења периодов како и некои статии, па малку ми се разјасни кое по кое редоследно се ставаат. Но имам прашање за скваланот за кој ако добро сфатив се нанесува после хидратантната крема (поправете ме ако грешам). Е сега ме интересира дали го нанесувате на цело лице или само на одредени делови и дали треба и наутро и навечер или тоа си оди по наша желба? Ви благодарам однапред.
Јас го ставам најмногу кај образите оти тука ми е кожата најсува. Во режимот ми пишуваше и наутро и навечер, но ставам еднаш, обично навечер откако чистам лице. Следам каде најмногу ми треба хидратација и таму обично ставам почесто. Многу поделени мислења гледам околу ниацинамидот. Најчесто како мали испакнатини ми излегуваат на челото, колку-толку ми се среди тоа пробувајќи разни начини да го решам проблемот, но не е резултатот што го посакувам. Искрено, колку што сум прочитала позитивни работи за ниацинамидот, толку сум прочитала и негативни коментари. Буквално како на лотарија е. Читав исто така и за салицилна киселина, така што мозокот ми е каша попара и не знам кој крај да го фатам и што да порачам. Дали да инвестирам во ниацинамид и дали може да се употребува само на критични области, лично мене како што ми е проблематичен средишниот дел од челото? Друго, дали некој има искуство со Hylamide Pore Flush Booster? Се мислам помеѓу овие две.
Скваленот јас го мешам со хидратантната крема, ставам крема на дланката и околу 2-3 капки сквален, ги мешам и потоа ги нанесувам. Вообичаено навечер го ставам скваленот како и нијацинамидот, ама доколку имаш сува кожа можиш и навечер и насабајле. Најдобро, ти да си прилагодиш како ти одговара во зависност како ќе ти реагира кожата.
Ти благодарам Ан. Инаку околу ниацинамидот и јас се размислував да го земам, но навистина има доста поделени мислења. Некако по мене претежнуваа овие негативните, па се одлучив да не го земам. Најверојатно ќе се обидам со друг препарат. Да, баш поради тоа што имам сува кожа го земав па се прашував дали ќе е претерано ако го нанесувам два пати во денот. Ми се допаѓа и идејава за мешање со хидратантната крема, па ќе се обидам така наутро и навечер. Ако евентуално кожата е презаситена, ќе намалам. Ти благодарам премногу.
Пребарував многу на интернет но Ако може некој од искуство да ми каже што би било подобро да користам салицилна или ниацинамид за нормална кожа со проблематична кожа само на челото(имам многу bumps, како ситни акни) Би била многу благодарна, веќе пробав се но челото никако да ми се исчисти.
Не знам зошто толку долго не се достапни... и јас се изначекав! Бидејќи имав направено да ми стигне известување, кога повторно ќе бидат достапни некои од продуктите, завчера во 1ч по полноќ добив известување за еден од продуктите, ама изгледа беше лажна тревога ради тоа шо кога отидов на страната продуктов сеуште не беше достапен. Им пишав мејл конкретно за работиве од The Ordinary, зошто толку долго не се достапни и ми одговорија дека прават се во нивна моќ да бидат достапни во најскоро време... кога ќе биде тоа не знам но, претераа.
Сигурно има застој и во производство ради пандемијата и се што е хаос низ светов. Јас коа правев нарачка на 15ти мај ги немаше сите производи. Пд тогаш ги чекам. Сега на 12ти јуни начекав да ги пушташ AHA и niacinamid и ги нарачав нив. Ги имаше буквално само неколку часа. Додека известив другаркав, таа додека да нарача ги немаше веќе. Тоникот и кремата со заштитен фактор два месеци ги чекам и ги нема. Ова зборувам за Beauty bay. На официјалната страна ги има на залиха али нема достава.
Има за Малта достава,не знам дали да нарачам се мислам па после Сацилната да ја земам. Има се друго што наброја на deciem.
Да знам дека таму ги има. Едвај чекам да пуштат пак достава кај нас во мк. Нарачај си. Не се скапи воопшто. За таа цена вреди да се проба
Јас овие исите ги користам плус салацилната. Сега во недостиг на ординари ја земав на ревокс од дм кога ќр ја начекам пак ординари ќе ја нарачам. Јас сум презадоволна од оваа комбинација
Мило ми е. Околу сацилната сакав на револушн да земам ама читав негативни критики и не земав. Велат подобро е од ординери отколку револушн.
Моја грешка. Така и ја изговарам. Грешка сум ја напишала. Всушнот англиските термини ги користам во говор. Не сум ни сигурна како се кај нас
Здраво девојки! Веќе година дена користам ТО производи и можам со сигурност да кажам дека лицето никогаш до сега не ми било толку чисто,измазнето и сјајно, презадоволна сум. На beautybay наидов на The ordinary multi peptide серум за густина на коса па се заинтересирав, косата ми е навистина ретка и многу масна па доколку некоја од вас го има користено овој серум би можело ли да споделете искуства, видовте ли резултати и дали вреди да се порача? Ви благодарам❤️