Девојки, искрено по незнам кој пат ги читам мислењата од почеток. Сепак сакам да побарам мислење од некоја поискусна за проблемот проширени пори и bumpy skin за комбинирана кон масна кожа. Сакам да почнам со користење на ТО прдуктите со цел да си ги решам горенаведените проблеми, но не сум 100% сигурна кои производи да ги купам. Читам веќе долго време овде и на сајтови, нема нешто што не прочитав. Но сепак би ми било полесно од нечие искуство да добијам сигурна препорака. Кога пишав проширени пори, мислам на такви страшни, длабоки и многубројни што се полни со нечистотија и не се чистат со ништо! Ги имам на челото, носот, образите, надусниците и под усните на "брадичката". Од стискање се уништува лицето. А, Т-зоната ми е толку мрсна што дури се познава како од проширени пори излегува мрсната материја. Ве молам за искрено мислење и помош.
Салицилна,хулајуронска и ниацинамид за почеток. Плус крема и спф бидејќи е топло. Клинсер на Биодерма био себиум и хидра био кремата.
Тоа што го опишуваш звучи како дехидрирана кожа, а не мрсна. Правиш ли double cleansing? Земи си маслен отсранувач и користи го секоја вечер не само кога имаш шминка зошто го вади (раствора) насобраното во порите. Потоа со друг клензер, пена, гел, се измиваш. Не користи агресивни измивачи за мрсна кожа зашто ја потикнуваат кожата да лачи повеќе мрснотија-магнет за собирање ѓубре во порите. Користи клензери за нормална кожа. Користи хидратантна крема секое утро и вечер. Така ќе ја нормализираш маснотијата. Помири се дека големината на порите за жал е непроменлива, НО чистите пори изгледаат помали. После double cleansing, ексфолијант ќе ти помогне за bumpy skin. Тоникот со гликолна киселина е добар почеток, се користи само навечер и за почеток два до трипати неделно, потоа секоја ноќ. Го раствора "лепакот" во порите кој ја собира нечистотијата и помага за оние мали поткожни топченца. Витамин Ц помага за текстура, свивање на пори и bumps. Започни со мал процент, 10/12%. Ниацинамидот е меч со две острици, може и да не ти одговара, ама многу помага за црвенило од бубулички и за свивање на порите. Салицилната се преформулира и не е достапна сеуште. И најважно трпение! Каква рутина и да пробуваш дај и 6/8 недели за резултат.
Ти благодарам, баш ми помогна за тоа што и самата се мислев да го купам, тоа и ќе остане. Инаку правам нонстоп double cleansing и користам строго нежни производи за миење што не се за мрсна кожа и не ја дехидрираат, како и хидратантна крема обавезно. Без спф и moisturiser не одам никаде. Користам и нежни кремасти пилинзи. Пијам многу вода. Ама залудно. Затоа одлучив да почнам со ТО. Ќе видиме дали и мене ќе ми овозможат успешна мисија во борбата за чиста кожа.
Јас го користам неколку месеци, на почетокот секоја ноќ пред спиење, после тоа поретко бидејќи ми ја мрсеше косата, ама вреди бидејќи видов дека почнаа да ми растат нови влакна.
Ако ти се брза еве друга опција. https://www.beautybay.com/p/revolution-skincare/targeted-blemish-serum-2-salicylic-acid/
Девојки ве замолувам, некоја што мака мачи со сува кожа, да ми даде препорака кои производи од овој бренд по кој редослед да ги користам? Немам искуство со овие продукти, па секоја ваша препорака и совет е добредојден. Ви благодарам многу однапред.
Да ве прашам дали некој порачувал од оваа страна? Видов на инста дека си купуваат девојки и дали некоја знае што ми треба плус со ова имам масна кожа со црвенило и флеки од акни и плус некои ситни акнички и нерамнини..
Сакам да нарачам од beauty bay, со оглед на ситуацијава ќе стигне ли или тешко? И од прилика за колку време стигале до сега?
Мене 2 пратки по ред ми стигаат за 10тина дена. Во последниве 2 месеци. Еве пред 2 дена пак направив нарачка. Ако сакаш почекај ќе ти пишам кога ќе стаса.
Сега ми текна и ова да ти кажам. Претходните нарачки ми беа со фри шипинг. Сега нема фри, само оној што се плаќа 10 евра. И затоа мислам дека ќе стаса. Изгледа периодов нема да испраќаат по обична пошта. Истово се случува со повеќе сајтови каде нарачувам. Секаде каде што имаше фри шипинг сега нема, нудат само експрес деливери. Баш ќе видеме оваа со платена достава дали ќе стаса побрзо. Бесплатната ги добивав за 10 дена едит: сега видов по дхл го испратиле ох не, ќе стаса сигурно, и тоа многу брзо. Ама будалите од дхл ќе бараат лежарина, и незнам какви глупости. Аман од нив наплаќаат и услуга за царина иако пратките не подлежат на царинска постапка. Лопови се. Ги зборевме во темата за Асос. Баш ќе ве известам што ќе се дешава