Наздравје поклонче пред НГ, па да се фалиш. Мене утре ми е ден за хемиски пилинг (среќна среда ), со душа го чекам денот. Пробав да ставам од него два пати неделно, ама како што и претпоставив - почна да ми се лупи носот. Еднаш неделно мене (веројатно) ми е сосема доволно.
Фала, фала, се надевам ќе се фалам затоа што лицето моментално ми е во ужасна состојба И јас планирам прво да го пробам пилингот, а и прејако ми изгледа Инаку си ја симнав апликацијата Skincare Regimen Organiser од Deciem, каде што ги пишуваш сите производи од Deciem што ги имаш и ти дава по кој распоред да ги нанесуваш наутро и навечер. Можеш да додадеш и други производи што ги користиш, и тие ќе ти ги вметне во режимот. Мислам дека ја платив еден долар, а сега ја пребарав и гледам два долари, поскапила во меѓувреме?
Пред неколку месеци јас ја платив исто 1 долар, не сум во тек ама ништо чудно да ја покачиле цената. Фина е апликацијата, мене многу ми помогна околу комбинирањето на продуктите. Има добри типс&трикс, не очекував дека воопшто ќе ми се најде.
Гледам дека доста имате порачувано па прашањето ми е дали имаат ефект? Конкретно за дамки ( темни) на лицето, црвенило и кај проширени пори ... Доколку некоја ги користела производите наменети за овие "проблеми" нека пише .
Да се приклучам и јас на групава, да споделам мое искуство и пофалби за некои од производите кои што ги имам до сега пробано и редовно ги користам Niacinamide 10% plus Zinc 1%, неколку капки нанесувам на цело лице пред спиење и кожата ја чувствувам мека, мазна и затегната. Поминати се неколку месеци откако редовно ја следам рутинава и можам да кажам дека интензитетот на црвенилото кое што го имав на образите е намален. Следен е прајмерот во туба, High adherence silicone primer кој го употребувам во комбинација со пудрата Coverage Foundation, како и со други пудри. Доволна е многу мала количина да покрие поголема површина и умешно ги покрива порите и ја измазнува кожата пред да се нанесе пудрата. И најдоброто за крај.. Прв пат да ја погодам нијансата на пудрата скроз и тоа онлајн.. Пудрата Coverage Foundation е доста покривна, со средна до висока покривност , со кремаста и свиленкаста структура. Имам комбинирана кожа, па пред да ја нанесам пудрата, нанесувам мала количина од прајмерот и ја сетувам пудрата со камена пудра од Голден Роуз. Вака лицето ми издржува 7-8 часа, со тоа што најголема промена имам на Т зоната каде што ми се поместува пудрата. Од линијава сум презадоволна, квалитетот и цените се одлични. Во иднина секако планирам да си ја проширам колекцијата, до тогаш ќе ја следам групава и ќе читам ваши препораки.
Како да знам што ми треба од ова? Напунив цела корпа. Ама не оди така. Како да почнам? Побогу мозоков ми зовре. Ова не е за секој ден? Стара сум. Више ме мрзи да гуглам ко некогаш несташно и полно со ентузијазам. Ех кога ќе се сетам... Сериозно хееелп!
Имам The Ordinary продавница у близина, не сум пробала многу ствари, а тие кои сум ги пробала, немаа некој wow ефект кај мене... или бирам погрешно (што не ми е многу вероватно, зашто сум skincare maniac), или треба да изнакупам милион шишенца и секоја вечер да правам исцрпувачки и долг layering за да видам некоја промена. А за тоа немам време имам тодлер дома побогу, I don't have time for this shit (Под shit не мислам на козметикава конкретно, туку на шлапачки процедури подолги од 10 мин )
Јас 4 работи нарачав. Среќа немав поише кеш на картица. Све што читав све беше како за мене. Оди па одбери. И уште не ми се стасани
Исто!!! Не сум сигурна што се сакам и што се ми треба. Совет од женскиве..ПЛС Нешто за сува кожа на лице до комбинирана на Т зона,нешто за над 30 и кусур годинки, нешто црнкии митисери на брада, и за пори на образи....нешто за брчки на лице... Јао... Нешто за све И ја напунив корпа и исклучив Типс немам да дадам, нити типс ниту трикс П.С: Не сум до толку загрозена ко шо изгледа, откако го прочитав постот, али ми треба нешто...
Кофеин солушн за освежување на делот околу очи, а Ниацинамид онаквото за средување на порите. Кај мене и двете се покажаа супер. Не ми треба циклус за да ми сјае лицето. Океј, ми треба општо во животот да имам циклус, ама сакам да кажам, кожата имаше здрав сјај и беше чиста само во тој период кога ќе добиев. Првите два-три дена, потоа иста песна - тажно, мрсно и дехидрирано. Ни сега не е идеално, ама е далеку подобро, има напредок по речиси два месеци. Си треба и по некоја киселина за да се прави пилинг на мртвиот слој, ама пак, не би знаела што да предложам зашто малце се чудни и кожата различно реагира па не би ризикувала да солам памет. На првата страна пишав што употребувам (ако некоја се пронашла во мојот тип на кожа, чисто да има ориентација), од тогаш плус ги додадов АХА+БХА и кофеинскиот третман. Засега не е лошо, ама читајќи од коментари на нет, ќе треба да помине уште време, рано е за мираклс. Мене доволен миракл ми е тоа што наутро не се будам со масен филм во Т-зоната и тоа што ми се изедначи тенот. Свечено чекам 19ч да ставам од пилингот. Лицето ми е најубаво на денот после пилингот, тоа треба да се види и пипне, не се опишува. Следно сакам да ја пробам пудрата за лице, само се мислам која нијанса да ја земам.
@Lilit во изборот поаѓаш од карактеристиките и потребите на твоето лице. Генерално, како одминуваат годините кожата има потреба од витамин Ц (помага во синтезата на колаген), ретинол т.е ретиноид (не е безбеден во бременост и во период на доење) и евентуално хемиски пилинг со АХА или БХА киселини (вториве дејствуваат подлабински, што не ги прави подобри, туку едноставно имаат различна функција, а изборот е условен од личните потреби). На почеток звучи збунувачки па дури и застрашувачки, но во основа концентрациите на активните состојки во продуктите на The Ordinary (a и други комерцијални марки) се сосема безбедни за употреба. Сепак, мора да се биде внимателен во редоследот во кој се нанесуваат и задолжотелно употреба на крема за лице со висок SPF, дури и во зимски и облачни денови. Како и за сè друго, консултација со специјалист (во случајов дерматолог) е најсигурниот начин да знаеме што е за нас, а што не. Лично, немам искуство со гореспоменатата апликација на DECIEM. Се раководам според исчитаната информација од нет и консултација со стручно лице. Моментално ги користам Niacinamide 10%+Zinc1% (витамин Б3 со цинк), Caffeine Solution5% +EGCG и Ascorbyl Glucoside Solution12% (стабилизиран вит.Ц). Првиот го користам во утринската рутина во комбинација со БХА од друга марка и задолжително 20-30 мин. пауза меѓу двата продукти. Ако немам време, нанесувам само Ниацинамид пред дневната крема. Значи редоследот е: гел за лице, (БХА к-на), ниацинамид, дневна крема, крема со SPF, коректор, пудра. Вторите два, навечер, пред ноќната крема и кремата за околу очи. Аскорбил глукозидот може и наутро (со крема за лице со SPF), но лично повеќе ми одговара навечер. Нагласувам дека ова е шема за мојата кожа, а не универзален шаблон. Колку и да не сакаш да читаш, прочитај го барем првиот линк подолу, затоа што воведувањето на продукти со активни состојки во дневната рутина бара некое минимално познавање. Ова е најкомплетната информација за The Ordinary продуктите на едно место. Лично, мене многу ми помогна во изборот. https://theskincareedit.com/2017/08/04/the-ordinary Бонус: http://www.honestyforyourskin.co.uk/the-ordinary-skincare/
Јас неколку дена наутро и навечер пред кремите го нанесувам Niacinamide 10% plus Zinc 1% , немам нешто да кажам негативно. За позитивно , се уште е рано баш ќе пишам понатаму дали ќе има некакви резултати или не. Имам доста проширени пори , се надевам ќе помогне нешто во врска со ова
Јас пак тоа ќе го нарачам иако на блек фрајдеј не го искористив попустот. Се пишманев ама се зезнав. Него кој производ намалуваше мрснотија?
Да не бидам покуса нарачав и јас Прајмерот од @lovemme го зедов Се сакав ама се тешев дека имам залихи моментално од други брендови па овие може да почекат