1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    9.883
    Ја видовте ли најавата за новиот производ?
    Ниацинамид во прав, 100%. Логично ми е дека ќе се употребува како 100% L-ascorbic acid правот, помешан со серум или крема. Јас го имам витамин Цто не ми е дотрошено, задоволна бев ама си е процедура да си го замешаш на рака па со кој серум одговара итн. Серумите ми се пред правот зошто брзо се нанесуваат и исто толку бргу се впиваат.
    Што мислите? Би го нарачале ли?
    https://www.instagram.com/p/CC3rzASHydx/?igshid=3ta3geg3psdr
     
    На ludamaja10 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Да. Дефинитивно да. Многу ќе ни олесни до некаде.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Поминаа речиси две недели како ги користам производите. Благодарение на членка од форумов (преблагодарна сум)ме упати што да нарачам и како да ги комбинирам.

    Се соочував со акни,црвенило и мрсна кожа, користев само клинсер и крема на биодерма, себумот ми се регулираше,но акните ми се множеа и стануваше се полошо и полошо.

    Лицето ми беше во очајна состојба,а сега ми е прекрасно, исчистено и хидратирано.

    Го користам и црвениот пилинг еднаш неделно каде што значително има резултат.

    Планирам да надоградам со витамин Ц и салицилна киселина во иднина.
     
    На Sahlene, raww, PurpleMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Може ли да ни пишеш кога ќе ти стигне пратката?
    Јас сакам повторно да направам нарачка, ама ако праќаат преку DHL воопшто не ми се исплати.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.259
    Пол:
    Женски
    Може да ми прати линк од некоја страна кај што има да се купи Aha Bha пилингот црвен ама да имаат шипинг за Македонија, на бјутибеј го нема Out of stock пишува дека е веќе два месеци не можам да го начекам
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    204
    Стави си нотификација по емаил на бјутибеј и ке ти пратам емаил веднаш штом го добијат. Јас така успеав после 100 Нотификации да го нарачам.. мора упорност:((y)
     
    На ludamaja10 и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  7. Asana

    Asana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Девојки од Beautybay нарачките поради ситуацијата со Короната ги праќаат преку DHL. Давачките од кога ќе ви стигне пратката ќе бидат многу повисоки од самата пратка. Јас во април нарачав фустан од Асос 35 фунти и за истиот платив царинење и лежарина од 2400 денари. Имаш опција да го вратиш назад и не се плаќа за тоа. Реално лопови се и не се исплати. На Beautybay пишува дека пратката се праќа сеа преку International Carrier ама не е наведено кој така да ја пак се зезнав а баш ми е криво зошто го начекав AHA BHA пилингот. Да напоменам и дека уште не е стигната а е нарачана пред 2 недели.
     
    На BojanaS1, Salome, ludamaja10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Annna21

    Annna21 Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    А дали знаете од lookfantastic дали испраќаат нарачки и преку што ?
     
  9. Asana

    Asana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Пишува дека има само express delivery и плус се наплаќа за испорака а порано не беше така, така да претставувам дека испораката ја вршат преку DHL или FedEx. Јас минатиот пат коа нарачав пратката не ми стигна ја чекав два месеца на крај ми ги вратија парите. Ако видиш на Instagram кај нив во коментари има многу негативни искуства во однос на испорака.
     
  10. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    204
    Јас направив нарачка на бјутибеј на 25 Јуни ради ниацинамидот на ТО и сеуште не ја добив. Им пишав ми вратиa на емаил да чекам 25 working days (no weekends or public holidays), а нарачав баш пред да вооведат express :( ке се изначекаме:o:
     
  11. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Јас имав две нарачки, една на 22.06 другата на 23.06 и двете ми стигнаа точно за 10 работни дена.
    Претпоставувам дека и твојата нарачка е стигната, само е заглавена некаде во нашиве пошти.
    Можеш во пошта да прашаш дали е стигната и да си ја подигниш
     
    На ludamaja10 и Ana-Marija24 им се допаѓа ова.
  12. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    204
    Да апсолутно! Секое каснење на пратки е thanks to нашиве многу "ажурни" пошти (секоја чест за исклључоци):devil: сигурно спие на некој рафт во локалнава пошта(n)
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Asana

    Asana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Од мојата нарачка поминаа 25 работни дена и им испратив пак порака дека не ми е стигната пратката и на таа пак ми ја пратија истата предходна автоматска порака дека треба да чекам 25 раб дена. Сеа пак им пишав ама маил не одев преку контакт формата па ке видиме. Најтрагично е што неам број на пратка го имам само тој haul number што го викаат така да не мозам ни да видам дали е заглавена кај нас у пошта, зошто и онака поштарот ми носи известувања коа ќе му текне :@

    Девојки има Niacinamide на залиха на Beautybay. Мене нарачката преку DHL ми стигна денес и тоа поштарот ми ја донесе на врата. Не платив ништо додатно.
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2020
  14. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    204
    Ти стигна? После колку дена?
     
  15. Semirr

    Semirr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    48
    Ист проблем имам со поштарот, пратката реално ми стигна за 10 дена но писмото стигна после повеќе од месец дена. Кога отидов да ја земам пратката, таму беше шефот на поштарите и му се пожалив. Му реков дека сум дошол сам у пошта за да проверат само по име дали има нешто за мене, вработената нејќеше ни да погледне без тракинг бројче, и ова му го спомнав, тој кажа дека требала да знае по име и без да гледа дали има нешто за мене, така што можеш да отидеш во пошта и да кажеш дека шефот ти рекол да побара иако немаш бројче. Уште една работа, на пратката го немаше бројчето на станот туку само зградата и влезот, не знам како од бјутибеј згрешиле така, затоа имале проблеми со доставата.
     
  16. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    И мене ми се јавија дека ми е стигната, треба да ми ја донесат ама и јас си се изначекав 15 работни дена.. а платив за експрес 10 евра :smirk: и 100 и нешто денари за царина ми рекоа.
    И сега се мислам дали да нарачам пак ама многу е 10 евра не се исплати воопшто.
    Има некоја друга страна кај што не се плаќа толку шипинг?
     
  17. Asana

    Asana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    25 дена

    Исто неам број за tracking вработената ми вика нема шанса да ти ја најдам само по име и презиме. И во пакетско бев истото ми го кажаа.

    Јас бар не знам. И Beautybay до скоро не наплаќаа за шипинг ама дали ради Короната поима неам. Deciem и Feelunigue не праат испорака а Lookfantastic исто е 10 евра.
     
    Последна измена од модератор: 28 јули 2020
    На Ana-Marija24 и Slatkish255 им се допаѓа ова.
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Сите сајтови од кои редовно нарачував периодов немаат бесплатна достава. Само експрес деливери. Тоа е зашто државните пошти работата со намален капацитет и фирмиве не сакаат да испраќаат така бидејќи пратките се губат или се доставуваат многу касно. Па они се принудени да рефундираат. Па затоа испраќаат само преку приватниве за кои имаме и тракинг број и е потранспарентно каде е пратката.

    Од една страна многу е 500-600 денари плус за достава.
    Ама ако ги замениме производите на TO со други што ги има на нашиот пазар всушност ќе испадне поскапо.
    А и веќе си имам одлична рутина па не би ја менувала за 500 ден :)
    Така лично јас сметам за мене. На секпј разчично му одговара. Секој ќе си види дали му се исплати :)
    Јас нарачав на 17ти јули, сеуште ја немам пратката, пишува дека е испратена по дхл, можам да ја следам
     
    На Noemi, Ana-Marija24 и Asana им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.259
    Пол:
    Женски
    Производов што го порачувам 5 фунти а заедно на крај ми испаѓа 15 фунти. Зашто толку скупа доставата? Не се исплати глупости
     
  20. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution го има на залиха на beautybay.