Не ми е јасно значи, едноставно не сакаат да се потрудат, бидејќи и кога идам со бројче тие ми ја бараат пратката со име и презиме, ме прашуваат колкава би можела да е кутијата за да ја најдат полесно.
Па и онака за 5 фунти немаше бесплатна достава Нарачај си повеќе производи и нема да биде толку неисплатливо Инаку и niacinamide го има на залиха
@buba4e89 а крема користеше? Сакам се и за миење чистење крема еве и овие што ги спомна Досега немам користено и не знам како оди рутината со нив Дали ги има Мк или Германија?
Да. Две креми користам ама зависност од типот на кожата. За Германија не знам ама за Мк знам дека ги нема и онлајн се нарачуваат.
ne e tocno gi naogjaat i mene sakaa da me zeznat za edna naracka ama me najdoa vo sistem po ime i prezime
Девојки, гледам дека сте нарачувале периодов од бјутибеј и лукфантастик. Дали добро разбрав дека иако пратките се носат со ДХЛ сепак освен 10 евра нема да платиш и царини и лежарини како што беше претходно? Јас пред две години имав ужасно искуство каде за производ од 41 евро доплатив и царина и лежарина и ѓавол и пол ми испадна шопингот... Дали сега носат до дома и не плаќаш дополнителни измишлотини?
Ако ти е вредноста на пратката под 22€, тогаш не се доплаќа ништо. Ако не се лажам, во износот се смета и цената на шипингот. Над 22€ плаќаш ДДВ, а над 90€ плус и царина. А за ДХЛ лежарина плаќаш и во двата случаи кога ќе ти се задржи пратката, независно дали само за плаќање ДДВ или плус и царина. 1000 и нешто е мислам лежарината за најмали пакетчиња, па нагоре.
Хммм.. значи нема носење до дома, а треба да одам до дхл и да плаќам за лежарини, ддв-ња? (( и ова е ради ковидот?
Јас сеуште ја чекам пратката нарачана на 17.07, со наплатен шипинг од 10€ и испратена по дхл. Чекам да видам што ќе се случи и одма ќе ви пишам овде како е. инаку истиот ден нарачав нешто за детево од друга страна, 27€ беше пратката. Исто по дхл ми ја пратија. Во дхл платив 1.600 денари за услуга и 500 за данок. 2.200 им платив на дхл, значи 35€ за пратка со вреднот од 27€. Катастрофа! Ќе видиме сега како ќе биде во beautybay. Ја очекувам во секој момент
За жал можат Еве вака точно пишува во маилот xxx денари DHL услуга + xxx увозни давачки. иако пратката не подлежи на царина и ддв. До 45 нема никакви трошоци. До 90 евра има само ддв, а над 900 ддв и царина. Ама ете им се може