Фала ти премногу на информацијата. Ќе почекам па ќе видам дали дополнително ќе треба да платам. За колки време ти пристигна?
Исчитав многу мислења, гледав и некои видеа за ТО. Е сега, имам скоро 25 години, кожата ми поминала низ различни стрес периоди, инфекции, пубертетски акни, хормонски акни. Сега за сега ми е добра, по некоја акничка излегува, ништо страшно. Но си имам последици, нерамна текстура, флекички црвени, големи пори кои многу брзо се полнат со нечистотии, масна Т зона ( мислам дека е резултат на дехидрација ). Веќе 1 година користам еден лосион базиран на алкохол и ацетил-салицилна киселина. Делува како пилинг , но алкохолот ми јас суши кожата. Сум користела и други производи на база на салицилна, и знам дека ми годи, но сакам да го исфрлам алкохолот и да вметнам производи за хидратација. Доколку сум научила нешто од читањето до сега, планирам да ги користам овие производи, но ми треба некое дополнување и секако совет плус дали се ок во редоследот: 1. Squalane Cleanser за отстранување на шминка 2. Тоник од Балеа ( од ТО го има само Гликолниот, а колку што разбрав тој е само за длабинско чистење/пилинг а не хидрира ) 3. Hyaluronic Acid 2% + B5 за хидратација 4. Natural Moisturizing Factors + HA Се мислам за Ниацинамидот, бидејќи сепак кожата ми е чувствителна а има многу поделени мислења за него. И со оглед на тоа дека имам големи пори, ми треба нешто што длабински ќе ги исчисти пред да преминам на продуктите за хидрирање. Дали сепак да го земам Гликолниот тоник а после него да го нанесувам хидрирачкиот од Балеа или пак некој друг предлог за длабинско чистење?
1. Двојно чистење за порите особено т. е. освен Squalane Cleanser земи си ја розевата пена на Балеа како добар драгстор втор чистач. 2. Гликолниот тоник е за нежна ексфолијација, исто и Lactic Acid 5%. Благата ексфолијација помага многу за текстурата и чистењето на порите. 3.. За хидратација само тоник не е доволен, ти треба и серум со активни состојки како хијалурон и церамиди. Marine Hyaluronics, Hyaluronic Acid, Buffet итн. 4. Освен кремата нарачај си го Rose Hip Oil, маслото помага за акни и флеки од акни и плус ќе ти ја потхрани и нормализира кожата. Понатаму можеш да вментнеш Ниацинамид за регулирање на себумот, црвенилата и заштита на кожата, како и витамин Ц за изедначување на тенот.
Да, да, сакав да кажам дека ти треба нешто повеќе за хидратација од само тоник, тоа може да е хијалуронската или друг серум.
феминки, пуштени се нарачкате од Децием за Македонија со бесплатен транспорт за нарачка над 25Е. Нарачав на 21.08, испратена (шипт) е вчера на 26.08.
Se mislam dali da go poracham hemiskiot piling. Mi iskoci 12 evra sose siping ne znam dali e efikasno da ne frlam pari za dzabe
Најверојатно, ќе треба да почекаме да стигнат па да видиме како ги испраќаат. Па ако немаш потрба од нешто друго од истиот бренд, подобро е да платис испорака од 5евра отколку да нарачуваш производи до 25евра и да добиеш бесплаттна испорака. Доколку прашањето е дали вреди пилингот - тој им е еден од најрецензираните производи и најфалените. Доколку споредуваш со Ревокс кој може да се најаде и кај нас- дефинитивно овој на Ординери е поефикасен и подобар.
Dada za crvniot Aha bha sto im e. Koristam salicilna i niacinamide na revox i mislam deka se super bar jas gledam promena ama treba dolgo vreme. Togas da poracam i da go probam ako ne biva toa e toa
То стигна? Мене сеуште не последно ми е со вчерашен датум и пишува вака: The shipment was misrouted. The shipment will be redirected and forwarded to the recipient.
^ Мојата пратка стигна пред некој ден, ама добро јас во странство сум. Туку јас да прашам дали имате приметено изедначеност во тенот по користење на продуктите на ТО? Јас приметив и многу ми е мило што ми се регулирал тенот на лицето после два месеци користење на ТО а и лицето ми е џам чисто. Некако не се многу оптеретував со тенот, денес се загледав и се изненадив пријатно.
Од ТО имам користено неколку производи 1. AHA + BHA пилинг - одличен е секогаш мора да го имам , ги чисти порите и кожата длабински , после тоа кожата е мазна и со здрав сјај и свежина , а доколку имам период кога лицето ми “полудува со акни” ставам директно на акните 2-3 дена под ред и одма има разлика. 2. Niacinamide+zinc - за него знам дека има поделени мислења или ти одговара или не , но мене навистина ми е феноменален веќе второ шишенце користам на влажно лице а пред тоа прскам термална вода или активен кислород . Подобар тен , намалени флеки , намалени пори, ми ги чисти црнките имам разлика и тоа многу ! 3. Гликолната киселина - прво не ја сакав воопшто бидејки кожата ми ја правеше како домат но со тек на време научив како да ја комбинирам , прееедобра ми беше навистина исто така ја ставав и на скалп пред да ја мијам косата феноменална беше пак ќе ја нарачам .. 4. Azelaic acid - малку е густа и силиконска структурата но супер е за навечер многу добро го изедначува тенот и ги намалува флеките со редовно користење 5. Vitamin C 30% in silicone - ужас ми направи ужасни акни и прекинав со употреба. 6. Rose hip seed oil - го обожавам особено за зима прееедобро е 7. Кофеински серум - се опседнав со него нешто прееепрепредобро ! Го затегнува делот околу очите , намалува умор и темни кругови а неочекувано приметив и раст на трепките . 8. Серум за коса пептиден - приметив разлика да и тоа за 2 недели има многу влакненца но ужасно ја масти косата ... навистина треба трпение со него и додека го користите постојано да сте со врзана коса ..
И јас потврдувам за ефикасноста на AHA/BHA пилингот на ТО. Имам релативно чисто лице, но се случува да ми се појават мали испакнатини во пределот на челото. Долго време пробував да ги излечам. Бев и на дерматолог и на различни козметичари и немаше никаков ефект. Кај последната козметичарка пробав третман со АНА киселини и веднаш имаше подобрување. Си го набавив за сопствена употреба овој пилинг на ТО и досега сум немала никаков проблем. Го користев еднаш неделно некаде до март месец, сега во летниов период само два пати поради јакото сонце. Ама сега од септември почнувам со редовна употреба.
Порачав ниацинамид од the ordinary. Како препорачувате дс го користам? Имам слушнато прво на секој два дена еднаш па после да зачестам со ставање.