Некој што нарачал од децием скоро да каже дали имал дополнителни давачки за ддв за пратка над 22 евра?
Зависи како ќе им текне на тие од царина. Имав нарачка со 48 евра, ми наплатија 100 ден, за проверка. А другарка нарачка над 50 евра, без проблем и помина. Како и да е, повеќе од 200 ден нема да ти наплатат.
Јас го имам, многу чудно мириса, неубаво и многу долго се задржува мирисот. Пред да порачам ги читав коментарите дека многу луѓе не можат да го користат заради мирисот, па мислам од љубопитност го купив да видам што чудо е тоа Ќе му дадам уште една шанса понатаму, не го фрлам. Инаку, на тие што не им пречи мирисот викаат дека е убаво, особено за после третман со киселини кога го користат.
Ги читав и јас коментарите,само не сфатив која му е намената. Јас мислев може и за коса да се користи.
Како сте задоволни од Natural Moisturizing Factors + HA? Сакав да го заменам кремот за лице од Неутрогена шо го користам со овој.
Здраво девојки, досега не ги имам користено овие производи и ми треба ваша помош Пишав на страната во чат каквa кожа имам (комбинирана, со акни околу устата, изразени пори и црнки на и околу носот) и што би ми препорачале. Ми предложија: 1. Squalane Cleanser 2. Hyaluronic Acid + B5 3. Niacinamide 10% + Zinc 1% 4. Natural Moisturising Factors + HA 5. Salicylic Acid Masque Дали некој има искуство со ваков режим/ како се употребуваат/ по кој редослед?
Клинсерот го немам пробано, користам друг од друга линија. За ниацинамид и хујалуронската киселина прво би ти рекла да ги тестираш на рака поради контра ефект бидејќи ги користиш прв пат. Тие можат да се комбинираат заедно и насабајле и навечер, прво нијацинамид па на влажна кожа ставаш хујалуронска киселина. Кремата исто може и сабајле и навечер, а можеш да си купиш и од друга линија пример. Natura Siberica или Bioderma hidra bio Маската ја немам користено,како замена за овој продукт можеш да земеш салицилна киселина на Ревокс која ќе ја користиш навечер наместо ниацинамидот. Во принцип треба време да имаш резултати, за дневната рутина после кремата за лице пожелно е да ставаш крема со спф за заштита од сонцето. Највеќе го препорачувам црвениот пилинг барем еднаш неделно за чистење на лицето.Но,ако имаш разранети бубулици не се употребува.
Јас почнав да користам два нови производи од ТО серумот “Buffet” и маската со salicylic acid. Маската убаво ги чисти порите и ми остави чувство на мазно лице. Заради киселините што ги користам навечер, серумот “buffet” го употребувам наутро. Не знам да кажам ефекти од серумот сеуште, ама многу ми го светнува лицето, ќе пробам да го вметнам во ноќна рутина. Некако порано и вит ц повеќе користев, сега заради киселините не можам да користам во иста вечер. Инаку наутро користам и ниацинамид, пред крема и шминка.
Јас би ти препорачала навечер да користиш прво маслен отстранувач, па потоа Squalane cleanser. После миењето на лицето со овие препарати, нежно натапкај го за да се отстрани вишокот вода. Наредно можеш да нанесеш некој хидратантен тоник, па на влажно лице да ставиш Hyaluronic Acid. После ова може да нанесеш Niacinamide, и на крај да завршиш со Natural Moisturising Factors, како последен чекор од рутината. Салицилната маска би ја користела еднаш неделно, за чистење на порите.
ми стигнаа производите пред 2 дена, до дома ги донесоа, мајками ги примила дека не бев дома, само потпис не наплатиле ништо за достава, стигнаа побрзо него што се надевав,ке пишам за резултати,фала ви на информации
Веќе извесен период ги нема на залиха Aha bha и тонерот со гликолна, дали знаете друга страна од каде што можам да нарачам (а да нема прескап шипинг)? Fala
Хијалуронската киселина за таква кожа не знам дали би ти ја препорачала, затоа што содржи црвена алга која прави проблем со акни, зависи до кожата. -Чистачот можеш да го користиш за двојно чистење навечер. Прво со него па потоа со друг гел/пена. Се нанесува на сува кожа, се масира околу 30 сек. потоа ги водениш рацете и масираш, па плакнеш па миеш со друга пена/гел. Ова само навечер. За наутро само гел/пена е доволно. -Хијалуронот се нанесува на полувлажна кожа. Ако не користиш ништо после него обавезно хидратантен крем. -Ниацинамидот можеш и после хијалуронот, но можеш и да направиш и рутина еднаш хијалурон (доколку се решиш да користиш) еднаш ниацинамид. Исто и ниацинамидот се нанесува на влажна кожа и после него крем. -Кремот NMF+HA е нешто најдобро што го имам користено, единствена мана му е што може да остави бел траг ама ако веднаш се впива. За да не ми остава бели траги чекам серумите да се впиени и го нанесувам на прстите, го размачкувам низ прсти и потоа со тапкање нанаесувам на лице. -Салицилната маска ја немам користено, но по логика за маска не се насесува повеќе од 2 пати неделно. Јас би ти препорачала наместо салицилната маска да си земеш од кај нас салицилна киселина серум и да ја ставаш само на проблематичните места.
Здраво девојки, прочитав многу околу производите на ТО и сакам да прашам околу ниацинамидот, Squalane Cleanser и Natural Moisturising Factors + HA дали би биле погодни за комбинирана накај мрсна кожа со црнки во пределот на носот? Немам многу проблем со акни, но имам флеки од акни. Немам претходнп искуство со овие производи па дали би ми препорачале да ги земам?