Да прашам нешто,дали ретинолот може да се користи на очи мислам на капаците,или не,пошто приметувам како да ми се спуштаат ?
Имам направено нарачка на 27ми Октомври освен што ми стои како платена ништо друго не ми се појавува. Дали на некој му се случило ова? Ова ми е 4 нарачка и досега откако била платена после два дена се јавуваше како спакувана и пратена, па ми е малку чудно зошто помна веќе цела недела а ништо се нема сменето.
Мојата после 6 дена ја пратија ама и таму пишуваше после 3-4 дена ќе ја пуштат, нејсе ја чекав точно 20 работни дена. Ќе ти ја пуштат.
Не, можеш да имаш големи иритации. Тоа само ако има посебна крема за околу очи бидејќи таму ставаат многу мал процент.
Имам 22 год,имам масна т-зона со суви образи и по некоја флекичка,немам некпја рутина на користење производи,исто така имав акни на рамењата за кои имав терапија и веќе немам но пак не е баш како ништо да немало,сега само сона крема ставам на нив.Што би ми препоручиле вие да користам? И кој primer за под пудра би ми одговарал ?
Сакам да го искористам попустот и јас па се мислам помеѓу овие киселини за хемиски пилинг: Lactic acid 5% + HA Glycolic acid 7% Toning solution Aha 30% + bha peeling solution Да напоменам, немам проблем со акни но во пределот на носот и образите имам многу црнки и затнати пори, другиот дел од лицето ми е чист. Но, ми треба и продукт кој би одговарал на проблематична кожа, склона кон акни. Кои да ги изберам? Исто така ме интересира дали за сува/нормална кожа сте задоволни од Хијалуроснката киселина? И ги разгледував производите "Buffet" и Amino Acids + B5. Дали ги користите? Да напоменам дека имам 22 години бидејќи гледам главно се користат како анти-ејџинг продукти, па да не ми е рано за истите .
Штом имаш црнки и затнати пори земи го аха/бха пилингот, бидејќи освен алфа хидроксилни киселини кои прават површински пилинг, има и бета хидроксилни киселини кои вршат длабински пилинг и го спречуваат затварањето на порите. Овој продукт е јак, така да пред употреба направи тест на jawline и види дали ќе пројави реакција во следните 48ч. Доколку не, употребувај на чисто лице, 5 мин еднаш на 10тина дена и миј со млака вода. После извесен период користење, доколку е се во ред, можеш да почнеш еднаш неделно, 10 мин да стои на лице. Ќе имаш пецкање додека ти е на кожата, но тоа е нормално, да не те плаши. Анти ејџ серуми се уште не ти требаат, така да само HA ти е доволна. HA 2% + B5 или Marine hyaluronics некое од овие две, функцијата и на двете е иста (хидрирање на кожата), првото е само погусто, второто е со потечна конзистенција.
Читав рецензии за HA 2% + B5 и многу беа незадоволни поради тоа што во составот имало црвени алги (ваљда така беше ) и дека токму таа состојка била комедогена и предизвикувала болни акни. Исто и Marine hyaluronics гледам дека го содржи истото. Стварно се мислам дали да порачам, за да не направам проблем со лицето иако сметам дека треба да внесам хијалурон во рутината..