Не знам, јас сум задоволна, а и тоа што сум читала искуства, најголем број луѓето се задоволни. Е сега, додека не пробаш, не можеш да знаеш. Ако толку имаш желба, земи го Marine, баш е како водичка. Не верувам дека ќе направи некој проблем.
И јас си направив нарачка. Aha/bha пилингот планирам еднаш неделно да го употребувам, само не сум сигурна што точно можам да користам после тоа? Нарачав и хијалуронска киселина, не планирам секој ден да ставам, ме интересира дали смеам после пилингот да ја нанесам? Го нарачав кофеинскиот серум, планирам насабајле да го нанесувам и исто NMF + HA, тоа навечер би го нанесувала. Заборавив да напоменам, имам купено нијацинамид од Ревокс, добро ми се има покажано но некако баталив со користење, ме интересира како да го вметнам со овие производи? Исто така и Borage seed oil имам од ТО, тоа можам после пилингот да го нанесам така?
Ако сакаш, можеш наутро кофеин + нијацинамид (сеедно по кој редослед). Друга опција ти е кофеин наутро, нијацинамид навечер (ако сакаш можеш и обратно). Хијалуронска можеш било кога и после сè. Најпрактично ти е да ја ставаш веднаш по миење лице, бидејќи се става на влажно (не водено) лице, но со оглед на тоа што и онака ќе го миеш лицето после пилингот, можеш да ја ставиш после него. После тоа можеш да ја ставиш NMF+HA, иако всушност и во самата крема имаш хијалуронска киселина, па не знам, да не си го трошиш серумот беспотребно. Можеш и било која друга хидратантна крема да ставиш (без активни состојки како AHA, BHA, ретиноиди и сл): ризикот за иритација се зголемува кога ставаш друга активна состојка (хијалуронска киселина не е активна состојка, туку е хидратор, како глицерин). После пилингот, ако сметаш дека е ќе ти е доволно само масло, можеш да го ставиш маслото. Инаку, можеш да го ставиш над кремата. Технички, можеш да го ставиш маслото и пред кремата, ако ставиш мала количина и се впие, ама некако ми е контра-интуитивно да ставам крема над масло, а и чудно е од аспект на текстура (да размачкуваш нешто врз „благо мрсно“ лице). Инаку, маслото можеш да го користиш колку што сакаш често, (пример, секојдневно), како и другите работи, освен AHA+BHA пилингот. Исто така, обрни внимание на рокот на траење после отворање (нацртана амбалажа и во неа напишано нешто во стил: 12M), ти кажува колку месеци после отворање можеш да го користиш. Ова е особено важно за масла бидејќи оксидираат и потоа се неупотребливи.
Имам нарачано aha/bha од TO, а моментално 2 пати неделно користам салицилна на ревокс. Откако почнав да ја користам салицилната киселина имам заприметено дека кожата ми е многу посензитивна во смисла дека после стискање и воопшто допир со кожата ми се вцрвува многу.. океј тоа е и нормално. Прашањето ми е дали да продолжам да корисам салицилна и aha/bha?
Тоа може и да е контра ефект на Aha и не го сметам за нормално. Прво тестирај посебно види на што ти реагира а после исфрли го тој производ.
Не би требало да имаш таква реакција. Мене салицилната ми го смирува лицето и немам никакво црвенило,баш напротив. Ако почнуваш АХА/БХА биди премногу внимателна. Јас првиот месец само по 5 минути го оставав, на 10 дена. Но прво мора да тестираш. Мојата рутина е еднаш неделно АХА/БХА, два пати салицилна.
Искуство со ова ? Дали после АХА/БХА може да ставам сона крема или што друго да ставам? И дали може да се користи под пазуви ?
Гледам дека овие производи се користат и за машка кожа, така? Ако да, молам некоја од вас да ми помогне при изборот - што да нарачам. Имам некоја си комбинирана кожа, брзо ми се мрси кожата на лицето. Зголемени пори на јаболчниците, исто така имам и склона ми е на акни, исто така - не кој знае колку, ама ми се појавуваат чат-пат гнојанчиња ситни. Би сакал нешто за средување на овој проблем, како и, ако постои, нешто за затегнување на кожата. Фала многу =)
Не, лошо се изразив. Многу сум задоволна од салицилната киселина на ревокс, сакав да кажам дека кога ќе се стискам т.е. ќе пробам да ваѓам црнки на сила 15мин ми е црвено местото. Ништо страшно сепак салицилната е киселина и вади еден слој од кожата. Пак ќе напоменам дека сум многу задоволна, црнките ми се многу намалени. Во врска со аха/бха, планирам на почеток 3мин потоа ќе зголемувам. Не ми беше јасно за тоа како да комбинирам со салицилна, значи 2 пати салицилна неделно и на 10 дена аха/бха.
Дали некоја го пробала тоникот во вид на спреј на Hylamide Pore flush? Ми го препорачаа за да го воведам во рутина од Deciem , па се мислам дали да го заменам со овој на Конопка