Вака- убав чистач за лице,нијацинамид ,крема и СПФ за дневна употреба. Мене нијацинамидот многу ми го регулираше лачењето на себум поготово во Т-зона. За тие гнојните - ти препорачувам да користиш салицилна ама само само на нив со прст да нанесеш. И можеш еднаш неделно да ставаш пилинг на лицето како што е АХА БХА,НО НИКАКО ВО ИСТ ДЕН СО САЛИЦИЛНА. Навечер истотака чистач- крема. Или АКО САКАШ, можеш и навечер да користиш ниацинамид, нема проблем над него- пак крема.
Ако прашуваш за аха/бха, тогаш не. Црвениот серум никако не се става на нежни места како пазуви, усни, околу очи... Само на лицето и строго да се запази интервалот од 7-8 минути.
По втор пат ги порачувам хијалуронската и aha bha киселината, бев многу задоволна од нив. Наместо ретинол, се решив за buffet+copper peptides , поради тоа што уште дојам, па се надевам ќе ми се погоди. Имам едно прашање Кој гел за лице е подобро да го користам од овие два. Се плашам некоја состојка да не не одговара со нив
Фала ти многу за објаснувањето! Дали можеш да ми препорачаш уште некоја добра крема за лице? Да фрлам пари на нешто скапо или и бебешка ќе заврши работа ?
Дали овие одат заедно?Пената ја користев 2 пати пред ова комбинација и не забележав нешто лошо. Прв пат во среда ги користев сабајле и навечер и океј беше ми излегоа 3/4 ситни мозолчиња ама реков нишѕо страшно наредниот ден наутро пак исто а навечер само пената и кремата и сега кога станав видов црвени точкички скоро на цело лице го измив со пената и почна да ме пецка по малу кога се погледнав бетер ми беше лицето и пак само крема ставив..не што не е во ред,Ве молам за помош што да сменам ?
Не знам немам користено на Оливал, ако имаш финансии земи на Биодерма. Од ниацинамидот се исфрлуваш и ако трае повеќе време исто и него ќе го баталиш.
Законски, сите пратки над 22€ (во оваа цена се калкулира и шипингот, не само нарачаните производи) се подлежни на плаќање 18% ДДВ, а над 90€ плус и царина (во процентуален износ во зависност од робата) и административна такса од 350 ден. Дополнително на ова, можно е да треба да доплатите и лежарина или магацински трошоци за задржани пратки, која пример во ДХЛ е 1000 ден. Тоа што сте добиле пратки од 30€ и нагоре без ништо да доплатите и директно на врата, се должи на неажурноста на царината, која не ја скенира секоја пратка детално и така се случува да пројдат пратки, кои се подлежни на ДДВ, да не платат ништо. Тоа не значи дека сите наредни пратки ќе пројдат така или дека нема никаква доплата, туку едноставно сте имале среќа, ако може така да се каже.
Види дали е од нијацинамидот, јас од него во рок од година два пати шанса му дадов и исто се исфрлав. Кога го прекинав се врати лицето во нормала