Ај кажете како го користите ascorbic+arbutin, и дали mandelic acid е за сува кожа,зошто некако многу ми го мрси лицето,и дали се става секоја вечер?
Има ли некој искуство со Granactive Retinoid 5% in Squalane? Го користам 1-2 месеци и вчера видов дека течноста сменила боја и сега е темно сина/зелена. Не ставив од него кога ја видов промената, дали е можеби со поминат рок?
Здраво, сакам да порачам од Deciem прв пат па ако може некој да ми каже дали се плаќаат дополнителни трошоци?
Ви се случило од deciem да не би стигнат сите продукти што сте ги нарачале? Мене преку пошта ми стигнаа
Μене вчера ми стигнаа од ТО производите , за 8 дена ( aha+bha , hyaluronic acid +b5 , buffet+copper peptides 1% ) Сакам да ми кажете дали ми е ок рутинава Утринска рутина - Миење на лице , тоник , хијалуронска , буфет , крема за очи , крем за лице + спф Вечерна рутина- Доколку имам шминка ја вадам со масло , ако не , го мијам лицето со гел за лице , па тоник , хијалуронска , буфет , крема за очи , крем за лице. Ок ли е? Од нареден месец ќе го воведам и витаминот Ц. Како поточно да го воведам?
Вит ц можеш наместо буфет наутро. И според мене не ти треба воопшто буфет наутро, доволно ти е навечер. Другото е ок.
Утринската рутина ти е супер само без кремата за очи. Во вечерната мислам дека нема потреба повторно хијалурон и буфет( навечер ставај крема за очи), на нивно место можеш витамин ц. Со витамин ц ќе вметниш во утринската рутина последно СПФ.
Ми пишува дека нарачката е shipped од 20.11 а уште ни картонче ми нема стигнато ни ништо. Рано е да ја очекувам или?
До 20 дена мислам дека им треба да испорачаат. Некогаш стигнуваат порано, ама почекај уште малку, до 8/9-ти месецов. Ако не стигне до тогаш, можеш да ги контактираш на меил.
океј е само ја би го миела како и да е лицето со маслен чистач навечер и да немам шминка, затоа што спф не се вади со гел само и не би ставила два пати на дем бафет
Да , имаш право за спф-то, читав и јас дека не се вади само со гел за лице, мора и со маслен чистач. Благодарам
@soffce, @koritsaki, и јас насекаде читам дека мора double cleansing секој ден, но ми се чини дека повеќе е како претпоставка, отколку факт. Видете го ова. Јас лично користам обични, неводоотпорни СПФ креми (во споредба со водоотпорната од Carroten на пример, далеку се помалку мрсни) и се мијам само со средство за миење, па не сум искусила проблем. Не мора да значи дека и за вас би важело истото, само онака кажувам искуство. Ако се чувствувате чисти и не гледате дека се нафрлувате, тогаш веројатно и сте чисти. Плус, како што пишува и на постот, и два пати да се измиете со средство за миење (или мицеларна + средство) спаѓа во double cleansing, не мора да значи дека мора масло да се користи.
@pdb123 не чувствував некоја потреба искрено да го чистам така лицето , ама ете баш дека користам водоотпорна спф крема па викав да не мора со маслен чистач. @buba4e89 да, по чистењето со масло јас пак го мијам лицето со гел.
Ако користиш маслено средство за миење (не важи за чисто масло), го размачкуваш насекаде на сува кожа за да ја стопиш шминката и сл, потоа со водени раце повторно поминуваш низ лицето. Во зависност од сурфактантите кои се користени, веројатно ќе се направи како блага пена или млечна текстура, која произлегува од емулсифицирањето на средството, т.е. сурфактантите од една страна се врзани за маслото (нечистотиите и сл), од друга страна се врзани за водата (вака функционира и секое друго средство за миење лице). После емулсифицирањето (го правиш за полесно потоа да го измиеш лицето од маслото), едноставно плакниш со вода најнормално. Потоа следи обично средство за миење за да отстраниш било какви остатоци од маслото или нечистотиите.