Има ли нешто за митесери на нос? Користам ниацинамид,полинг аха/бха,салицилна на галафарм и уште повеќе ми се прават...
Здраво девојки, имам едно прашање. Живеам во странство, и не знам како оди online наручување на „the ordinary“ во Македонија. Ке ве замолам да ме упатите преко која страна, карго и за колку дена стига. Би сакала да нарачам за мајка ми. Ви благодарам однапред и ви испраќам поздрав! Со почит, Викторија
deciem или beautybay пристигнувуваат од две недели до месец најдоцна. Јас до сега не сум имала дополнителни давачки меѓутоа некој ако имал може да сподели
@Larah7 Здраво, дали можеби ти стигна нарачката до сега? Дека и мене на tracking линкот ми пишува дека нарачката ми е In transit од 26ти ноември.
Исто и мене , се уште ја чекам. Мислам дека понеделник или барем во текот на неделата треба да стигни.
Здраво девојки, да ве прашам дали можеби знаете кога ќе ја вратат салицилната киселина? Не знам дали ќе биде за брзо или да ја земам на Revox..
Мислам дека 1година ако и не повеќе ја немаат бидејќи прават некои измени во формулата. А немам инфо кога ќе биде повторно достапна.
Здраво, за прв пат сакам да нарачам од козметикава па консултација ако може. Имам 35 години, и кожата ми е помрсна на Т зоната, а на образите по сува. Сакам да ги земам следниве производи: Маслото за навечер пред крем, серумите исто за навечер по некој распоред, наизменично или нешто слично исто пред крем. Бубуљици немам, чисто ми е лицето, само сакам да го хидрирам и да го измазнам. Ако може некој да даде коментар или предлог би била многу благодарна.
@angrypepper Ретинол и Buffet не се препорачува да се употребуваат заедно, поточно Ретинолот е најдобро за навечер кога кожата не ти е изложена на сончева светлина, додека другово можеш наутро. Само пред употреба на лице направи си patch тест на рака за да видиш како кожата ќе ти реагира на серумиве, па ако немаш иритација значи не би требало да имаш проблем и на лице. Исто така ќе почнеш првично три пати неделно за чисто да дадеш време на кожата да се адаптира, па потоа постепено ќе си зголемиш на 4-5 дена неделно и на крај секој ден. И за наутро и за навечер почнуваш со чистење на лицето (со маслен чистач, пена или што и да користиш), потоа си продолжуваш со тоник, па преминуваш на Buffet наутро, а Ретинол навечер. Во поглед на количината почни со две капки како оптимално, па ќе си видиш самата дали има потреба да зголемиш за уште една капка или пак намалиш количество. Buffet се нанесува на раце и потоа со тапкање, а Ретинолот можеш и со кружни движења. Нанесуваш на лице и врат. Потоа си продолжуваш со хидратантна крема, а маслото би ти препорачала да го ставаш само околу очи, бидејќи како што кажуваш според типот на кожа немаш потреба во Т зоната зошто ти е масна, а на образите ти е сосем нормална па крем би ти бил доволен. Исто така не заборавај денски (кога излегуваш) крема со фактор, конкретно за периодов 20ка е сосем доволно.
@Purplelilac јас buffet+copper peptides 1% го нанесувам на лице директно по две капки и така го мачкам. Дали погрешно го нанесувам ? Или нема врска ?
Не дека е погрешно да се намачка директно на лице. Конкретно за Buffet ја имам читано статијава и видеа имам гледано дека така го нанесуваат за подобро да го апсорбира кожата, а за buffet + copper peptides 1% немам наидено на таква препорака иако во туторијали кои ги имам гледано најчесто така го употребуваат. Лично мислам дека тоа е подобра опција од причина што го размачкуваш на рацете, а потоа кога тапкаш го опфаќаш целото лице рамномерно.
Девојкиии новости кај мене само што проверив.. и сега треба утре во пошта да одам да прашам или како?
Женски ке ве молам за мала помош каде да го вметнам Caffein Solution 5%+EGCG, овоа е рутината која ја правам наутро: мицеларна гарниер + балеа пена за миење лице розевата + лосион од балеа розевиот + Hyaluronic Acid 2%+B5 + Balea Aqua gel крема и доколку излегувам надвор или пак во посончевите денови ставам eucerin oli control spf 50, но доколку сум дома и е облачно не ставам бидејќи сметам дека е премногу навечер : мицеларна гарниер + uriage xemose cleansing soothing oil + балеа пена за миење лице розевата + лосион од балеа розевиот + Hyaluronic Acid 2%+B5 + Balea Aqua gel крема П.с имам нормална кон сува кожа , со пеги и малку митесери на носот , и сакам да пробам со некоја од послабите киселини се мислам меѓу Glycolic Acid 7% tonik /Ascorbic Acid 8%+Alfa Arbutin 2% , ама ке почекам да помине овој локдаум таман да се одлучам со која да пробам