Ко за нормална кон сува кожа, мислам дека премногу го миеш лицето: наутро двојно чистење, навечер тројно. Со тоа си правиш самата неуслуга, бидејќи за разлика од луѓето со мрсна кожа, тебе ти недостига себум и и тој малку што го имаш го тргаш со премногу чистење. Во суштина, во зависност како се чувствуваш наутро, можеш и само со вода да го исплакнеш лицето (така правам јас - исто имам нормална кон сува кожа), а двојното чистење да го оставиш за навечер. Ако мислиш дека толку ти е мрсна кожата наутро (нема од што друго да ја миеш кога си спиела - немаш СПФ крема, или нечистотии од воздухот итн, евентуално ако се потиш или лачиш премногу себум, иако ова е карактеристично за луѓе со мрсна кожа), доволно ти е или само мицеларна вода или само гел. Можеби и затоа чувствуваш потреба 2 пати дневно да ставаш и лосион и хијалуронска киселина. Што се однесува до вечерта, ако користиш масло за чистење, зошто ти е потребна и мицеларната вода? Маслата се претежно помоќни и ќе стопат повеќе шминка/СПФ крема итн отколку било која мицеларна вода. Можеш директно на нашминкано лице да нанесеш масло (од лично искуство); ќе изгледаш малку хаотично, но кога ќе го плакнеш лицето одма ќе се измие црнилото (од маскарата/тушот) или црвенилото (од карминот). Евентуално ако сакаш пред тоа да подотстраниш шминка на очи или уста со мицеларната вода, иако нема потреба, особено ако користиш поедноставна, понежна шминка за секој ден. Ако користиш само (СПФ) крема пак, воопшто нема потреба 3 пати да се миеш. Со цел да би ја истрошила мицеларната вода, а и понежно чисти во споредба со други производи, би одбрала наутро мицеларна вода (ако имам потреба) - ја плакнеш, не ја оставаш на лице, така? - а навечер скроз би ја отстранила. Ако немам потреба наутро за ништо, тогаш би ја трошела побавно мицеларната вода навечер за благо отстранување на шминка на очи и уста пред да продолжам со масло, или во краен случај, би ја подарила некому. Што се однесува до кофеинот: прво би видела како ја чувствувам кожата наутро откако не ја мијам толку многу. Можеби ќе увидам дека доволна ми е хидратацијата само од лосионот+кремата или само хијалуронската киселина+кремата, па би го ставила кофеинот после лосионот/хијалуронската киселина. Истото можам да го увидам и навечер, иако навечер повеќе ни се суши кожата додека спиеме (може да не важи ова ако се потиме), па мислам дека можеби навечер би ти била попотребна толку хидратација отколку наутро (ја ставаш на влажна кожа, така?). Имаш нормална кон сува кожа, но веројатно не претерано сува за да ти треба 2 пати дневно толкава количина на хидрирачки производи. Ако утврдиш дека сепак мораш и наутро и навечер да ставаш и лосион и хијалуронска киселина, би го ставила кофеинот наутро после хијалуронската киселина.
@pdb123 Имам пробано и само со вода да го мијам лицето наутро но имам приметено дека во текот на денот се јавува поизразено лачење на себум и засветвам во предел на Т-зоната, па затоа и користам наутро секогаш пена миење лице. За вечерната рутина сега гледам дека не сум дообјаснила дека маслото за чистење го користам само кога имам шминка, а мицеларната претходно само нежно поминувам баш за да го избегнам тој хаос од размачкување на шминка по цело лице кога се користи масло. Во зимскиот период имам посува кожа и чувствувам дека имам потреба од 2 пати дневно хидрирачки производи.
Си пробала да не ставаш од лосионот/хијалуронската киселина на местата каде повеќе се мрсиш? Или евентуално да ја користиш пената само таму каде се мрсиш, па да не светиш преку денот на тие места, а да не ги сушиш беспотребно образите итн. Вака звучи ко повеќе да имаш комбинирана кожа која е повеќе наклонета кон сува кожа, особено во зима. Пробај, експериментирај .
хијалуронската ја користам неполни две недели, сега во вој период како што и споменав кожата ми е посува и приметувам дека баш со оваа рутина кожата си го има оној здрав сјај и е нежна на допир и сметам дека баш ми одговара. Кофеинот се уште не сум го почнала, најмногу го порачав со цел за намалување на подочниците кои знаат да се јават при повеќе замор и користење на телефон/лаптоп, читање и напрегање на очите. Каде би го вметнала кофеинот пред или после хијалуронската ?
Пред хијалуронската, после тоник ако ставаш, јас така правам. Таа рутина ми ја препорачаа од децием страната и во апликацијата на децием таков е редоследот на чекорите.
Се препорачува хијалуронската да е пред било кој друг серум бидејќи на тој начин повеќе се впива серумот на лицето.
Дали ќе ми помогне кофеинот за темните подочњаци, и за линиите такви под очите? Или buffet? Користам од алверде хидро серум за таа регија помага за линиите , ама за темните кругови па не... имам 22 години.
Може да помогне минимално.Подочњаците повеќе зависат од генетиката,начинот на живеење итн.Јас го користев и искрено не забележав скоро никаква разлика
Ако темните подочници се резултат на тоа што ти се гледаат вените, тогаш се вели дека може да помогне кофеинот бидејќи им прави вазо-рестрикција (спречува да се шират, па така и би се познавале помалку). Јас сум ја користела само кремата за очи од Hada Labo Tokyo која исто содржеше кофеин, но не видов никаква разлика, а еве и членката над мене ти кажала за серумот од ТО. Можеш да видиш или прашаш и во темата за REVOX дали некому му помогнал нивниот кофеинска серум. За перманентно решение можеш само да ставиш филери кои ќе го пополнуваат просторот над вените, па така нема да се познаваат толку. Ако темните подочници ти се резултат на хиперпигментација (потемна боја на кожата во тој регион), тогаш нема да ги помогне кофеинот.
Го има една моја другарка пробано кофеинот на Revox и исто така не приметува некоја разлика.Нека проба членката поубаво да ја вади шминката,да го мие и хидрира редовно лицето бидејќи мене тоа делумно ми помага (јас имам потечени подочњаци).
Да, се согласувам, но caffeine solition не го сметаат како серум ,туку како More Molecules (eye treatment). Јас после хијалуронската ставам одсабајле ниацинамид, а навечер после неа, ретинол и organic cold pressed rose hip seed oil.
Мене ми е се уште страв некако да почнам со ретинолот со оглед на тоа дека имам 19 години.Не е препорачливо,нели?
Ретинол толку рано не е препорачливо. Ако се мислиш за нешто со такви својства, јас би ти препорачала bakuchiol серум. Алтернатива на ретинолот со исти карактеристики и дејства, но без несаканите иритации, кои се можни кај ретинолот. Конкретно на BYBI серумот е супер.
Девојки дали некоја порачала од originalmakeupmk страна на инста продукти од The Ordinary? Имаат на продажба продукти некоја да имала искуство?
Мое мислење е дека претерале со цените Хијалуронската од децием ја земав 6.80 , а овие 900 денари ја продаваат. Разликата е околу 450 денари. И тоа не само со ТО , туку и цениве на шминкиве се Овие треба под итно некој да ги пријави во инспекција. Мој совет е да си порaчаш од deciem.com