Разбирам. Па не сум имала никогаш претемни подочњаци но изгледа skincare не помага за наспаноста ,ако е тоа. Некои го препорачуваат пептидот ама не знам каде има да се купи
Знам дека бараш нешто што ке ти даде резултати на долгорочен план, ама ако сакаш за брз ефект за денот многу ми се допаднаа на Benton hydrogel eye patch. Јас немам проблем со темни подочници освен ако сум помалце спиена или стресен период и овие ми се топ. Ги ставам сабајле и додека пијам кафе или да се облечам таман и после изгледам многу по свежо. И да ги држам во фрижидер и тоа дава таков свеж ефект.
Мк најдостапно ти е на olpeo.mk според тоа што видов на инста на 26,27,28 имаат попуст на Бентон од 20%-50% би требало и тие да се на попуст. Пак ке кажам не прават чуда ама баш освежуваат. Еден од ретките производи што би ги купила повторно.
Фала ти многуу Од друга страна , за нееднаква и “bumpy skin” дали помага 0.2% retinol in squalane или effaclar tretinoin 0.1% да земам?
Можеш да одбереш нешто од пептидите и/или ретиноидите. Почни со нешто полесно, па како поминува време и градиш толеранција, оди на потешко, само не избрзувај со менување.
За темни кругови имам пишано на претходната страница. Мене лично ништо не ми помага бидејќи ми се генетски, но погоре на оваа страница една членка напишала што неа ѝ помогнало, па можеби можеш тоа да го пробаш.
Аххх.. мене ми се темни само ништо повеќе. Колку толку од серумиве се намалија игра улога и спиењето и пиењето вода. И се тоа во практика ми е на редовно ниво, но ете бојата останува. Значи ништо, и мајка ми ги има темни ама таа си е темна во лицето па не и се познаваат. Фала ти многу ќе разгледам за првичното мислење, здравје после празници ќе си направам нарачка.
Темни во смисла хиперпигментација или во смисла вени ти се познаваат? Ако е хиперпигментација, истите состојки што помагаат за флеки и слично, ќе ти помогнат и таму. Само не знам дали е баш во ред такви серуми да користиш во пределот на очите, бидејќи најчесто содржат поголема концентрација и може да е премногу агресивно за тој предел. Во тој случај барај креми што содржат нијацинамид, витамин Ц, azelaic acid, kojic acid итн. Не мора кремата да е специјално за очи, финансиски поисплатливо да е крема за цело лице, па можеш ти да ја користиш само за пределот околу очите, ако си задоволна веќе од кремата за лице што веќе ја користиш или немаш потреба од осветлување на остатокот од лицето, па не сакаш беспотребно да ја трошиш. Се разбира, можеш и да бараш крема специјално за очи, но освен ако reviews не ѝ се многу, многу добри и кремата се истакнува на пазарот, мислам дека не ти се исплаќа, бидејќи кремите за очи се најчесто ги наплаќаат скапо, иако многу ретко се поспецијални од кремите за цело лице.
Мене вените ми се познаваат на капакот и искрено ми се допаѓаат некако бидејќи сум многу бледа па некако ми се заприметуваат очите поради нив.Од друга страна кога ставам сенка на очите иако пред тоа ставам коректор на капаците сенката ми станува потемна заради нив,па на кој начин можам да ги намалам колку-толку?
Мислење за салицилната киселина , и ме интересира кога се користи? Моментално во секојдневно ги користам хијалуронската (наутро) и буфетот со пептидите (навечер) кожата ми е многу мека , не се масти како претходно , и не знам дали мене ми се чини така ама во делот кај веѓата претходно имав една линија мала при мрштење (од сонце од било што ) почна ептен да ми се познава , сега од кога почнав да го користам буфетот како да ја снема лниијава , со сигурност не ми се причинува. Дали е можно да влијаат производиве на тоа , не знам Единствено што малку ми мириса чудно необично тоа буфетот на метал ама за убавина се се трпи
Еве ова сум го пишала на претходната страна за темните подочници поради вени, но истото би важело и за вените на капаците: Според мене, подобро би било да инвестираш во прајмер за очи со добра покривност и по можност со светкав (shimmering) финиш. Велам прајмер за очи, а не коректор, бидејќи не рече дека имаш проблем со вените под очите, па не би ти бил потребен таков коректор. Добра покривност јасно е зошто велам, а споменав и светкав финиш, бидејќи од него ќе се рефлектира светлината (мисли на огледало во кое свети сонце) и така ќе дава илузија дека капакот ти е посветол. Истото би важело и за сенки за очи. Ова е интуитивно и јасно се гледа и без шминка: ако застанеш под светло, посветло ќе ти изгледа цело лице, а со тоа и вените кои се познаваат. Ако сакаш, разгледај го Robert Welsh на youtube, професионален мејк ап артист (не обичен инфлуенсер кој се претворил во мејк ап артист, туку човек кој навистина одел/оди на обуки и работел/работи во индустријата пред да се појави на youtube). Мене ми се истакнува бидејќи дава насоки за размислување при ставање на шминка, не само шаблонско следење на трендови. Во многу од видеата зборува за тоа како светлината влијае врз изгледот на шминката и како да го користиш тоа во твоја полза. Ако мислиш на тоа која е потребата да се користи салицилна киселина - најчесто ја користат луѓе кои имаат проблем со акни, црнки (кои се исто така вид на акни) или затнати пори. Во оваа категорија на луѓе најчесто спаѓаат тие со мрсна или комбинирана кожа, иако не мора исклучиво само тие да ја користат. Ним им помага и за себумот, бидејќи има малку исушувачки ефект и им годи, додека за луѓето со посува кожа тоа не им оди во прилог, па ако мора да ја користат, ја комбинираат со доста хидрирачки производи. Инаку, ако има потреба, салицилната киселина може да се користи и за (нега на) тело. Впрочем, во средството што го користам за афти има салицилна киселина. Ако мислиш на тоа во кој дел од рутината се користи, тогаш може било кога, но не е препорачливо да се користи истовремено со benzoyl peroxide или ретиноиди, туку да се менуваат наизменично, бидејќи и тие предизвикуваат сувост на кожата, а тука е и факторот на зголемена можност за иритација (колку повеќе активни состојки мешаш, толку е поголема веројатноста за иритација). Спротивно од општото верување, салицилната киселина (BHA) покрај навечер, може да се користи и наутро, бидејќи не предизвикува чувствителност на сонце како што тоа го прават AHA. Напротив, дури и може да помогне во апсорпција на УВБ зраците. Во конкретниот случај, би ја користела еднаш дневно, во утринската/вечерната рутина кога не ја користам хијалуронската киселина/buffet: првото бидејќи го намалувам ефектот на хијалуронската киселина (нели салицилната има исушувачки ефект), а второто чисто за да избегнам можност за иритација, да не ја „нападнам“ кожата со сè наеднаш. Што се однесува до buffet, во него се користи пептидот Matrixyl 3000 кој, ако не се лажам, беше еден (ако не и единствен) од пептидите за кои има повеќе „доказ“ (т.е. истражувања) дека навистина има анти-ејџ ефект, додека за останатите пептиди има повеќе теоретска претпоставка или мал број на истражувања кои го покажуваат тоа (колку поголем е бројот на истражувања кои го покажуваат истото, толку е поцврст „доказот“ дека нешто функционира). Сепак, добро е да се прочита вака од некого дека навистина гледа резултати, корисна информација е за сите нас .
за нееднаква и “bumpy skin” дали помага 0.2% retinol in squalane или effaclar tretinoin 0.1% да земам?
Двата ќе ти помогнат, бидејќи двате се ретиноиди. Разликата се состои во, условно кажано, брзината со која ќе ти помогнат. Третиноинот е најмоќен од сите ретиноиди, но и најмногу иритирачки, па ќе треба да го користиш поретко додека развиеш толеранција, што може да фати многу време (пример, некој со години може да ја развива толеранцијата и тоа со користење на многу мала количина, а некој може и воопшто да не го поднесува). Ме интересира, со оглед на тоа што третиноинот (барем во САД) се издава само со рецепта, дали кај нас е поинаку? Или планираше со рецепта од дерматолог да го земеш?
Почнав да го користам aha bha пилингот еднаш во неделата, морам да кажам дека е одличен, прашањето ми е дали во другите денови од неделата да користам екфолијанти. Пред да почнам да го употребувам, си правев два пати во неделата пилинг и еднаш peel off маска за длабинско чистење на лицето.1
Јас си правам и пилинг обичен еднаш во неделата, а исти ден од аха бха. И наска еднаш неделно. Не сум имала некоја реакција
Фала за одговорот. Мислев и јас така да продолжам, еднаш обичен пилинг, еднаш маска, еднаш аха бха, ама кога го ставив аха бха осетив пецкање на образите што траеше кратко 30 сек, па си викам да побарам мислење да не се испржам.