Не , не користам пилинг во ист ден со аха бха. Може погрешно се изразив аха бха користам во петок а пилинг обичен во понеделник. Од др пилинзи монeнтално го имам од Lush Cup o coffee и на La roche posay ultra fine scrub
Јас одамна го имам buffet и мене многу чудно ми мириса и го баталив па пред две недели пак му се вратив. Добар е од мене е препорачан.
Девојки може ли да препорачате нешто за лузни од акни? Иако се повеќе мислам дека ако воопшто може проблемот да се среди, тоа би било со третмани, не со козметика. Но, може некоја од вас има позитивно искуство
Јас киселини освен салицилна и азелеична не користам други. Го користам аха бха пилингот веќе 4 недела (еднаш неделно) и држам 3-4 минути ми светна лицево и флеките од акни ми се повлекуваат и црвенилата. Тестирав прво на рака, читав дека било опасно така ми викаа па еве ништо не ми е. И на крај само убаво темелно плакнам со вода, ставам крем и толку.
Ќе пробам со салицилна киселина. Аха бха пилингот го имам ама нема некое подобрување, можебо треба време.
Веќе има салицилна киселина во пилингот (BHA = салицилна киселина) и тоа во иста концентрација како во повеќето серуми кои содржат само салицилна киселина (2%).
Да се надоврзам, исто и јас. Скоро два месеци го користам и немам некои резултати освен што после ставање лицето ми е меко.
Јас за длабински пилинг на кожата, намалување на дијаметар на пори и намалување на фини линии. Негде читав искуства и за намалување на видливост не лузни. Кај мене придонесе само за посвеж изглед на кожата.
Приоритетно ми е за флеки, покрај другите продукти. Другото би ми било плус ќар што би имала.Јас освен мекост на лицето после миење друго немам како придобивка, ниту после ставање лицето ми изгледа свежо.
Еве и јас да додадам во однос на салицилната киселина, откако почнав да ја користам можам да речам дека лицето ми се трансформира кон подобро. Ми фалеше нешто во секојдневната рутина и серумот ми беше полн погодок. Резултати: намалена фреквенција на акни, скоро и воопшто ги немам ниту пак ми се јавуваат нови; доколку ми се појави акна(вообичаено во стресни периоди) многу брзо се губи(понекогаш ставам само како spot treatment); многу поголема контрола врз лачењето на себум; кожата освен шо ми е мека, доста ми се измазни и изедначи во сите делови, нема нерамнини и сл. Во приницп, го користам серумот 2-3 пати неделно, навечер и после ставање на серумот ставам и крем(NMF+HA) измешан со 1-2 капки сквален.
На какви лузни мислиш? Темни дамки или acne skars(дупчиња од акни)? Ако имаш како дамки продолжи да го користиш црвениот пилинг, и ако имаш доволно години (над 2 би ти препорачала ретинол со ниска концентрација и витамин ц. Нормално во соодветна рутина не сите наеднаш А уз тоа и козметички третмани. Ако правиш козметички третмани тогаш без ретинол и аха. Јас сум паталец со огромни лузни ама не знам точно д ти кажам од козметика што ми помогна, зашто пробував еден куп работи
Искрено мислам дека на дупки баш и не може да се очекува некое дејство, сепак не може било каков третман да пополни дупка, сепак ова е пилинг, и претпоставувам девојките што пишале дека им помогнало се работи флеки (дисколорација на кожа) а не лузни.
Дупчиња од акни и лузни не може да се измазнат со никаков хемиски пилинг. За да се израмни дупка треба да се пополни со нешто, па ставаат dermal fillers или со fat tranfer. Ова го пишувам со добра намера за да се има реални очекувања. Минимални подобрувања може да има со ретинол бидејќи помага побрзо да се обнови кожата. Хемискиве пилинзи помагаат за флеки од акни, дамки настанати од сонце и сл што е баш на површината на кожата. И секако треба време и упорност, не може да има видливи резултати за еден месец.
Многу од продуктите ги нема речиси,па и да правам нарачка ќе треба по некое време пак да правам. Во врска со ретинилот @pdb123 има два вида па те замолувам ако не ти е тешко кој го препорачуваш за затегање на лицето? И уште нешто да прашам кое од серумите е за подочници бидејќи како што читав и разбрав кафеинот не помагал за темни кругови.