Мене многу ми помогна , сите сме различни кај некој делува кај некој не. Плус имам проблем со штитната жлезда и очите ми се ептен подуени , со помош на кофеинот некако ми се намалува отеченоста . И уште нешто трепките ненормално ми пораснаа од него ! Поделени се мислењата за него ...
Еве како од deciem ги имаат класифицирано ретиноидите: Јас би ти препорачала да почнеш од low strength, значи Retinol 0.2% in Squalane, па по некое време да пробаш moderate strength, само не брзај. Ако подочниците ти се заради тоа што ти се познаваат вени во тој предел, можеби би ти помогнал кофеинот. Освен тоа, мислам дека нема друго решение освен да ставиш филери. Ако имаш подочници заради подуеност, можеш да ставаш нешто студено наутро за да помогне во нивно намалување: на пример, ладни лажици од фрижидер да ги подржиш под очи. Ако имаш пигментирани подочници, т.е. бојата на кожата околу очите ти е потемна од остатокот од лицето, тогаш најдобро е да бараш креми за очи (или креми за цело лице бидејќи е поекономично) со нијацинамид, витамин Ц или било што друго што може да помогне со пигментација. Во овој случај, не мислам дека ти е баш сигурно да користиш од серумите во тој предел, бидејќи содржат поголеми концентрации од тие состојки кои можат да се иритирачки за околуочниот предел, па затоа и споменувам креми.
Мислам дека се добри бидејќи помагаат во стимулирање на колаген и побрза обнова на клетките со што би се намалиле флеки од акни, од сонце, помага и за намалување брчки. Исто така го препорачуваат и за ваков проблем, баш гледав кај др. Дарвин Лим цела процедура и имаше доста подобрување за лузни од акни. Пиши на јутуб dr davin lim microneedling и ќе ти излезат многу видеа поврзани со оваа проблематика.
Нарачувал ли некој во скоро време од Deciem? За колку време ја испраќаат пратката од Велика Британија? Треба да напишат бар некоја временска рамка за кога да очекуваш да ти стигне нарачката, немаат ни estimation ни ништо. Ќе разберам да се чека подолго ама вака ич немаш претстава што да очекуваш.
Јас порачав пред нова година сеуште немам ништо повратно. Дури и кога проверувам статус нема ништо само дека е платено и на која адреса треба да се испрати производот.
Па имај во предвид нивниот Божиќ, па Нова Година, па нашиот Божиќ. Тоа ти се 2 недели скоро празници. Во нормални услови мене ми стигнуваше за 2 до 3 недели, плус овие две, каде и да е крај на Јануари ќе треба да ја добиеш.
Во право си. А кажи ми дома ти стигнуваше производот или картонче оставаат од пошта да одиш да си го подигнеш?
Женски во пошта е полно нарачки од deciem, јас бев да си ја земам пратката од beauty bay, не ми стигна ништо само видов на пошта страната дека поминала на царина и ми стоеше 4-5 дена во пошта како остаток и вртев на контакт не ми крена никој и отидов во емс ми ја дадоа, и човекот таму ми вика па нема кој да ги достави за тоа не сме ти ја донеле, така да да знаете од deciem е полно нарачки барем едно 40 видов, ако сте од Скопје поминете во емс проверете си најдобро Ве молам вие што користите производи на TO да ми дадете совет, немам проблематично лице но имам како бели точкици нешто како мозолчиња ама преситни и гледав дека AHA BHA пилингот помага, е сега што после тоа, бидејќи џнам дека е јак, што друго од ТО користите во комбинација со него?
Јас кога го користам тој после него ставам "потешка" крема за да ми ја заштити кожата. Ја користам Веледа скин фуд за навечер. Го користам во недела навечер и тој ден не користам други активни состојки. Другите денови комбинирам, една вечер ниацинамид, една вечер ретинол 0.5%.
Каков тип на кожа имаш? Јас моментално имам нормална со масна Т зона, ама тоа е променливо некогаш доаѓа до степен да ми е пресува, а не менувам ништо во негата, за тоа сакам сега нешто да сменам
Исто, нормална со мрсна т зона. Е сега зимава ми е посува па затоа и користам таква крема, ама во лето ќе ја сменам за полесна зошто тогаш ми е помрсна.
Здраво, може да ме насочите каде ги порачувате производите на The Oridinary и дали можеби се достапни некаде во Македонија за купување? Ви благодарам.