Сакам да го порачам овој крем, па вие што сте порачувале може да ми кажете од каде е најисплатливо да го порачам?
Пробај од lookfantastic имаш фри шипинг. Ама јас би се распрашала дали даваат тракинг бројче и дали имаат рефунд на пари ако не стаса пратката. А можеш и од бјути беј ама се плаќа поштарина. 3.95 евра
Јас од lookfantastic го порачав овој производ и некаде 20 декември ми имаше стигнато, од тогаш до пред НГ го користев , и не знам , некако не сум задоволна. Почнаа да ми излегуваат ситни акни со гној во делот на брадата , и кога престанав да го користам , престанаа и акните. Дали некои креми не смеат да се мешаат со производиве , или пак треба и други производи од The ordinary да земам и истовремено да користам. Сега така ми стои цело пакување , а можеби само една недела го користев.
@buba4e89 за порачка над 40 евра е бесплатна поштарината (за Грција зборам) имав порачано над 40 евра и ништо не платив екстра..ќе го пробам пак , криво ќе ми биде ако не ми одговара зашто ги фалат овде доста производиве
Бесплатна е поштарината за било која сума и рефундираат пари без проблем. Мене ми каснеа производи, одма ми вратија пари.
Починал Brandon Truaxe, основачот на Децием. Не знам колку следевте, во октомври беше отпуштен од компанијата по неколку контроверзни изјави, проблематични постови на официјалниот Инстаграм профил на Децием и слично. И покрај тоа, беше креативен гениј кој отвори 10 компании одеднаш и за кратко време постигна невиден успех со The Ordinary. Нека почива во мир. Официјалната вест
Да прашам вака нешто може? За колку време ви стигаат од бјутибеј нарачките а за колку од лукфантастик? Пријавив на б.беј дека долго време ги нема, па ми пратија некои формулари па се мислам вреди ли да ги пополнувам?! Или да не се мачам
Многумина имаат вакви реакции од ниацинамидот, додека кај едните потполно ги смирува акните и маснотијата кај другите предизвикува ситни бубулички. Мене ми е одличен, на сестра ми и предизвика реакција. Ниацинамидот единствено не смее да се меша со витамин Ц и ретиноиди. Коритсаки, зависно од тоа што сакаш, за избистрување на тенот, за израмнување на текстурата сметам дека подобро е да пробаш со некоја полесна киселина за ексфолијација како тоникот, Lactic Acid5% или Mandelic. За потхранување, свежина, резистентност на кожата и превентивно против стареење Buffet серумот според мене вреди секој денар. Според мене е нешто како верзија на ANR на Есте Лаудер но за многу помала цена.
Имам и јас ама мислев е од ретинолот. Не мислам да прекинувам туку идев по она прво лошо пред да биде добро. Мислам и од ретинолот може таква реакција. Се надевам дека ќе престанат по некое време. Секако не ги користам во исто време
И кај мене ниацинамидот покажа таква реакција кај второто шишенце и сега не го користам. Ако имам раничка од акна само тогаш ставам од него. После 5 месеци користење на aha 30% + bha 2% peeling solution можам да споделам дека ми е најомилен производ. Кожата ми е мазна и цврста.Немам ни ситни внатрешни комедони ни милиуми под очите . Јас имам отприлика уште за три употреби, бавно се троши, деновиве планирам да нарачам пак.
И јас имам иста реакција од Ниацинамидот и не планирам повеќе да го користам. Се мислам само aha 30% + bha 20% да ја пробам и тоа е тоа скептична сум за другите производи а и кожата ми е пресензитивна од многу производи со акни се правам.
Кој ретинол го користиш? Јас го почнав Granactive Emulsion 2% рано е за резултати, но немам исфрлување до сега, се надевам воопшто ќе немам
Еве што користам. Него го нарачав, пишуваше постешенонрадинбилдање толерантност. А ова нарачав. Се надевам нема да се џабе фрлени парите за се. Во принцип имам мн проблем со црнки и whiteheads. Плус сакам сјај и превенција за стареење Со акни после второво дете повремено само имам проблеми. Која крема со фактор ја користите?
Јас ја користам оваа. Презадоволна сум, а чини нешто помалку од 300 ден. во ДМ. За комбинирана кожа како мојава е одлична, лицето ми е меко и нежно. И второ пакување си зедов некни.
SPF 15 е премал фактор за заштита на лице, особено такво третирано киселини или ретиноид. Без разлика што сме зима сонцето е едно од најштетните нешта за кожата. Користам Eucerin spf 50 gel cream oil control. Дури на одмор, на најсилното сонце со нанесување по секое капење не ми запушуваше порите и не остава бел траг.
Јас користам Каротен мат, има 30ка и 50ка мислам, јас го зедов највисокиот ЗФ, 50ка. Цената мислам дека со 30% попуст беше 200 и нешто денари, не се сеќавам ама ја купив од Веро летоска па да ја дотрошам. Ниацинамидот кај мене е супер, ама го користам само во Т-зоната или директно на некоја бубулица ако ми се појави во меѓувреме. Следно сакам да го земам маслото од роза, да видам дали ќе ми се допадне. Веројатно ќе го биде и за околу очи? За тој дел многу повеќе ми одговараат масла него ли креми, таков впечаток имам. @DzingrlakaDzikica ти го користиш маслово за околу очи?