Ке може да ми каже некој како да направам рутина, односно што со што може да се става. Сега за сега користам нијацинамид и Аха-бха пилинг (Подолго време)а сакам да воведам и Lactic acid и тоникот со гликолна киселина.
Не сум сигурна дали имаш потреба од толку многу производи со киселини. AHA 30% + BHA 2% во себе веќе ги содржи и glycolic (прва состојка) и lactic acid. Ако си решена и во други денови да правиш ексфолијација, тогаш би ти рекла одбери максимум уште 2 дена за вкупно 3 пати седмично да правиш ексфолијација (преку еден ден). Ако мора баш да ги користиш и тоникот и серумот, тогаш во една седмица би испаднало еден ден тоникот, еден ден серумот и еден ден пилингот.
Само за информација. Нарачка направена од децием 26.12. Вчера пишуваше дека е стигната кај нас и на царина. Утрово дека е во пошта и ќе се достави наредниве денови. Пред 2 часа поштар ја донесе до врата.
И мене ми стигна денес нарачката од 30.12 само што ми се јавија од брза пошта да одам сама да си ја подигнам, со тоа што не морало лично да одам.
Мене ми се јави дечкото дали сум дома. Праша дали може да се симнам, ама јас со мало дете, па на крај си ја донесе до врата.
Фала ти ке направам така, сум заборавила исто да кажам дека нарачав и Granactivе retinod 2%, Како да го вметнам него? Не знам дали згрешив што ги нарачав овие..многу киселини да не ми дојдат. Немам големи акни но имам ситни и многу проширени пори.
Не е проблем што си ги порачала наеднаш - никој не рече дека мора сите да почнеш да ги користиш веднаш (а штедиш на шипинг и на време на чекање да ти стигнат производите). Јас искрено би одела вака: еден ден седмично би го задржала за пилингот и прво би пробала уште еден ден (еднакво оддалечен од денот на пилингот) да искористам lactic acid, чисто за да видам како ќе ми реагира кожата, дали ќе може да ми ја поднесе. Тоникот со glycolic acid би го оставила за понатаму, откако ќе потрошам еден од двата серуми (најверојатно пилингот). Велам lactic acid бидејќи ем е послаба киселина од glycolic, ем glycolic acid веќе е доминантна во пилингот, па да не претерувам со неа. Glycolic acid најдлабоко делува од сите AHA, па после пилингот можеби не би имала потреба за подлабока ексфолијација преку седмицата - доволна би ми била и поблагата, понежна ексфолијација на lactic acid. Се разбира, во зависност од твојата кожа, може да испадне ни lactic acid да не ти е потребна, туку доволен да ти е само пилингот. Ова ќе го знаеш ако почнуваш многу да се вцрвенуваш по нанесувањето на lactic acid или почне да те пржи и боли кожата. Значи, океј е нормалното пецкање, но ако трае и е болно, веројатно ја иритираш кожата. Ако утврдиш дека и lactic acid е океј, тогаш максимум уште еден ден можеш да ја додадеш во седмицата, иако мислам дека покрај толку јак пилинг не би имала потреба. Ретиноидот би го вклучила во денови кога не користам ексфолијант, веројатно околу 3 пати седмично. Ова значи дека некои денови воопшто нема да ставам ни киселина, ни ретиноид, и тоа е во ред. Не би го почнала сѐ додека не сум на чисто како ми реагира кожата на комбинацијата ексфолијанти, како што пишав погоре. Значи, би почнала да го користам најрано по 3 седмици или месец откако сум ја вметнала lactic acid и имам рутина за која сум сигурна дека ми одговара. Ваквиот пристап не само што ќе те спаси од можна иритација поради толку нови работи наеднаш, туку и ќе ти даде простор да видиш колкав и каков ќе е ефектот од секој поединечен производ. Со киселини и ретиноиди не треба брзање и не треба „бомбардирање" (сѐ наеднаш или сѐ пречесто) бидејќи можеш да си направиш неуслуга самата себеси.
Никако сите три киселини во исто време. Млечната е најслаба, па гликолната и најјака е аха-бха. Кога веќе си ги нарачала сите три почни првин со млечната користи ја некое време три пати неделно. Потоа кога ке ти се навикне кожата почни со гликолна киселина. Кога ке се навикне лицето и на гликолната тогаш почни со аха-бха. Јас така почнав да ги користам, моментално гликолна ставам на лицет. Киселините се многу убави, но само со правилна употреба. Само немој сите три во исто време, не е исправно воопшто и нема да видиш никакви подобрувања, само можеш штета да си направиш на лицето. Инаку користам и ретиноид 2% емулзија. Во ист ден со киселина никако, два пати неделно ставам од киселината и два пати ретиноидот. Претходно користев ретиноид 2% во сквалан, масло и ми беше поубав од емулзијата. Дали дека имам посува кожа и ми пријаше маслото повеќе не знам.
@pdb123 @oblace1 Ви благодарам многу за одговорите и ке ве послушам. Само сакав да надополнам дека јас аха бха користам веќе 6 месеци, гледам разлика но не нешто wow, некако само ми го измазнува лицето но само наредниот ден. Затоа сакав да вметнам и некоја друга киселина што ке можам почесто да ја користам. И исто немав некои реакции да ме пече многу или да ме боли, малце ме пецка ама ништо страшно.
@Slatkish255 Погрешно сум те разбрала, мислев сега прв пат почнуваш со киселини. Штом ја користиш аха-бха продолжи или замени ја со друга. Ама во исто време две да користиш мислам дека ке ти е многу. Јас и од млечната и гликолната имам убави резултати изедначена и сјајна ми е кожата на лицето.
Мене ме интересира дали има некаде потврда/доказ дека ова не е штетно за кожата? Мислам, киселини, а -у?
Општо од некаде/некој, потврда или доказ, дека ова не е штетно? Од кога почнаа оваа мода на киселини за кожа на лице? Не ми е јасно.
Научно е покажано дека е корисно. Не е неопходно (за секој), но за тој што има потреба е корисно. Овие работи се познати од одамна, но мислам дека беа користени само во поскапата, полуксузна козметика или кај дерматолози и естетичари (кои и ден-денес не им се пристапни на секој). Мислам дека The Ordinary беа тие кои ги направија попристапни и за луѓето кои не можат да си дозволат да купуваат на пример Estee Lauder итн. Со тоа се отвори пат и љубопитност кај потрошувачите и последователно се зголеми и побарувачката, па мораше да се „раздвижи“ цела индустрија, односно и останатите фирми мораа "to up their game" и да почнат да нудат такви производи.
Му се мислам на ретинол 0,5 или 0,2 ради ПИЕ но да не ми направи проблем со лицето? И онака едвај се спасив од акни со редовна рутина..