Не би требало, најнеагресивен е, е сега за со сигурност не можам да ти тврдам, сепак секоја кожа е различна. Ако почнеш да го користиш, користи го навечер, на чиста кожа, само него. Ништо друго не ставај. Наутро убаво хидрирај ја кожата, бидејќи ретинолот ја суши кожата. И обавезно спф.
Јас користам наизменично ретинол и ниацинамид, една вечер едното една вечер другото, а после нив крема. Не ги комбинирам со друго.
The ordinary имаат во продажба нов производ , коректор во 36 нијанси. Па ако некоја го проба нека пише
Од гранактивниот ретиноид не би требало бидејќи најмалку предизвикува иритации и најнежен е, а може на почеток да ти излегуваат белки ама тоа е само недела до две. Ти препорачувам да го започнеш 2 пати неделно па откако ќе ти се навикне лицето можеш 3 пат неделно. Ако имаш ниацинамид убава комбинација е за користење заедно со ретиноидот. И обавезно хидратантна крема и утрото заштитен фактор.
Се мислам кој производ да го порачам: AHA, salicylic masque или Hylamide pore flush. Досега користев салицилна од Ревокс, ама сакам подобри ефекти. Имам мали breakouts најчесто во пределот на Т-зоната(најмногу на челото, пред мензис), а сакам да го решам проблемот и со порите и себумот. Што предлагате да порачам? Дали АНА би била премногу силна, некако со страв го гледам тој производ.
Ако не ја користиш пречесто и не ја држиш предолго на лице не би требало да имаш проблем. За почеток ќе си почнеш со 5 мин, па постепено ќе накачуваш, но не подолго од 10 мин. Ефектот што го дава е предобар - здрав сјај на лицето, помага во ослободување од мали нерамнини што ги има по кожата, лузни и слично.
По употреба на Aha + bha пилингот чувстувам чешање на лицето. Дали е нормална реакција дека прв пат го употребувам?
Мене некогаш ме пецка ама не ме чешало, пробај помалку време да го држиш наред пат. Следен пат ако ти направи таква реакција подобро да не го користиш.
Го оставив околу 5 минути на лице и во тоа време немав никаква реакција. Потоа се измив и ставив NMF + HA и осетив чешање но не многу јако. Сега е потсмирено.
Јас имам минимално чешање, ама онака скроз минимално. П.с има ли од мајка роден што успеал цело шишенце да потроши пред да му поминат 12те месеци од отварање? Еве уште следните два месеци ќе се користи ,а не сум ни до пола.
Јас го користам веќе месец ипол а до пола ми е потрошен,ама јас ставам на раменици,задникот,лице и врат ..требаше повеќе да нарачам кога имаа попуст. Дали за брзо ќе има пак попуст ?
Тешко јас ставам многу на лице( за пилингот зборам) за да се потроши пред година. До октомври сигурно ќе го потрошам
Ја на почетокот имав минимално пецкање иако го држев по 5 минути, па постепено накачував. Сега ништо више. На почетокот ставав помалце ама последниве месеци почнав по повеќе за да се троши. Ако претходно ми беше блеееедо црвено сега ставам да се види фино и се троши. До јуни ќе го нема. Мене со ниацинамидот и гликолната ми е ова проблем, ставаш ставаш не бре не се троши. Големите проблеми на малите луѓе