Хахаха буквално, јас другото користам редовно и за 3 месеци е празно шишето ама ова колку и да ставам не се троши Јас сеуште имам печкање дур ми е на лице, ама читав дека на многу луѓе им се случува.
Да ти кажам би ставала ако ете наредниот ден не планирам да излезам на сонце. Сепак еднаш неделно се става мислам вака не би требало да имам проблем.
Ќе го ставаш навечер пред да си легнеш и обавезно ќе ставаш крема. Јас го користев во лето и немав проблем. Само тоа ќе го правиш еднаш неделно.
И сега еднаш неделно ставам и пантенол крема. Ќе гледам да биде ден кога нема да излегувам,па вечерта да ставам. Thank you
Кој ниацинамид го користиш? Јас го имам оној во прав и гледам сега на тегличката пишува рокот му истекува февруари, а нарачан ми е септември всушност тогаш мислам и излезе во продажба продуктот. Повеќе од пола тегличка си стои, а скоро па секој ден ставам. Кој е тој феномен што ќе го искористи за толку кратко навистина не знам.
Сакам да ја замолам членката @pdb123 која пиша за ретиноидот или ретинолот ( серум за затегнување на лицето ) да напише кој поточно за да го порачам.
Мене ептен брзо ми се троши серумот buffet+copper peptide 1% внатре имам помалку од пола дали јас многу ставам.. е сега за жал нема да можам пак да го купам. Англија излезе од ЕУ и овде кај нас ставаат царина на пратките над 22 евра дали има некој сајт друг од ЕУ каде што може да се порачуваат TO или?
Се англиски страни. Отворив во retailers на нивната страна и има едно место каде што се продаваат во Грција (можеби и онлајн можеш да порачаш оттука?): Видов и во online retailers, ама нема за Грција, па да провериш ако можеш да порачаш од страните за останатите ЕУ членки.
Течниот, со цинк што е. И не би го менувала. Гледав видеа од Касандра кај што го користи овој во прав, премногу замарање ми е тоа и не ми е толку хигиенски. Ми нема некоја поента за толку да си играм лабораторија по дома. И она баш истото го имаше прокоментирано во видеото дека иако на прв поглед овој во прав изгледа поекономичен, реално тешко е цел да се искористи. Два пати на ден ли треба да ставаш за да дојде то точка да ти се исплати. Пипета му е мајката.
Hylamide pore flush- го користам веке 3 месеци и сум ептен задоволна за намалување на пори и држене на порите чисти- Имам прилично просирени пори на носот и овој продукт си ја врши работата ептен. За мали брејкаут нема да ти помогне, па би ти препорачала да си комбинираш повеке продукти. Секако без претерување и не се оддеднаш.
Ако маската е обична, за хидратација или не содржи други активни состојки (киселини, ретиноиди итн), не гледам зошто да не може после неа да се стави пилингот.
Со Хујалуронска киселина е, за хидратација. Мислам најдобро да прескокнам вечерва, да ставам друг ден. Фала ти
Хијалуронската киселина не спаѓа во активни состојки. Активни состојки се нарекуваат оние само кои можат да предизвикаат cell turnover, како (ексфолијациските) киселини и ретиноидите. Хијалуронската киселина нема таков ефект, туку како што кажа ти, служи само за хидратација, т.е. само за привлекување на вода од околината. Затоа можеш и да ја комбинираш со сè, односно не предизвикува негативни реакции при употреба со активни (и други) состојки (освен кај тие луѓе што се и онака алергични на хијалуронска киселина). Но се разбира, можеш да одбереш да не ја користиш со пилингот, ако не сакаш .