Јас го користам. Имам сува кожа и супер ми е. Го користам 3 пати неделно. И еднаш неделно AHA пилингот. Мене оваа комбинација ми одговара. Јас го користам првично за изедначување на тен
Здраво.Ке можете ли да ми предложете што треба да користам за дехидрирана кожа што брзо се масти.осетлива (склона кон акни но не мрсна)со проширени пори на образите и црнки на носот .. За дамки од сонце исто така.? Сакам некоја од киселините да пробам но некоја најслаба.и нешто за хидратација. Фала.
Земи си mandelic acid, најдобра за почеток а за хидратација јас сум презадоволна од amino acids + b5, како водичка е, многу лесен а прекрасно хидрира. И секако крема, имаме слична кожа па ако ти треба препорака, јас сум презадоволна од Alverde ultra sensitive. Секако обавезно и спф, секој ден, за да не ти излегуваат повеќе од дамки од сонцето, кожата е поосетлива кога користиш киселини.
Ти благодарам. А колку е поштарината од Deciem? Дали би можела со тие да вметнам и хијалуронска киселина?
После употреба на aha/bha од TO лицево ми е прекасно, ми сјае! Презадоволна сум, па кога ќе ставам и спф на 14 дена го користам и по 4-5мин. бидејќи 2-3 пати премногу ми се вцрвени лицево, но веднаш ми се смири.
Нарачав преку deciem на 10 февруари, вкупно 40€. Денес ми стигна, доплатив само на доставувачот 50 ден. за достава
Се надевам дека деновиве ќе ти стигне, би требало. Јас очекував за 3 недели да ми пристигне бидејќи такви коментари читав така да ептен се изненадив денес. Види full event history на линкчето што ти го имаат пратено на мејл за tracking.
Еве што пишува на нивната страна. Така што, не се плаќа царина до 90 евра, но се плаќа ДДВ. Јас имам порачувано порано пратки (општо, не од deciem) и над 45 евра, ама не сум платила ништо. Дали е среќа и ме промашиле или нешто друго не знам...
Јас го користам. Одличен е за мојата сува кожа. Го користам јас во комбинација со биодерма мицералната. Се користи така што прво низ прсти се “загрева” да стане масло и потоа така како масло се насенува на лице па се измива. Мислам дека за мрсна кожа не би одговарал
Неколку пати сум порачувала од deciem.com, секогаш ми биле над 50 евра, никогаш не сум доплатила. Последната нарачка ја подигнав пред помалку од месец дена.
Мојата пратка беше 30 евра, само што ја земав не платив ништо. Пратките ги праќаат од Белгија сега,како би се избегнале дополнителни давачки поради Brexit. Така да,мислам дека можете слободно да нарачувате.
Сакам од Понеделник да го вметнам ретинолот во ноќна рутина, па сакав да прашам дали може да го ставам само него и крема или треба после него хујалуронска киселина па крема??? @pdb123 можеби ти знаеш повеќе.
Третирај го како било кој серум, така што стави крема после него. Хијалуронска не мора, види како ќе го толерираш без неа. Ако многу ти го суши лицето, тогаш може да користиш и хијалуронска киселина. Ако и така ти е многу, ставај го после кремата. Се става на сува кожа, така што ако го ставаш заедно со хијалуронска киселина, ставај го после неа, бидејќи неа нели треба да ја ставаш на влажна кожа.
Во врска со порачките од ТО , последно една другарка овде во Грција порача работи над 50 евра и на пакетот пишуваше дека се пратени од Софија ,Бугарија ако е така супер , нема да плаќам царина при поголема порачка. Јас сакам да прашам друго нешто , има ли некоја што го пробала Squalane cleanser и путерите на Clinique take the day off и The body shop camomile, чисто да ми ги спореди ? Последниве два ги имам користено и се супер , на моево масно лице не ми прават плус маснотија. Се мислев за Скваланот да го пробам ама погоре прочитав дека не е за масна кожа. Некоја го има пробано ?
Јас го користам скоро секоја вечер врз крема. Не се упива остава мрсен филм. Немам пробано на сува кожа да го користам, да видам дали би се упило повеќе на тој начин. Мене ми се допаѓа затоа што лицето ми изгледа поубаво и посјајно наредниот ден. Можеш да го земеш hemi-squalane, другарка моја го користи и за лице и за коса, и она вика дека е одлично, и дека не и оставало мрсно на лицето ниту пак на косата.