Исто нарачав и јас. Ми стаса вчера од денес ќе го вклучам во рутина. Јас со 3 пати неделно ќе почнам Го користите retinol заедно со niacinamidе?
Јас прво би ставала hyaluronic, дека тој се нанесува на влажна кожа. Па коа ќе се впие тогаш ретинол на сува па хидратантна крема. Така и плус се добива хидратација пред и после ретинолот да не ја суши кожата. Во фрижидер го чувате?
Чекајте во фрижидер се чува?! Јас сакав секоја вечер да го нанесувам во работни денови бидејќи за викенди апстинирам од нив.
Се препорачува чување во фрижидер. Колку што се сеќавам 6 месеци после отворање е препорачливо да се користи.
Deciem велат во фрижидер да се чува. Ама незнам колку строго е ова. Се мислев во купатило на темно да го чувам ама пак топло е. Па затоа ме интересираше вие што користите како го чувате
Јас би ставала нијацинамид место хијалуронска. Не знам дали е добро така. Мене сеуште не ми е стигнато, пред една недела нарачав,ама во фрижидер ќе го чувам
И тоа ставам Вака точно ми иде редот навечер 1. Двојно чистење 2. Хијалурон 3. Ретинол 4. Нијацинамид 5. Хидратантна крема Еден ден ретинол, еден lactic acid. Со тоа што lactic по редослед ми иде после нијацинамид. И еднаш неделно AHA. А наутро, чистење, хијалурон, крема, витамин ц, спф 50. Ова за мене одлично функционира. Со тоа што сега ново ми е ретинолот само. Ќе видиме како ќе се покаже
Па не. Се ова брзо се впива. И ги ставам едно по друго Витамин ц само потешко се впива. Спф ставам после 5мин. Ама тој најубаво реагира коа ќе се измеша со фактор и тогаш ми легнува убаво на кожа. Ако го оставам само него многу тешко се впива и како да ми стои надвор на кожа. Па затоа ставам спф и коа сум дома И така и најмногу бенефит имало. Инаку за ретинол и нијацинамид читав дека најдобро било да се со разлика пола час. Иако на deciem нема вакво инфо официјално сепак ќе почекам коа ќе имам време и не се брзам за спиење
Здраво девојки, дали некоја од вас го има користено Glycolic Acid + 7% toning solution, 2% Salicylic Acid или 2% Salicylic Acid masque и Azelaic Acid Suspension 10% од ТО? Што би ми препорачале од Retinol 0.5% (или 0,2%) in Squalane и Granactive Retinoid 2% in Squalane? Не сум користела до сега Ретинол но сакам да го вклучам во мојата рутина. Од acid што би ми препорачале за мрсна Т зона со проширени пори и кожа со тектура и акни/брунчиња? Направив тест за да видам кои производи би требало да ги користам со оглед на тоа каква кожа имам и кои се моите проблеми и ми ги даде овие: - Squalane cleanser - Niacinamide 10% + Zinc 1% (што веќе користам) - Azelaic Acid Suspension 10% плус протектор што веќе користам.
Јас користам комбинација од Ниацинамид и Азелаик 10% и сум задоволна. Имам чувство дека порите ми се прочистени плус кожата доста ми се измазни и главната причина зашто ја земав Азелаик, ми ја унифицираше некако кожата. Претходно имав блааго црвенило на носот и образите ама тоа најбрзо ми се смири. Мене лично многу и ми се допаѓа текстурата на Azelaic Acid, повеќе ги сакам вака кремасти него во гелни варијанти. Гликолната исто ја користам и сум задоволна иако од неа ми требаше повеќе време за да видам некои резулати. Мислам дека ми помогна во превенција за исфрлање на кожата периоднично (немам и никогаш сум немала проблем со акни), посебно на челото што ми се случување. Нешто помалку од година ја користам и ретроспективно од поодамна не ми се случило нешто од тој тип. Само мене ми смета што многу бавно ми се троши, не ја користам секој ден, преку еден ден вообичаено и имам уште доста. Знам не е некој голем проблем, ама лично не сакам преголеми пакувања. Него, сакав да речам, не ми прави мерак некако ова маслото од Squalene.... Имав поголеми очекувања, го ставам само навечер, капка две со кремата и наутро уште ја чувствувам масна кожата. Веќе колку два месеци го користам и некако не е тоа тоа. Ќе го терам може уште малку, додека е поладно, ама од мај натаму не ќе да е ова за мене. Ќе мора нова нарачка да се прави
Тогаш може да ја порачам Azelsic-от. И јас имам исто така црвенило (од незнам што) помеѓу устата и носот. Од станите сум малку црвена. Јас ја имам и Glycolic Acid но лицето наместо да ми го “спаси” од брунчиња ми го прави со. Плус ми е како зејтин наредниот ден цело лице. Ја користев месец дена без никакви позитивни резултати и сега така стои.... сакам да пробам со Salycilic дали ќе ми се исчисти по добро. Retinol немаш користено? Сакам малце “живот” да и дадам на кожата, многу ми е мртва и почнуваат и брчки да ми се прават. Би сакала нешто како plumping cream да си земам ама незнам која би била точната крема за тоа. Не сакам од тие anti-aging 55+ што се уште сега да земам. Далеку сум од 55 А дали исто така користиш некои од тие маслата за чице?
За plumping ти треба хидратација, така да земи си хијалуронска или тоа Marine. Некој добар хидратантен тоник, серум можеш исто така.
Дали можеш да ми препорачам добар серум или тоник што не го мрси лицето? До сега само хидратантен и креми сум користела
Не ти го препорачувам Marine hyaluronics. Ништо не направи за мојата кожа. Џабе го користев... Инаку ниацинамидот го намалува лачењето на себум. Кај некои луѓе доаѓа до појава на акни на почетокот, нешто како период на прочистување на кожата. А кај некои воопшто нема појава на акни. Нема да знаеш како ќе ти одговара на тебе додека не го пробаш. The ordinary го имаат само тоникот со 7% гликолна киселина. Има ексфолијантно дејство и не се препорачува да се нанесува секој ден. Разгледај во темата за тоници, сигурно ќе најдеш нешто што би ти се допаднало.
Ќе пробам тогаш со другата што ми ја препорачаа. Гледам и добри коментари има на интернет. Инаку ниацинамудот го користам веќе година дена и ми помогна бааѓи но сепак мислам дека треба да додадам уште нешто во рутината за по мазно лице, помалце пигментација/црвенило и добра хидратација. Тоникот сепак не ми беше баш погоден. Ќе земам нешто друго