Една вечер ниацинамид + крема, една вечер ретинол + крема, секој ден освен недела кога користам Аха+Бха и потоа нанесувам крема.
Девојки здраво знам дека е ова дел за нега на лицето, но дали можеби некој од вс го користел серумот за раснење на косаод Ordinary? сосема случајно налетав на еден клип од блогерка која го препорачува, па сакав да ве прашам за мислење * администраторот слободно може да го премести моет мислење , доколку смета дека е поставено во несоодветна категорија
Јас го имам користено и сум презадоволна, сега нарачав по втор пат. Мене не ми ја мастепе косата и го намалив опаѓањето на буквално неколку влакна дневно. И забележав раст на нова коса. Малку е непрактична амбалажата па јас го префрлив во шише со пумпица за полесно нанесување.
Користејќи го Ретинолот веќе две недели можам да кажам дека членката што пиша дека може да ме нафрли беше во право. На едниот образ во близина на носот имав црвенило и како акни кои во текот на денот исчезнуваа,на крајот од образот во близина на увото исто, кај брадата ми излезе голема акна но јас и покрај се ова не престанав да го користам и џам ми го направи лицето. Е сега ја барав за затегнување нешто па затоа го земав ова ама не видов таков резултат.
Да, кај мене првите видливи резултати се појавија после 2 и пол месеци некаде. Затоа напишав барем еден месец за било кој серум.
Ниацинамидот и ретинолот можеш да ги користиш и во иста вечер. Чисто како инфо ако ти треба простор за нешто деуго да вметнеш И АХА можеш со ниацинамид. Аха, киселини и ретинол не
Како сте задоволни со ретинолот од The Ordinary? И искуство со серум од ефикасен за флеки од акни? Дека многу време носам маска сега и тоа место кај шо го опфаќа маската од пред месец почнаа да ми излегуваат црвени воспалени акни и кога ќе поминат флеки имам...никогаш вакви сум немала Ме нервира флеки шо остануваат црвени.
Дали некоја од вас има користено ретиноид? Колку време ви траеше периодот на purging? Помина 1 месец откако го користам, го ставам 2-3 пати неделно, а состојбата на лицево е се полоша. Инаку почнав да го користам зашто дерматологот ми препиша третиноид, но не можев да најдам па читав reviews дека ретиноидот е исто што и третиноидот но со помала концентрација на активна супстанца.
Јас моментално го користам заедно со шампонот на Vichy. Некоја разлика за овие 15 дена немам приметено. Ако не ти се брза прашај ме по еден месец. По структура ист е како останатите серуми за раст со тоа што овој е помалку мрсен ама повеќе мириса. Обично треба да чувствувам како бубалки да ми минат по главата на тој начин знам дека серумот е јак. Овој не го прави тоа. Ќе видиме, не се откажувам сега за сега.
Не знам дали е можно да е истиот случај и со тебе, ама мене само тој ме исфрлаше. Не многу, но сепак... Додека, со тие во сквалан немам никаков проблем. Ако сакаш, пробај. Ова е мое искуство.
Го имам пробано тој со сквалан, но не ми се допаѓаше конзистенцијата, лошо го чувствував на лице, лепливо, како да не упива, утредента при миење го чувствував дека го мијам тој слој.. Ќе му дадам шанса уште месец дена, се надевам ќе видам барем мало подобрување. Фала ти.
Јас го користам со сквалан пишав и понаназад ме исфрла,не многу ама сепак има. Инаку мрсен е,не упива и наутро кога мијам лице осеќам мрсно ми е. Ваљда така треба, ќе го користам уште некое време па ќе видиме.