1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Од овој бренд има ли некој производ за акни? т.е што помага против акни.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Дали производиве ср купуваат само онлајн или некаде по Европа може да се најдат да се купат на само место?
     
  3. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    2.378
    Јас во Германија ги купувам во Даглас и Сефора, а за во други земји не знам.
     
    На Ula му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Во Сефора ги има?
    Во сите?
    Плиз хелп.
     
  5. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    2.378
    Ги нема во секоја Сефора, барем такво е моето искуство. А во Даглас ги има насекаде. :)
     
  6. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Ги имаше во Сефора па раскинаа соработка и од пред недела две ја обновија. Што значи ги има пак во Сефора, но може не се стигнати насекаде.
    Ако нарачаш од официјалната страна на Deciem стигнуваат за 10тина дена со ЕМС пошта до врата.
    Од Beauty Bay малку повеќе и ги подигаш од локална пошта, ама предноста е што можеш да комбинираш нарачка со други марки на производи.
    За Даглас засега само во Германија имаат објавено дека ги има. Има мапа на сајтот во кои Дагласи точно ги има.
     
    На Heyhi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Не сум го користела околу очи. Го купив за старите лузни од акни.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    ти помогна ?
     
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Ми се појавија цистични акни на брадата. Ви се има случено?
    Од вчера го исфрлив ретинолот да пробам ама пак имаше нови плус ситни гнојни на челото. Навечер сум со крема вит ц и уље.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    И јас мислам вечер да го пробам ниацинамидот само на т-зоната и на бубулици.
    Сакав да прашам веднаш после тоа можам да ставам крема за лице или да почекам неколку минути?
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Можеш да почекаш некое време за да се впие, како ти одговара.
    Јас зависи како ми се погоди, ама обично чекам малку да се впие па ставам крема.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    А со раце нанесуваш или со туфтер?
    Секој ден или?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Со прсти, немам навика за со сунѓерче, ама како си навикната така нанесувај си, не е толку битно.
    Можеш слободно да ставаш секој ден наутро и навечер (или како ти одговара, јас ставам и наутро и навечер), пред да нанесеш крема за лице.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Околу кремата да те прашам и не те тормозам веќе.
    Јас ставив од нивеа софт после пола час од нанесувањето. Таа е малку мрсна и веднаш се впива.
    Е сега да не е проблем кремата, да не треба друга да земам?
    Фала ти
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Не ме тормозиш, таман работа. :D
    Знаеш дека јас не сум фан на Нивеа Софт и Дав онаа што е за лице. Подобро каква било дневна/ноќна крема од Гарниер или Афродита, отколку Нивеата, но ако ти одговара и ако си ја користиш за навечер може и таа.
    Изборот си останува твој, само гледај да ти биде кремата хидратантна, особено ако си го нарачала и хемискиот пилинг. За него си треба така побогата крема и некоја хидратантна маска.
    За со Ниацинамидот сосема доволна е само крема, јас не приметив да ми ја суши кожата.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не сум го нарачала пилингот,го земав ниацинамидот само за проба.
    Ќе видиме како ќе се покаже,ставив на цело лице ко за прв пат. Ќе пишам понатака.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Прочитав дека сите што го користеле забележале видлив резултат после три месеца секојдневна употреба. Јас го пробав првиот месец и после баталив (за жал) зашто стварно не можам да се навикнам на тоа лепливо, мрсно чувство.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ко за два дена не очекував вау резултат дури и рано е да се пише нешто, но забележав нешто.
    Бев исфрлена на образите и носот, исто така имав и црвенило. (Стварно не знам што се случува со мојата кожа, немав проблеми порано.)
    Два дена го нанесувам навечер после пола час ставам крема и толку е.
    Леплив е, не е којзнае колку.
    Следното утро кога станав забележав дека ми се повлекле бубулиците, а црвенилото го снема..
    Денес ставив пудра и забележав дека мрсниот сјај е намален малку. Пудрава имаше мал брашнест слој.
    Немав реакција на пржење бидејќи не ставав препарати пред него, сега за сега само навечер на цело лице за повеќе ќе пишам по некој месец.
     
  19. s17

    s17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    768
    Тип на кожа:26 години.Комбинирана со многу мрсна т- зона и многу сува периферија(особено зима),изразени пори и митесери на носот и образите,склона кон ретки акни во сувите делови на образите.Немам чуствителна кожа,но имам лесно црвенило на образите.Овие се сите продукти од The Ordinary што ги користам.Ги нарачувам директно од страницата на Deciem,многу побрзо ми стигнуваат во споредба со Beauty Bay.
    Секогаш ги користам во комбинација со други продукти од други брендови и ги пазам правилата да не се мешаат ретиноиди/киселини/нијацинамид.Омилени ми се:
    Matrixyl 10%-ја хидратира кожата и и дава здрав сјај.Субјетиквно,чуствувам дека стварно ми ги измазнува подлабоките бори на челото и образите.Има малце погуста конзистенција,се става мала количина.
    Lactic Acid 5% и 10%- Немам употребено порано киселини и почнав со 5%,на почеток по 2-3 пати во недела,сега почесто. Слаб ексфолијатор е,ама ефективен е и не ја суши кожата,напротив,особено за кожа која нема многу лузни ја препорачувам.Кожата ми изгледа многу поздрава.Кога имам потреба за појака ексфолијација ја заменувам со 10% или додавам Glycolic Toner кој исто така го препорачувам за вечери кога прескокнувам ретинол/ретиноиди. На почеток нормално е да се чуствува пецкање на кожата,ако ми се чини прејака или го оставам серумот 10 минути и исмивам со вода или само ставам некој хидратантен спреј на лицето.Лично,се трудам да не правам премногу ексфолијација на лицето,се тоа да биде градуално и балансирано па затоа веќе избегнувам скрабови или јаки маски од глина и слични,деновите кога користам киселини.
    Продукти кои не ми се свиѓат:
    Niacinamide+Zinc- има неколку причини зошто воопшто не го сакам продуктот.1.Во најдобрите денови никаков ефект нема на моето лице(акните,митесерите,порите).Во најлошите денови ми го прави хаос лицето и не ми беше јасно од што,мозолчиња од никаде,длабоки,црвени.Сега го користам во минимални количини само на носот додека ми се потроши. 2. Бидејќи го користам наутро,не го мешам преку вечер со другите серуми,има конзистенција на сируп и е многу леплива,ми ја мрси кожата,ме нервива и шминката не лежи убаво воопшто над серумот. 92D17DF1-0816-40A7-8A50-EC965FD010D3.jpeg
     
    На Albertos, Oxymoron, Zivyle и 7 други им се допаѓа ова.
  20. BlondeAngel

    BlondeAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве пратам долго време и гледам дека сте задоволни од производите, па би сакала да ве замолам за помош. Во последно време, лицето многу ми се нафрли со акни, кои во никој случај не сакаат да се повлечат. Имам кожа комбинирана со мрсна т-зона, па барам производи кои би ми помогнале во борбата со акните. Секоја помош е добредојдена. Ви благодарам.