Ни до половина не ми е потрошен, го ставам секоја вечер освен сабота и недела. Си имам еден редослед и така се водам.
Ретинолот се чува во фрижидер и трае 6 месеци од отварање. На ординари ретинолите се по 300-400 денари, секако се исплаќа
Хм. Ме замисли сега. Јас го имам тој во сквалин од ординари и во глава ми е дека трае 6 месеци. Ама ќе проверам после за сигурно. Го чувам кутивчето едит: побарав на децием не пишува, побарав слика на гугл и еве
@Angel06, можеш да го користиш и на остатокот од телото за да не го фрлаш неупотребен. Врат, деколте, дланки, под/надлактици, тука најмногу се гледа оштетувањето од сонцето (флеки, брчки кај деколтето, стареење на дланките).
Таков ми е цело време, упива ама бавно. После него обавезно стави крема, и ставај го најмалку еден час пред спиење.
Јас врз ретинолот ставам нијацинамид па хидратантна крема.И мини масажи со прсти да упие колку може . Офф, јас пред спиење сето ова го правам, дефинитивно ќе почнам саат пред спиење.
Да, во право си. Сеа видов, 3м. Во заблуда сум била, време ми е да си нарачам нов. А само што наоравив нарачка пред една недела Ако користиш заедно ниацинамид и ретинол треба измеѓу да има барем пола час разлика. Ставаш ниацинамид, па чекаш пола саат-саат па ретинол. За да имаш целосен ефект и придобивки. Инаку јас сега приметив зашто мене брзо ми се упива ретинолот. Пред некое време пишав дека имам сува кожа и ептен убаво ми се впива. Ама не било до тоа. До кремата било. Јас ја користам кремата од ординари и после ретинолот она ми е последен чекор. Пред некој ден ставив ретинол и нешто се зафатив и поле 40мин гледам сеуште не упиен. И ми текна дека не ставив крема. И после пробав, до кремата е. Коа ќе ја ставам неа одма се впива се. Можете да пробате вие што го користите ретинолот во сквалин од одринари. Еве ја хидратантната крема, една им е. 5евра е. Вреди да се проба како комбинација
Дефинитивно ќе ја нарачам да пробам и јас така. Инаку чекам 30 мин. меѓу ретинолот и нијацинамид, после уште 5 мин. па хидратантна крема.
Јас ја имам оваа крема на залиха, се сложувам одлична ми е. За Ретинолот ќе проверам на мојот кога ќе се вратам, не го земав за овде. Наредна нарачка ќе земам појак процент, овој ми се допадна.
Здраво девојки, Сакам да нарачувам производи од the ordinary ама врска немам што треба за моето лице. Дали некоја што е упатена повеке може да ми пише на приватно да и објаснам за моето лице и да ми помогне што поточно да нарачувам? ❤️
Имам оставено линк на претходната страна. Линкот е од децием, каде може они да ти направат рутина. Можеш и слика да прикачиш од лицето и да опишеш што проблем имаш и какви цели и они најдобро ќе ти кажат едит: еве го https://theordinary.deciem.com/mk/contact-form?target=RegimenWhat
За почеток ниацинамид и хујалуронска, крема moisturizing ( вака мислам беше ) и крема со спф. Сабајле и навечер да видиш дали лицето ќе ти ги прифати серумите. Добар клинсер ќе ти треба за секојдневно миење на лице ( true Alchemy proteins, bioderma sebium plaviot ) овие можат да се најдат тука во Мкд. А можеш да си земеш и салицилна ако имаш акни ( revox ).