1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Од која страна порачувате продукти на cerave i the ordinary? На iherb скоро секогаш има нешто што е out of stock а не сакам да ги цепкам нарачките, знам една страна од мкд што препродаваат ама цените им се дупло..
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    7.895
    Од Deciem. Нарачав на 13 април, на 21 ми се јавија од пошта.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Јасно ама таму има само на the ordinary
     
  4. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    7.895
    Да, за Тhe Ordinary мислев.
    Другата марка која ја спомнуваш не ми е позната, мислам немам ништо користено.
     
    На Ladyinblackkk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Lookfantastic,caretobeauty -провери ги.
     
  6. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали некој има забележано некаква промена во производите на Тhe Ordinary во последно време. Јас ги користам со години и досега ми беа супер. Со последната нарачка директно од страната на Deciem некои од производите изгледаат поразлично.

    На пример, AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution досега по нанесување изгледаше темно црвен како вино и даваше ефект на поизедначен тен и помазна површина на кожата. Новото пакување веднаш станува со бледо розева боја и буквално никаков ефект не забележав од употребата.

    Некои од другите серуми како да имаат поинаква текстура, полепливи се на допир.

    Не сум сигурна дали смениле нешто во формулациите или мојата пратка е нешто згрешена, се мислам дали да продолжам да ги користам.
     
  7. Cristina Yang

    Cristina Yang Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    И јас подолго време ги користам the ordinary, единствено разлика осетив кај niacinamide-от во текстурата и имав читано дека го смениле составот, но еве и со новиот состав кај мене пак производот си ја врши работата, а за АНА ВНА немам заприметено, се надевам дека нема да ги запустат, многу добри производи за многу пристојна цена.
     
  8. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Сега прочепкав во интернетов, Estée Lauder го откупиле поголемиот дел од Deciem, понатаму планираат и целосно да ја поседуваат. Пишува дека дел од производите се реформулирани ама не е нагласено кои.

    И јас се надевам дека нема да ги запустат, како што викаш :) Најмногу ги сакав заради едноставните и чисти состојки. Останува да видиме.
     
    На Aschenputtel и Cristina Yang им се допаѓа ова.
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    Сакам да нарачам TO производи преку МК insta страни ама сум малку скептик да не се фалш :?:

    Дали некој има нарачано TO од такви инста страници?
    Мислење?
     
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.830
    Допаѓања:
    5.172
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не се фејк, само што ќе ги платиш поскапо. Јас лично попрво би нарачала повеќе производи за да имам бесплатен шипинг, отколку вака да купам помалку производи за истата цена.
     
    На ludamaja10 и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  11. Cristina Yang

    Cristina Yang Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Јас имам нарачано само еднаш гликолна киселина, затоа што беше out of stock долго време на deciem a ми требаше итно. Немаше никаква разлика меѓу таа што ја добивав од deciem и таа од инстаграм. Јас мислам дека не се фејк, туку нарачуваат големи количини од deciem и ги продаваат дупло поскапо за да им се исплати и затоа не се официјални.
     
    На ludamaja10 и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.
  12. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67

    Здраво,може ли да ми пратиш линкови од тие страни? Не ми се чека и мене да добијат пак залихи ...
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20210504_152632.jpg
    Screenshot_20210504_152626.jpg
     
    На loreddie и Cristina Yang им се допаѓа ова.
  14. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20210505_121201_com.android.chrome.jpg

    Сакам да почнам со Ретиноиди, а појма немам што би ми одговарало лично мене. Имам дехидрирана масна кожа, проширени пори, изморена кожа, лабава кожа со ситни едвај видливи фини линии. Едноставно сметам дека мора да воведам анти ејџ продукти во мојот skin care.
    Кој е подобар избор за почетник?
    И како се користат?
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Ни едното, ни другото не се добар избор за почетник, затоа што се најјаки. Еве овде можеш да ја видиш јачината и можноста за иритација на сите ретиноиди:
    Screenshot_20210506_012647_com.google.android.apps.docs.jpg

    Пожелно е да почнеш со најслаб ретиноид и постепено да зголемуваш, но ако навистина овие ретиноиди со средна јачина не предизвикуваат иритација (види рецензии), тогаш можеш и со нив.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    Јасно. Овие горе ги зедов како пример само. Ке разгледам, фала. :inlove:
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Ретинолот во Сквалан 0.2% му поминаа три месеци не смее да се користи веќе така? Освен на лице, на друго место некаде смее или да го фрлам?
    Исто и црвениот пилинг остана малку му помина рокот.

    @pdb123
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Сѐ што користиш на лице може на телото затоа што е поотпорна кожата; обратното не важи. Што се однесува до ретинолот, штом рокот по отворање е 3 месеци толку им е тестирано веројатно дека е ефикасен или можеби маслото се расипува. Не би знаела да ти кажам до што е. Ако е до ефикасноста, во ред е, само пример не би имала исто резултати како во рокот. Ако е до расипување, тогаш може да те изиритира таков производ. Пробај, ќе видиш како ти реагира кожата, а и ако го користиш на тело, веројатно ќе (или барем обиди се да) го истрошиш во брз рок затоа што го користиш на голема површина.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ајде ќе пробам па ќе пишам.
    Друго сакав да прашам дали спрејот од Zinc+ може да се користи после хујалуронската киселина? Се вратив на старата рутина бар да ги потрошам серумите сега дека се отворени. И како да го вметнам тоникот пред или после серумите?
     
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Мислам дека зависи колку ти е толерантна кожата. Колку што знам, тој спрејот за цинк е за акни, па сега ако си потолерантна можеш директно после миење да клаваш, а ако не, после серуми или дури и крема. Од друга страна, најлесно е хијалуронската киселина да ја ставаш одма после миење лице затоа што веќе ти е влажно, па после да го ставиш останатото. Јас така би направила: миење лице, хијалуронска киселина, друг серум (ако не е маслен), па би се испрскала со ова (иако може и прво ова, па другиот серум). Нема толку строго правило.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.