Јас кога го користев спрејот со цинк зошто наместо тоник го ставав пред серум (нијацинамид или хијалуронска). Таман и дава влажност на кожата. Ама ова не значи дека е правилно, само таква беше мојата рутина.
Пилингот ми стигна денес, прв пат ќе го пробам. Хелп за бегинерс? Читнав шо и како треба за почетници но ме интересира и ваше мислење? Од овој профил нарачав, цената на производот е 640ден. + 150ден. достава.
Дали некој го користел ниацинамидот во прав и со што го мешате? Читав дека е дозволено со хелуронска киселина и со мицеларна вода ??? И дали на крај ср нанесува крема?
На упатството и на повеќе сајтови и видео инструкции прочитав дека 10мин. може да стои на лице па да се измие. Тоа ме буни...
10 минути е максимумот, и е откако ќе развие толеранција кожата. Јас скоро година дена го користам, почнав со 5 минути и тек после неколку месеци накачив. Искрено, 8 мене ми е златна точка. Еднаш го оставив точно 10 и имав малку црвенило наредниот ден на образите. Се смири ама не ми се ризикува, сепак е хемиски пилинг. Почни со помалку па понатаму покачи. И биди особено внимателна во летниот период што доаѓа, хемиски пилинг ја зголемува сензитивноста на кожата. Исто за тоа еднаш неделно, и тоа е прашање на толеранција, потреба и состојба на кожата. Јас имам релативно чисто лице и го користам на некои 8-10 дена. После пилингот ставам и крема и ноќна маска што не се измива, за убаво да се нахрани кожата.
8 минути ја оставив првиот пат. Немам иритации, чешање ниту црвенила. Ниту пак некој ефект како што сите пишуваат као демек одма се осеќало разлика. Немам никакво инстантно подобрување на текстурата на кожата. Или мене не ми делува или е фалш. Лол. Претходно се миев со Toleriane, а после пилингот ставив хидратантна крема Неутрогена. Утре (како и секој ден) обавезно крема со СПФ.
Воопшто ништо не осетив ни на тестот на раката ни на лицето. А, имам доста осетлива кожа. Се надевам дека ќе има резултати бидејки овој пилинг и ниацинамидот што го нарачав ми се последна надеж за порите.
Чудно,може толку ти е толерантна кожата баш ќе видиш наредните неколку пати. Мислам дека нема фејк the ordinary ама сега проверив на сајтот на deciem и го нема на залиха.
Девојки имам порачано производи од deciem на 4.5 треба да стасаат денес но кога отварам на нивната страна да ја следам порачката нема никакви информации дали некој имал ваков проблем?
Не на 4ти Мај ги порачав денес треба да стасаат и дали знаете од каде можам да порачам од Cerave на lookfantastik најдов бо не испраќаат од cerave само од the ordinary