Девојки го користам ретинол 0.1 после него го ставам niamicinot од the ordinary и на крај крем дали е во ред или правам грешка негде?
Не е толку важно, скоро и да нема врска. Ако го клаваш ретинолот најблиску до кожата, т.е. без да ставаш пред него ништо, најмоќно ќе го чувствуваш, затоа што немаш никаков buffer од други производи. Ова барем важи за крема, т.е. дали ќе го ставаш пред или после крема, оти сепак е потешка и погуста, а вака кога се работи за распоред на серуми не знам ни дали има толку врска. Истото важи и за киселините, се препорачува за „најмоќен" ефект (што не мора секогаш да е пожелен, особено за почувствителна кожа) да се ставаат први после миење лице, а потоа сѐ друго, па важи истото и за ретиноидите. Ако гледаш дека не ти се јавува иритација со ставањето прво на ретинолот, не мора да менуваш.
Важно е, важно. И ептен има врска редоследот. Ако го утнеш редоследот ќе немаш ефекти. Ординари имаат објавен точен редослед како се користат по ред нивните производи. Во случајов кај @tanja11991 прво треба niacinamid па после пола час минимум ретинол, па по него крема. Може да има некои производи кај што и нема да е битен редоследот ако се од иста група да речам. Ама у глобала си имаат ред. Кај ординари иде вака: 1. Water based 2. Anhydrous 3. Oil solutions 4. Emulsions 5. Suspension Niacinamide спаѓа во 1, ратинол е во 2
Јас станам хујалуронска киселина, ретинол па после 30 минути нијацинамид па потоа хидратантна крема. Грешам?
Дали некој го има користено овој производ и како сте задоволни? Дали навистина помага против акни? За колку време се забележува ефект? Од која македонска страна може да се порача?
Треба многу повеќе од само овој производ за да се постигне добар резултат. Конкретно производот е одличен, но не би рекла дека само со негова употреба би постигнала којзнае какви резултати. Пиши ми во лп доколку сакаш дополнително мислење и совет за тоа како јас ги исчистив акните.
Ме интересираа мислења за овој производ но се разбира би пробала и други производи доколку знам дека се ефикасни
Може и мене да ми пишеш бидејќи имам масна т-зона и општо цело лице ми е многу мрсно и премногу акни вчера ми стасаја ниамицинот и aha bha пилингот ги пробав засега не гледам некој ефект али уште е рано и користам ретинол од авон и дневен и ноќен крем од авон за 30+ лицето го чистам со лосион од sinsilis сакам уште работи да додадам од the ordinary само незнам кој да ги порачам и што уште можам да користаж
Не ти е лоша рутината ама ретинолот не ти е потребен сега. Дур не го доведеш лицето во нормала подобро не го користи. Со ниацинамид нема да завршиш работа,ти треба и хујалуронска киселина плус, крема за лице и крема со Спф. Околу 6 месеци на таа рутина секој ден и ќе ти помогне.
Која киселина ја порачувате од the ordinary а кремот од авон што го користам денскиот е со Спф 25 ама забележувам дека многу ми го мрси лицето
Малку е тоа Спф за ова сонце. Во лето се бира голем фактор. The ordinary: Niacinamide, Hualyronic acid… Од други: True Alchemy proteins гел за миење лице. Natura Siberica дневна и ноќна крема за лице Лавера крема со спф за почеток вака.
Овие True Alchemy proteins гел,natura siberica i лавера крем од каде ги земаш? И од the ordinary сакав маслото од роза да го порачам али уште се двоумам
Од Белина. Гелот е одличен, ќе го користш наутро и навечер. За маслото од роза нема користено, но блогерките го фалат на Ревокс од јапонска цреша.