Конкретно од ниацинамидот ми излегоа акни како што немав уште од пубертет, и на места каде што воопшто не сум имала никогаш (образите и околу очите). После 3 недели сеуште си ја опоравувам кожата со сосема други производи. Во момент на разочараност и паника го фрлив шишенцето за жал, но се слушнав со дерматологот одпосле и ми рече дека тоа е нормална појава бидејќи ниацинамидот ги вадело маснотиите и нечистотиите од порите и излагале на површина (во превод ја чисти длабински кожата), не се појавува ова кај секој но се случува кај луѓе со комбинирана-мрсна кожа, што е во мојов случај. После некој ден од исфрлањето поминуваат акните нагло и се подобрува кожата генерално, но доколку ти е само за акни ќе треба многу повеќе од ова да вметнеш во твојата рутина И ако се одлучиш да почнеш да го користиш битно е да не ставаш секој ден, на почетокот 2-3 пати неделно па после тоа 3-4 пати неделно мах. и да не ставаш многу дебел слој. На тема The Ordinary јас ги нарачувам од BeautyBay препрепрезадоволна сум од прајмерот (во шишенце како серум, не кремата), пудрата и све што ќе изнаглетувам одозгоре не мрда дури и на високи температури, и најбитното порите не доаѓаат до израз, па така да 10/10.
Може да става секој ден, јас го користев и уште го користам предобар ми е, ми помага за минимално исфрлување на акни. Но, таа ако има акни може да земе салицилна на Ревокс и да ги користи и двете. Ете период така дур се исчисти лицето, а потоа салицилната се замени со Ретинолот. Меѓутоа и самиот производ ниацинамид има упаство дека може да предизвика контра ефект и доколку нема подобрување после две недели да се прекине. Тоа е нормално ако немаш користено воопшто серум во животот да имаш контра-ефект. Друга работа е што не можете самостојно да нанесете ниацинамид и готово сте завршиле работа. Ниацинамидот колку што е користен толку може да ја пресуши кожата затоа го препорачувам во комбинација со хујалуронската киселина плус крема за лице.
Од BeautyBay.com, цената му е £5.75, во Скопје ми стигаат работите од странава за 2 недели, но мислам дека има и онлајн што ги препродаваат Ordinary од кај нас ако ти е за побрза достава, ми излегле реклами неколку пати на инстаграм (вајда не се фејк), само не сум запазила како се викаат.
Па да. Според официјалната табела од ординари не е правилен редослед така. Вака велат они: двојно чистење, на влажна кожа хијалурон, потоа нијацинамид, па чекаш пола час па ретинол и на крај хидратација
Немам време да го барам сега линкот. Ќе ја прикачам табелата што сум ја зачувала коа читав се на децием и истражував како да си направам рутина. Инаку назад имам оставено линк до персонализирна рутина од ординари. Значи таму можеш да им пишеш, можеш да прикачиш слика од лицето ако сакаш и они лично да ти предложат рутина. Можеш и да кажеш дека веќе ги имаш тие и тие прозиводи и они самп да ти предложат како да ги комбинираш за твоето лице. Може и ако сакаш да побараш да ти предложат и други производи. Јас така постојано си се консултирам и си барам што ми одговата и сум на чисто што точно како и кога да користам. Пиши им, за 2-3 дена ќе добиеш одговор на маил еве вака ќе видиш во табелава дека некои производи се во иста група. Па за нив дополнително сум прашувала како се комбинираат. Еве пример за хијалурон и нијацинамид. Хијалуронот се нанесува за влажна кожа а нијацинамидпт на сува. Па затоа логично е дека прво ќе ставиш хијалурон после миење на лице додека е влажна кожата. Па од коа ќе се исуши ставаш нијацинамид. Ако го ставш хијалуронот на сува кожа ќе немаш ефект
Фалааа, ќе ѕирнам баш. Разочарување невидено што сум грешела Генерално се знам шти ми треба и си има резултати ама со внесување на ретинолот ми беше хаотично цел распоред на продукти.
Ееее ништо страшно во твојов случај само си го намалила ефектот од нијацинамидот. И мене ретинолот коа го вметнав најмногу хаос ми направи ама го сместив
Девојки ве молам за помош. Користам хијалуронска киселина на ТО на почеток лицето ми беше нежно и хидрирано, но сега го чувствувам како суво. Што би можел да е проблемот?
Како ја нанесуваш хијалуронската? Не се нанесува на суво лице зашто и треба да се врзе со нешто да кажам. На влажна кожа е најсоодветно. И после неа крема, за повторно, да ја задржи на лицето,
Ја ставам на влажна кожа. Откако ќе се впие во лицето ставам ретинол и на крај кремата од ТО. Одредени денови нанесував од Azelaic Acid но по хијалуронската, а не по кремата...