И јас така ја нанесував божем да ја послушам @pdb123 и ми стана суво лицето. А убаво си терав рутина ниацинамид па хујалуронска па крема. И немав никакви проблеми,ко божем да сменам малку но ете. Конкретно за тебе не знам зошто употребуваш хујалуронска киселина со ретинол, доволно е само крема да нанесеш после него.
Кажуваш дека ти е суво лицето, исфрли ја хујалуронската киселина, ставај само ретинол и крема некое време па ќе видиш како ќе ти е.
Ретинолот не е за хидратација. За израмнување, спречување на неправилности, брчки. Дали го користиш секој ден? Ако да, намали, 2 пати неделно е сосем доволно за истиот ефект да ти го даде. Од хијалуронската не би требало да се суши, доколу нанесуваш на влажна, тенок слој и потоа крема.
Знам дека е за брчки. Бубаче ме праша зошто ставам хијалуронска со ретинол. Затоа што сметам дека со хијалуронска плус би ми било похидрирано отколку само ретинол и крема. Според рутини што имам читано имам забележано дека така се користи, но можеби правам нешто грешно. Хијалуронска нснесувам на влажна кожа, а ретинол ставам 2-3 пати неделно.
Не би требало проблем да има тогаш. Може да пробаш друга крема, можеби не ти е доволно хидратантна таа, или да намалиш 1 неделно ретинол, да согледаш дали ќе има некоја промена. Исто, миењето на лицето, со оглед дека лицето е суво, можеш да пробаш да го миеш само навечер а наутро само со вода, доколку одговара така, барем дури да се среди сувоста.
Може и гелот не и одговара, ниту ретинолот со хујалуронската. Затоа реков да ја исфрли и да проба самостојно.
Можеби, еве јас користам адапален што е слично до некаде и крема со хијалуронска и немам проблем. Може да проба различни комбинации, што одговара, што не.
Го користев вит Ц 8 проценти со алфа арбутин 2 проценти серумот. Серумот ми делуваше комедогено и го прекинав.Дали имал некој друг вакво искуство ?
Сакам да нарачам, но имам проблеми при внесувањето на адресата. Ја ставам таа што ја искористив кога нарачував претходниот пат, но не ми ја прифаќа. Имала некоја таков проблем?
Дали може да го земам ретинолот granactive retinoid 2% , почетник сум , и дали смеам да го мешам со др серуми? Или подобар е тој на the inkey list? Ме буни што е во вид на крема. Друга опција ми е на La roche posay retinolot. Можам ретинол да мешам пример со серумот на Estee Lauder ANR ? По тоникот нанесувам серум до ретинол, па др серум па крема?
Земи го, ама не емулзијата, туку тој во сквалан. Мене барем ми се покажаа тие во сквалан многу подобри, емулзијата ме исфрли иако е слаба. За тој од Д инки лист не знам, не сум користела од тој бренд. Што се однесува до користење на други продукти, во периодот кога јас читав и гледав видеа за употреба на ретинол, препораката беше дека најефикасно е ретинолот да се користи засебно само со крема после него. Така имало најмногу ефект, така и јас го користев.
Од процент, кој да го земам , тој од 1% или од 5%? Тука во Sephora ги има само тие. Го има и тој од 2% ама со емулзијата.
Ако користиш првпат, земи 1%, а потоа кога ќе го потрошиш ќе земеш 5% Секогаш се почнува за сè со најслабо, да се привикне кожата.
Да да, прв пат ќе користам фала И нешто др да прашам , овој alpha arbutin 2%+HA за што се користи? Ко да читав за избелување ? И дали може сабајле да се користи, а навечер ретинолот?
Помош за мајка ми (45+) На утро- ниацинамид + крема + спф Вечер- витамин Ц + пантенол крема Дали е добро? знам дека не треба да се користат заедно ниацинамид и витамин ц ама она сака.. п.с. од TO се
Алфа арбутинот ги избелува дамките. Може да се употребува паралелно со ретинолот: алфа арбутин во утринската рутина, а ретинолот во вечерната. Супер се рутините. Се додека не ги употребува заедно т.е. еден по друг, нема да има проблем. Може да проба и витаминот Ц да го вметне наутро, а ниацинамидот навечер.
Дали ретинолот го чувате во фрижидер? Јас го ставив вчера прв пат го отворив , и во упатството пишува така. 3 месеци од отворањето се користи, дали ако го користам и понатаму уште некој месец ќе има проблем?