Девојки, нарачката од Deciem ми стигна денес, нарачана на 2 ноември, значи за 10 дена. Ептен брзи овојпат.
Азелаична киселина користи некој и за која намена? Имам масна кожа, немам некои неправилности освен сега хормонски акни по 2 - 3.
Дали некоја знае како да го вметнам Marine hualuronic серумот во рутина, по колку дена и во кој период од денот? Да напоменам користам ретинол од 0.5% исто на Ординери.
Ми дава not available in my country Тоа е. Едит: Најдов инфо, може секој ден ама да не се меша со обичната хујалуронска ова особено за оние со мрсна кожа, иако нема правило и може и двете ама може да се направи контра ефект.
Ух штета. Серумот е инаку баш како водичка, па стварно мислам дека прв ако го ставиш најубав ефект ќе има, барем така читав дека најводените серуми први се ставаат. Ретинолот мислам како масло/емулзија беше па можеш како втор чекор. Исто можеш секој ден да го ставаш, никаква штета нема, дури и под обична крема.
Со колку % ретинол да почнам како за прв пат?И кој е подобар како за почетник, retinol in squalene или granactive retinoid? Моментално во кошничката имам aha bha peeling solution, niacinamid, marine hyaluronics i natural moisturizing factors. Мрсна кожа имам.
@Salome и јас имам мрсна кожа, почнав со 1% retinol in squalene (има и помал % ама јас не можев тука во Сефора да ги најдам , го имаше само овој ) Не ми направи проблем никаков. На почеток стсвав по еднаш неделно. Сега ставам три пати неделно, го користам од почеток на октомври. Насабајле кога ќе станеш лицето е мрсничко ама не ми смета мене знам дека е од ретинолот
Во сквалан е подобар за почеток, почни со 0.2% ако нарачуваш директно од deciem. Јас тогаш ставав секоја вечер на почеток,а сега со 0.5% ставам два пати неделно.
Да додадам , од почеток на октомври како го користам ретинолот 1% сквалан, многу сум задоволна во однос на тенот, исчезнаа некои ситни флеки од поранешни акни. Сигурно ќе има резултати и понатаму , сепак треба уште некој месец да помине. Го користам три пати неделно. И утредента обавезно спф. Дали некоја од вас го пробала коректорот? Од пудрата сум многу задоволна, лесна, не се чувствува на лице , а има средна покривност барем на моево лице. И нијансата ја погофив за чудо а ја порачав онлајн од Сефора
Нарачав производи кои во листата ми се наведени вака: Дали ова значи дека пример вечерва ја правам PM1, а утревечер PM2 или пак бирам една од овие? Малку ме збуни ова и по разговор со другарка, најпрвин мислев дека е со ротирање, но сега си помислив дали можеби направив грешка и купив производ што ќе нема како да го вметнам. Совет? Вечерва ги нанесов производите од PM1 инаку.
Оу шит. Ќе биде проблем овие наизменично да ги терам? Или најдобро да им пишам на deciem и да барам некое чаре?
Нијацинамидот на влажна кожа, а исто би ти препорачал и за алфа арбутинот бидејќи е во комбинација со хијалуронска киселина и ми се перутеше на сува кожа. Исто така, количински да не ставаш по многу и да нанесуваш со тапкање. Нијацинамид користам еднаш, а алфа арбутин можиш и два пати дневно(наутро и навечер). Поради алфа арбутинот, заштитен фактор обавезно и откако ќе го потрошиш шишенцето минимум 3 месеци пауза да направиш до наредно користење. Азелеична киселина користам преку еден ден. EUK 134. Го користев на сабајле, поради тоа шо се рекламира како антиоксидантно средство со шо ефектите се гледаат на долгорочен план. Мене како серум воопшто не ми одговараше, ептен ми го мастеше лицето поради тоа шо на второ место мислам е бутилен гликол и буквално како масло да сум нанел шо тешко се упива иако во зима го користев и сега прашина фаќа. Пробај можеби тебе ќе ти се погоди.
Сосем случајно го видов постов, не знам зошто не добив известување за таг. Огромно благодарам! Ме смири ова малку од паниката. Не ме држеше место вчера морав да им пишам на DECIEM за да видам што ќе ми кажат, дали добро сум разбрала или не. Вчеравечер и утрово еве ставив, на влажна кожа, баш и видео најдов со истиве производи па откако изгледав нанесов. Таа во видеото па скроз лицето го избриша, го исуши па стави нианицамид на суво лице. Јас терав на малку влажна кожа по препорака од другарка. За арбутинот баш неодамна прочитав дека имал привремено дејство, ако престанеш да го користиш наводно се враќала пигментацијата. Постов беше од поискусни луѓе, па малку ме збуни сега читајќи го ова со паузава. А мислев да порачувам нови залихи кога ќе сум на повеќе од половина со трошење на производиве, но добро е што ми кажа за паузирањево, ти благодарам. Ќе постирам одговор и од Deciem кога ќе ми вратат, ќе му се најде некому.