Ми стигнаа во Понеделникот, точно после две недели, на 29ти Ноември ги нарачав, баш последниот воз го фатив од попустот. До сега имам искуство само со ниацинамидот го имам користено и одлично се покажа и гликолната киселина ама од неа не сум задоволна, многу гадни огромни поткожни акни ми правеше.Мислев дека период ќе е додека кожата не ми се навикне ама не, некако кожата не ми ја прифати и ја баталив. Со намера не ја порачав хијалуронската киселина, затоа што првпат ќе ја вметнувам во мојата рутина и сакав по лесен серум како marine hyaluronics.
Дали оваа рутина е правилна: Прво double cleansing со Bioderma sebium гел за лице, па чистење на лицето млеко со од Балеа за чуствителна кожа, ниацинамид серум, па марин хиалуроникс серум, и на крај крема за хидратација?Или да одам, обратно прво марин хиалуроникс серум, па ниацинамид? Сакам да знам дали правилно ги користам, оти сакам максимумот да го извадам.
Double cleansing значи маслен отстранувач или мицерална + гел за миење. Не треба два пати со гел, ќе ја пресушиш кожата. Во случајов, млекото треба да оди пред гелот, како чекор за двојно чистење. Млеко за чистење лице се нанесува на чисти раце или пак на памучен туфер, полека и нежно со кружни движења се нанесува на лицето со тоа што ја топите шминката. Потоа се мие лицето со вториот препарат за чистење лице. Серумот би требало да е нешто сличен на хијалуронска киселина, па од тука таа прво се нанесува па ниацинамид.
Здраво! Планирам да си ги порачам следните продукти: 1. Squalane Cleanser 2. Glycolic Acid 7% Toning Solution 3. Niacinamide 10% + Zinc 1% Моето прашање е дали овие производи ќе бидат добри за мојот тип на кожа (сензитивна и мрсна), барам совет од вас бидејќи не се разбирам многу и би ми значела секаква помош. Исто така дали се користат по тој редослед. Во однос на порачувањето online, видов дека над одредена сума е бесплатен shipping-от, тоа е супер, но дали се плаќа нешто плус кога ќе стигнат овде (царина, такви ствари). Ви благодарам.
Зошто гликолна киселина имаш акни? Минимални или? Океј ти е изборот јас би додала да земеш хујалуронска киселина и крема moisturizing factor + ha за наутро и навечер и крема со спф за преку ден зашто користиш киселини. Не се доплаќа ништо.
Штом имаш чувствителна кожа можеби ќе биде подобро да нарачаш млечна киселина. Млечната киселина е понежна во споредба со гликолната. Од овој бренд има серуми со 5% и 10% млечна киселина, а исто така содржат и хијалуронска киселина во составот. Ниацинамидот вметни го во утринската рутина пред крем со заштитен фактор, а киселината во ноќната рутина пред ноќен крем. За нарачки над 25 евра испораката е бесплатна. Над 22 евра пратката подлежи на плаќање ДДВ, а над 90 евра подлежи на плаќање увозни трошоци и ДДВ. Инаку јас кога нарачував не платив ДДВ, а пратката чинеше повеќе од 25 евра.
Plativ carina 900 den Dali isto I vie taka plakjate dodatno za carina i od shto zavisi Kolkata Suma na pari kje e carinata Prv pat pat nacav mislev deka e free I shipping I carina
Јас сум во Еу и тука важат истите правила што ги пиша некој погоре, нарачките секогаш ми беа над 25 евра и ништо не сум доплаќала. Тебе изгледа те начекале.
Дечки, јас нарачав на 28-11 и уште ми нема стигнато... А со душа ги чекам. Пишува дека за 13 работни дена се испорачуваат во јужна Европа, денес е 17 ден. Во Карпош живеам. Ѕвонев во пошта денес буквално 8 пати - никој не ми крена. Имал некој ваков проблем?
Колку што знам за течности наплаќаат царина. И на другарка така и имаат наплатено и и кажале дека е заради течностите.
Како ќе им текне во пошта. Јас до сега 4-5 пати имам нарачувано. Нарачките секогаш ми биле повеќе од 25 еур (30-50еур), никогаш не сум платила ни денар плус тука.
Barem da ima nekoj protokol cisto da znam kolku kje bide carinata pr tolku ml tecnot tolku carina ili and 40 evra tolku carina
Здраво! Ви благодарам на советите погоре. Сепак имам уште некои прашања, сега во врска со порачувањето на производите. Зошто не ги дава сите 100 плус адреси, туку само една (прикажано на сликата). Исто така кога сама ја напишам мојата адреса, без да го селектирам понуденото ми вика дека адресата не е пронајдена. Дали некој имал ваков проблем, некако чудно ми е пополнувањето, па би ми било мило ако добијам помош. Фала ви.
Од летово наваму има проблем со внес на адреса. Јас не можев да ја најдам мојата. Им пишав на поддршка, ме прашаа која ми е адресата и после неколку дена беше достапна за избор. Пиши им ако ја нема твојата адреса ќе средат.
Јас тогаш им пишав во contac us, преку нивната веб страна. Ми пишаа за ден/два на меил да им пратам детали. https://deciem.com/en-mk/contact-form?target=Website
Здраво. Добив повратен одговор од DECIEM (прикажано на сликата), па доколку некој го има истиот проблем може да го проба ова. Се надевам ќе проработи.
zdravo sakam da pocnam da koristam serumi imam cuvstvitelna kozha sklona kon akni dali ke moze da mi spodelite nekoja rutina
Здраво на сите! За прв пат нарачав од Deciem на 23 Декември и сеуште не ми е пристигната нарачката, а притоа веќе една недела пишува дека е во транзит. Моето прашање е дали сеуште да чекам или можеби да им испратам порака?