Кој ниацинамид според вас е подобар, овој од The Ordinary или од Revox? Тој од Revox ми беше супер, ама моментално го имам овој и гледам дека е многу погуст од другиов и не е проѕирен. И дали нанесувањето е исто, после миење на лице на полувлажна кожа?
Ниацинамидот се става на сува кожа,хујалуронската на полувлажна кожа. Јас го имам користено на Ординери,знае да направи проблем да се појават лишаи.
Не знам од кој имав поголем ефект, но на Ревокс ми се допаѓе повеќе пошто не остава леплив финиш како на Ординери.
Дали некои од продуктите може да се користат и по 12 месеци од нивното отварање? Ги забаталив долго време а не ми се нарачува пак, па ако може да се користат без да ми го уништат лицето да искористам уште некој месец. Конкретно прашувам за ниацинамид, хијалуронска и кофеинскиот серум за под очи?
Zdravo devojki. Dali moze da koristam retinol in squalane 0.5 The ordinary i posle toa da stavam krema Effeclar duo na La roche? Vi blagodaram.
Можеш обратно, бидејќи ретинолот е маслен и што и да ставиш врз него нема да допре до кожата. Но ваквата комбинација може да ти го пресуши лицето
Една од причините зошто не би било паметна идеја е тоа што ти го кажа Еленче, а тоа е дека тоа е прејака комбинација и може да ти го иритира лицето. Втората причина е што многу од ретиноидите деградираат кога се користат заедно со benzoyl peroxide, што е главната состојка на кремата. Затоа и се препорачува ретиноиди и benzoyl peroxide да не се користат во иста рутина, т.е. да се одвојат: пример едното наутро, другото навечер ако се користат во ист ден. Исклучок е ретиноидот adapalene (кај нас производот се вика Сона), тој може да се користи истовремено со benzoyl peroxide.
Какво искуство имате со Azelaic acid? Ја нарачав, а почетник сум кога станува збор за киселини (освен хијалурон секако). Проблемот ми е црвенило на лицето, понекогаш проследено со акни (на нормална кожа) и нормална-масна Т зона исто така со по некоја акна. Повеќе ми пречи црвенилото, мислам дека е почетна фаза на розацеа, и сакам да го средам со време. Секако ако имате и некој друг совет, би била благодарна.
Јас колку што знам една од понежните киселини е, супер за почетници. Дај и шанса барем 2, 3 недели да видиш дали ќе има некаков резултат. Инаку за црвенилото, избегнувај производи со парфем во состојките. Мене тој ми правеше проблем.
Би требало да ти одговара. Се препорачува да се користи токму кај кожа склона кон појава на црвенило и розацеа. Освен тоа убаво би било да вклучиш и некој крем со церамиди и пантенол во ноќната нега за регенерација и зајакнување на бариерата. Вклучи и крем со заштитен фактор. Може да одбереш некој со зелени пигменти што ќе го неутрализираат црвенилото.
Луѓе, знае некој што се случува со хијалуронскиот серум? Малото шишенце од 30мл веќе некое време е out of stock, има само од поголемите. Се надевам нема да се зафркаваат и за брзо ќе го вратат на залиха. Овие големите шишиња од 60мл воопшто не ми се практични, а морав да нарачам нешто зашто ептен ми е при крај.
Јас го користев EUK, наводно треба подолг период за да се видат некакви ефекти, ама мене страшно ми го мрсеше лицето заради тоа шо доминантна состојка е пропилен гликолот и изгледаше како масло да сум ставил. До денес нема никакви студии со докази за ефикасноста на ЕУК…
Јас го користев pycnogenol серумот и бев задоволна. Со едно шишенце имам благо подобрување на порите, и фините линии.
Дали buffetot е за помлада кожа (27)? Ми треба нешто за подлабинска хидратација конкретно од ТО, но се двоумам дали да го купам. Хијалуронската ја имам.