Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Sweetgirl200

    Sweetgirl200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,јас имав преголем проблем со акните нарачав од серумот АХА премногу имам ефект ,акните се намалија иако го користам краток период.Веќе брендот е достапен во Македонија го имате на инстаграм за нарачки Ординари Македонија премногу сум задоволна веднаш стигаат и нарачките исто така
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. МаријаМилаАлекс

    МаријаМилаАлекс Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, помагајте! Кожата ми е сува, што не пробав и пак исто. Кажете ми како да ја хидрирам, дајте предлог од ваше лично искуство.
     
  3. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Хијалуронот на одринари е еден од подобрите производи (вака со пристапна цена) за хидратација. Си пробала?
    Инаку хијалурон се користи на влажна кожа, во спротивно може повеќе да ја суши.
    Друго што имам пробано и ми е одличен е хијлуронот на виши.
    И јас сум со многу сува кожа и постојано негата ми е ориентирана на хидратација.
    Сега последно почнав да го користам snail mucin, за почеток ми е супер ама не сум го користела доволно долго за да ти го препорачам
     
  4. МаријаМилаАлекс

    МаријаМилаАлекс Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Благодарам на инфо, имам пробано L'Oréal крема со хијалурон, можам да кажам дека воопшто не ми помогна, а ги разгледувам серумите на Rossen, има со хијалурон и баш ќе пробам. Кожата ми е многу сува, имам купувано многу хидратантни креми и од Афродита, од L'Oréal, од Dr. Haushka и ништо. Ќе пробам со чист хијалурон. Благодарам.
     
  5. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Пробај со чист. Кремите не сум ги истражувала ама верувам со некој мал процент се.
    За најдобра хидратајција ставај хијалурон на влажна кожа и после него крема хидратантна. Јас многу не бирам каква крема, битно ми е хијалуронот да е добар.
    Овие два што ти ги кажав погоре се од подобрите, а пристапна цена. На виши баш денес видов дека е на попуст во некои аптеки. А и ординари имаш достава до мк
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. МаријаМилаАлекс

    МаријаМилаАлекс Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Благодарам од срце
     
    На CooperD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Powergirl!

    Powergirl! Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    69
    Дали пудрата веќе ја нема или јас не можам да ја најдам ?

    Дали сте го пробале серумот за трепки и веѓи ? Има ефект?
     
    Последна измена од модератор: 26 октомври 2023
  8. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    68
    Дали знаете да ми кажете кои серуми се ставаат на влажна кожа а кои на сува?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.578
    Допаѓања:
    43.081
    Пол:
    Женски
    Мојата поранешна цимерка е фармацевт и работи за многу моќна козметичка компанија во Англија, кога ја прашав за Ординари, ми рече подобро да користам Гарниер него ова. Она вика дека многу е лош составот на повеќето производи и дека не би ги користела и без пари да и ги даваат, па ја послушав и престанав да ги користам.
    Само како инфо споделувам, чисто да си имате на ум.
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    На влажна се ставаат хијалуронска киселина, ниацинамидот, ретинол,киселини ( аха и бха )

    На сува можеш пептиди,церамиди, витамин ц (зависност процент ако е мал можеш и на сува ).

    Ова е на светско ниво како кажуваат и практикуваат но можеш скоро се да ставаш на влажна кожа искрено подобро ќе ти се покажат производите и повеќе бенефит ќе видиш. Пробај си за себе и на влажна и на сува и ќе си одлучиш.
    Во главно на хијалуронот и ретинолот обавезно им треба на влажна кожа :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    6.056
    Пол:
    Женски
    Под влажна подразбираш - го мијам лицето и уште не избришано со крпа одма го мачкам или?
     
    На Bella2_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Па некој така прават и им одговара ,додека некој ( јас вака практикувам) чистсм лице и го бришам и отпосле ставам тонер и тој ми дава влажен ефект и ставам над него серум и крема и се :) пробај и така и тска и види ама подобро ќе ти е ако имаш некој тонер / есенција било што него на вода :)
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Не не, ретинол никако на влажна.

    Исто и АХА и БХА никако на влажна. Скроз сува треба.

    Инаку под влажна се подразбира како влажно. Не мокро. Миеш лице, кратко тапкаш со крпа и одма ставаш хијалурон. Да не е мокро ниту суво.
    А пример ретинол чекаш прво некоја минута убаво да се исуши после миење па ставаш ретинол
     
    Последна измена: 2 ноември 2023
    На simoncelicius и Bella2_ им се допаѓа ова.
  14. Maraya✓

    Maraya✓ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    68
    Од кој серум со витамин ц сте најзадоволни..гледам има повеќе видови ..
     
  15. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Вака да објаснам на кратко нанесување на влажна и сува кожа, која е разликата. Непрофесионално :)

    Коа се нанесува на влажна кожа тогаш кожата има поголема моќ на впивање и состојката ја носи длабоко во кожата.
    А додека на нанесувањето на сува кожа значи дека состојката останува повеќе на површината на кожата и таму “работи”.

    И сеа според тоа што ставаме и за што служи тогаш и според тоа нанесуваме.

    Пример хијалуронот и сите други состојки за хидратација ни требаат подлабоко во кожата и затоа се нанесуваат на влажна.
    Тука спаѓаат и тонери, нијацинамид, масла…

    Киселините како аха ги користиме за хемиски пилинг на кожата, отстранување на мрвти клети и ни треба да работи на површина на кожата. И затоа мора на сува. Ако навлезе ппдлабоко ем нема да ни заврши работа, ем ризикот од иритација е поголем. Тука спаѓаат скоро сите активни состојки, ретинол, витамин ц…
    Исто и за овие битно е да се почека убаво да се впијат пред да се нанесе друго
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella2_

    Bella2_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    253
    Мене искрено кога ставам серум со киселини ми треба пред него тонер бидејќи иначе ќе ми ја иритира кожата. За мене така ми одговара затоа реков секој на свој начин треба да проба и дс види како ќе им одговара.
    Исто така за ретинол кога се користи не секој може на сува кожа да го трпи и да го совлада ,не треба на влажно но си барс нешто пред него па и крема да е.

    За состојки како ретинол и тие што идат подлабоко не е битно дали ќе ставиш на влажно за тоа како ќе дејствува туку за дс немаш реакции од него.

    Аха и Бха ги имаш како тонери и го прават влажно лицето тоа не значи дека идат подлабоко во кожата бидејќи се тонери и не се толку концентрирани.
     
  17. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека ова е индивидуален пристап. Се работи за хемиски состојки и нивната научно докажана апсорбција.
    Секако дека кај секоја кожа ќе има различен ефект. Ама сега збориме за разликата на една состојка ако се нанесува на сува или влажна кожа.

    Јас зборев за состојките како состојки сами по себе. Тоа што има производи кои се мешани, не значи дека комплет целиот прозвод и сите состојки одговараат на сува или влажна. Ама треба да се земе во предвид примарната намена.

    Еве пример ретинол со сквален (кој го користам јас а и ти го препорачувам на тебе штом велиш ретинол не ги одговара на сува кожа).
    Ретинолот е состојка за обновување на клетките, и ни помага при знаци на старење. И овај се нанесува исклучиво на сува кожа во спротивно немаш ефект и може да направи длабоко иритација.
    Од друга страна скваленот е масло за хидратација на кожата и се нанесува на влажна.
    Е сега коа се користи овој производ му ја гледаш примарната намена и ефект што го сакаш - а тоа е ретинолот, со што скваленот ти иде како пропратно да ти заврши некој ефект на дополнителна хидратација, а не примарна.

    Исто и со тонерите што ги спомна. Примарна намена на тонер е хидратација и прв чекор во спремање на кожата за понатамошни состојки. Се нанесува на влажна. Е сеа тоа што имаме тонери со секакви состојќи не му ја менува примарната намена туку само ни помага со дополнителни проблеми што ги имаме со кожата. И овие состојќи се толки малку концентрирани што немаме многу разлика.

    Ама неможеме пример да споредиме АХА како чиста состојка (производ аха со висок процент) и некој тонер или чистач што содржи малку аха.
    Еве пример аха и бха од ординари ако ја ставиш на влажна кожа ќе ти изгори лице. Не сум пробала ама сигурна сум дека и ндворешно ќе имаш оштетување. А за внатршено тврдам дека ќе имаш оштетена бариера.

    Значи многу е битно како ќе ги ставате за да имате ефект. Неможеш да ставаш вит ц на влажна кожа и после да викаш немам ефект или овој производ не го бива. Исто и ретинол.
    Веќе коа ги купувате користете ги како треба или ако не ви одговара сменете производ.

    Тоа е мое познавање и совет да зголемите ефективност, а вие како сакате :)
     
    На simoncelicius, MamaYette, Maraya✓ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.115

    Да, од јуни 2023 веќе не ги произведуваат.
     
  19. Prada5

    Prada5 Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2022
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво,кога нарачувате од deciem.com ,ги подигнувате од пошта илистигаат на домашна адреса? Фала
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Обично дома во сандаче ми носат картонче и со него си одам во пошта да си ја подигнам нарачката.
     
    На Prada5 му/ѝ се допаѓа ова.