Од нивната официјална страна https://theordinary.com/en-mk Имаат достава до мк и тоа бесплатна со нарачка над 25 евра. За 2-3 недели ми стасува. Не земај од оние што препродаваат по инста и фб, прво прескапи се, второ али експрес врие со фалш производи На пример профилот shineskin_macedonia на фб - АХА пилингот го препродава за 930 ден. АХА пилингот на официјланата страна е околу 650 денари регуларна цена. Јас 500 ден во промоција од официјалната страна нарачав: АХА пилинг и кремата Natural Moisturizing Factor 100ml
Дали има некој порачувано од странава? Гледам намалени им се доста, им пишав ми рекоа ради распродажба. Оригинали ли се?
Ја у никој случај не би купувала. Попустот е сомнителен и те како. Башка на лице се ставаат работиве. Не се детергент па да рискирам
Колку што знам, нема увозник за The Ordinary во Македонија, така што веројатно некој ги нарачал/купил од некаде па ги препродава, или пак во прашање се некои копии. Јас не би ризикувала, подобро нарачај си директно од сајтот на deciem.
Кажете ми review за хијалуронската? Пошо сакам да ја порачам да ми ја донесат, па да знам дали вреди? Да не знаете да не се жалат повеќе за исфрлање, или да има side effects, многу сум скептична кога треба да ставам на лице нешто.
И јас сум презадоволна. После неа пробав и многу други и можам да кажам во фаворити ми е. Ќе се вратам пак на неа. Инаку општо хијалуронот е доста безбедна состојка без сајд ефектс. Мислам ептен ептен ретко некој алергија да има. Од скин кер би рекла ова е најбезбедно. Само да знаеш дека се нанесува на влажна кожа оти ќе имаш контра ефект. На сува кожа го суши лицето.
Дада, го имав прочитано делот дека треба на мокра кожа. Фала ти сепак, и на Мишела погоре исто така. Ќе го земам, па ќе споделам импресии
Јас порачав, не ми се чекаше недели од децием па си ги порачав од тука тие што ги користам редовно, производите се оригинал нема разлика од тие што ги имав земено од официјалната страна и овие.. а и нема поента зошто би продавале копии кога Ordinary не е некоја high-end марка.. и цените не им се нешто многу високи во однос на другите козметички брендови. Е сега овие beauty secrets дека се препродавачи нормално ги наплаќаат малку поскапо. Ако не ти се брза тогаш нарачај ги од официјалната страна.
Поздрав, некој да ми помогне. Сакав да нарачам од The Ordinary но ова ми се појавува, иако пробав неколку пати.
Гликолниот тоник и салицилна може ли да се користат заедно или еден ден да ставам едно па друг ден друго ?
Подобро да ги користиш одделно зашто сепак се две активни состојки. Заедно во најмала рака може да ти предизвикаат некоја иритација, или само сувост на кожата, па да ја направат осетлива/ослабена кожната бариера. Јас не би ги користела заедно. Можеш 1 ден гликолна, па другиот ден пауза со хидратантни серуми и креми, па салицилна. Пробај повеќе варијанти (на пример со два дена пауза измеѓу) па види што ќе ти одговара најмногу.
Имам прашања: 1.Кој серум да го земам за некои почетни „брчки“? Имам масна кожа. 2.Ми се чини дека некој период од годината имаат бесплатна достава. Знае некој кога е тоа? Знам за ноември цел дека имаат попуст, ама не и бесплатна достава. За да те следува бесплатна достава, треба да се направи нарачка од минимум 25 евра (или долари е, не знам). Но, јас ќе купам само еден серум од 4 и нешто евра/долари, не ми се плаќа уште толку за достава...
Лани, цел ноември има попуст. На почеток на месец со секоја нарачка даваа гратис крема, при крај на месец со попустот имаше и бесплатна достава за сите нарачки. Годинава, почна попустот цел ноември. Моментало почна пак акцијата со гратис крема за секоја нарачка. Коа ќе заврши ова се надевам и јас дека следи бесплатната достава. И мене самп еден серум ми треба. Следам, ако има нешто ќе пишам инфо