Би сакала да си земам некоја киселина од The Ordinary, главно се мислев за оваа AHA +BHA Peeling solutioн, но на самиот производ пишува дека као не е за луѓе кои се почетници во хемиски ексфолиатори. Па ако да споделите мислења која киселина мислите ќе ми годи. Имам комбинирана кожа, со скоро лузни од цистични акни, затворени пори кај брадата, и склона сум на акни кога тогаш. Ви благодарам многу.
https://m.asos.com/the-ordinary/the...OWg&siteID=QFGLnEolOWg-QOKnnyODkRYG6eTR4ksPNg Здраво девојки, дали сте го користеле овој тоник на Ординари?! Не видов во постовите за него па би сакала да прашам за него?! И ако сте го користеле дали одговара за комбинирана кожа?!
Бидејќи не е дозволено рекламирање и продавање на форумов, ако имат некој заинтересиран за оригинал пудра The Ordinary serum foundation нијанса 1.2 Y нека ми пише ПП...ако не е мислењево за тука слободно нека биде преместено
Имав пишано негде јануари месец , ми правеше акни ситни со гној , го оставив па пак го пробав пред некое време ама истата песна. Не ми се допадна воопшто. Го дадов на една другарка. Ти како си задоволна?
Јас сум презадоволна, после одреден период имав една реакција, тогаш бев во оние.денови, јас продолжив да го користам, не го прекинав.
Ми стигнаа следниве работи: - Niacinamide 10% + zinc 1% (за регулација на себум и стеснување на пори) - Alpha Arbutin 2% + HA (за хиперпигментација и темни делови, но сеќавам дека мене и ме хидрира) - Glycolic acid 7% toning solution (добро познатиот тоник) - Aha 30% + bha 2% peeling solution („крвавиот“ пилинг) Не го нарачав тоа околу очи со кофеин од причина што прочитав дека ја стега и суши кожата, ми треба нешто похидратантно таму. Кожата ми е мешана. Воглавно нормална - да не речам и сува на образите - со мрсна кожа на носот, евентуално на челото ако носам пудра подолго. Немам црнки, имам белки на носот. Имам темни делови околу носот, очите и брадата. Најголем проблем, лицето ми изгледа уморно и почнаа да ми се шират порите. У принцип, немам некој којзнае каков проблем ама ми требаше освежување. Ги користам по овој редослед: Наутро, мијам лице, ставам од Niacinamide 10% + zinc 1% + крема Vichy за нормална/комбинирана кожа. (не ја препорачувам кремава, таа за сува кожа ми е подобра) Навечер, мијам лице со гел на La Roche Posay, ставам од тоникот, ставам од Alpha Arbutin 2% + HA, ставам крема и крем околу очи. Пилингот го немам пробано уште. Ги користам сите веќе втора недела, мислам. Засега, лицето наутро ми е кааааааде-каде похидрирано и имам поздрав сјај. Порите се минимално намалени, ама не се брзам, рано е уште. Од сите производи, највеќе ми легна Alpha Arbutin + HA. Тоникот ми е малку јак, па планот ми е на почетокот да ставам редовно за да добијам сјај, а потоа преку еден ден. Се мислев и салицилна дали да нарачам ама дефинитивно не е за мене тоа, заврши пубертетот конечно. А да, и јас не се нафрлив од Niacinamide 10% + zinc 1%, да не се подречам. Како што реков, хемискиот пилинг уште го немам пробано и претпоставувам дека ќе ми биде маааалку појак, па ќе го користам еднаш во 10 или 14 дена. Мој совет, читајте ја статијата на @do-re-mi мислам ја имаше ставено, запишете што би можело да ви одговара за вашата кожа и после селектирајте од тоа. Очигледно е дека не ни одговараат истите работи на сите. Патем, знам дека се спомнува rose hip oil у темава за хидратација, ама не сум љубител на масла, па и тоа ќе го прескокнам. Мислам дека vichy 89 mineral е следно што ќе земам за плус хидратација, само да видам кај можам да го вклопам.
Ќе може ли некој поупатен да ми каже дали е ок да се користи гликолна киселина заедно со оваа крема ?
Да пишам пред да заборавам, ова за девојките што се нафрлаа од Ниацинамидот и цинкот. Прочитав во групата на The Ordinary дека за да не се нафрлувате на лицето, не треба да се меша со киселина или со тоникот. А јас така и го користам, го ставам наутро после миење на лицето со гел, пред да ставам крема. Тие што го нарачавте и така ви стои, пробајте вака, за да не ви испадне дека џабе сте го купиле.
Девојки какви се вашите искуства со Niacinamide 10% + Zinc 1% ? Има ли некаков ефект за проширени пори? Исто ми треба нешто и за избелување белези од акни. Немам досега ништо порачувано од The Ordinary.
Ми се дуплира нарачката па имам одвеќе Niacinamide 10% + Zinc 1% знам дека не смее вака нека се префрли мислењето ако треба.