Прашувам бидејќи на кутијата пишува да се користи после water-based serum, па не знаев на што поточно се мисли.
Мене вечерва ми се појави реакција на раката од ретинолот. Го имам извесно време, но не сум многу редовна во користењето. Вечерва пред да нанесам, ставив на раката прво неколку капки и сега забележувам дека имам реакција, црвенило и чешање. Ви се случило нешто слично?
Да, секаде кај што ќе го најдеш кај нас прво ќе биде далеку поскап, второ не ми е ни сигурно дали продаваат оригинали (ги има фејкови по амазон и али). И пошто ординари има достава до мк, немаш потреба да плаќаш поскапо или да ризикуваш. За околу 10 дена стасува во ск, две недели по др градови низ мк Баш сега видов, во зегин е 1.050ден, кај ординари е 14 евра (850ден). Не е кој знае колку разликата. Јас на попуст ги начекувам па затоа во глава пониска цена ми беше
Искрено не сум следела кај нас. Само на официјалната. Цел ноември имаат по 20-25% попуст. Плус даваат гратис производи. Јас тогаш си нарачувам залихи од тоа што користам и после цела година не следам
Дали некоја го има пробано серумот со ниацинамид и цинк на The Ordinary? Сакам да го пробам за масна кожа
Супер ми беше серумот мене, имам комбинирана кожа. За регулирање на себумот и одржување на порите ми беше ептен погоден, го користев заедно со The Ordinary хијалуронскиот серум.