The Perks Of Being Wallflower (2012)

Дискусија во 'Филмови' започната од Vikica.cuci, 10 јануари 2013.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.283
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Барав ваква тема, но ненајдов па затоа еве отварам :)
    Одлична тинејџерска драма за младиот Чарли кој пробува да се вклопи во општеството, а најмногу во своето средно училиште. Тој е повлечен ученик кој несака да се истакнува, но се ќе се смени кога ќе ја најде својата прва љубов. Дали вие се имате почувствувано како Чарли или пак можете да се пронајдете во неговата приказна ? Одличен филм кој ми остави голем впечаток, а се надевам и на сите кои го гледале. Па очекувам ваши коментари и критики.
     
    На Hipica и SimonLimon им се допаѓа ова.
  2. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    772
    Не ми се верува дека сеуште нема коментар за овој филм.
    Навистина прекрасен. Ме остави без зборови.
    Секој во животот барем еднаш се има почувствувано како Чарли. На секој човек му е потребно колку и да негира да биде прифатен од околината и да се чувствува вредно и прифатено. Кога ова го немаме се чувствуваме како Чарли на самиот старт од филмот. Значи изгубени, исплашени, немоќни, со огромна желба да ги промениме работите но незнаејќи како. Во продолжение кога Чарли ќе успее да се вклопи и да стане како секој нормален тинејџер работите се менуваат и тој е сосема друга личност. Нешто слично и со луѓето во реалноста. Кога сме задоволни од нашиот социјален и љубовен живот автоматски стануваме посреќни, попозитивни, подобри.
    Да, филмов е далеку од класична тинејџерска приказна каде најголемиот аутсајдер на крајот станува главна фаца на училиштето.
    За сите кои сеуште не го погледнале - задложителен!

    -And in that moment, I swear we were infinite."
    -We accept the love we think we deserve.
    -Because I know there are people who say all these things don't happen. And there are people who forget what it's like to be 16 when they turn 17. I know these will all be stories someday. And our pictures will become old photographs...
    -Dear Friend, I'm sorry I haven't written in awhile, but I've been trying hard to not be a loser.
    -Charlie: Dad, can I have 30 dollars?
    Father: 20 dollars? What do you need 10 dollars for? :rofl:
    Вреди да се запомнат. :)
     
    На bibip и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  3. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Прво тинејџерско филмче ама без класичните американски клишеа. Бев скептична, ама многу ми се допадна. Препорачувам!
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Јас си пишав коментар за филмов во една друга тема, не би се повторувала.
    Само ќе кажам дека подобар спој на актери не можеле да направат!
    Езра ми е тоооолку симпатичен, што во последниве денови го изгледав секое негово интервју на јутјуб! Толку е начитан, толку добро се изразува, а и каков глас има човече... :x По цел ден би го слушала!
    Стварно знае да даде длабока анализа на секој лик и ми е многу мило што не е од оние плитки актери кои само си го научиле сценариото на памет.
    Едвај чекам да го видам и во други филмови, мене ме воодушевува! ^_^
    Дури и ми е жал што после филмов повеќе внимание и посветуваат на Ема.
     
    На 1209, Chocolate.me и Scar.Tissue им се допаѓа ова.
  5. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.105
    Еден од најубавите филмови кои ги имам гледано. Прекрасна приказна и одлична глума.
    Јас како обожавател на Логан Лерман едвај чекав да го гледам филмов, и неговата глума како Чарли ме остави без зборови.
    Кога си отидоа Езра и Ема (не им ги паметам имињата во филмот) и он кога беше сам во куќата и кога се присеќаваше, спремен да изврши самоубиство - во тој момент почнаа да течат солзи. Јас не сум тип кој плаче по филмови, ама тука не останав рамнодушна. А крајот ме остави со подзината уста, кога дознавме што правела таа тетката ;(
     
  6. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    287
    dali znaete kade mozam da ja kupam knigata online ako ja ima na makedonski ?
     
  7. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Книгата сега ја има во Матица на македонски.
    А филмов го гледав и навистина ми се допадна, посебно затоа што го обожавам главниот глумец. :D
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.779
    Детални импресии за филмов имам пишано во темата за последен гледан филм.

    Искрено, ми беше страв (абе чиниш јас глумам :D ) дека Ема Вотсон нема да се снајде во други филмови надвор од Хари Потер франшизата, ама не се разочарав. Импресионирана сум од нејзината глума и од глумата на нејзините колеги од филмот.
    [​IMG]
    Да не должам: ама ептен она најпремногу го препорачувам!
     
  9. My_Vezilka

    My_Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Дечки дај кажите ми некоја страна за гледање филмови освен кинотека филмовизија и војводина?!
    Плис итни!(знам дека не е темава за тоа)
     
  10. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмов пред некој ден и премногу ми се допаѓа. Одлично избрани глумци, Ема предобро ја глумеше Сем. А најмногу ми се допаѓа развиваањето на ликот на Чарли :D
    Планирам да ја прочитам книгата на ангилиски :)