babylove овошни кашички

The Push (Ashley Audrain)

Дискусија во 'Книги' започната од CameliaMiller, 20 февруари 2021.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    206.946
    9780241434567.jpg


    Ја отворам темава со цел да ја дискутираме книгава.

    Преземено од Goodreads:

    A tense, page-turning psychological drama about the making and breaking of a family–and a woman whose experience of motherhood is nothing at all what she hoped for–and everything she feared.

    Blythe Connor is determined that she will be the warm, comforting mother to her new baby Violet that she herself never had.

    But in the thick of motherhood’s exhausting early days, Blythe becomes convinced that something is wrong with her daughter–she doesn’t behave like most children do.

    Or is it all in Blythe’s head? Her husband, Fox, says she’s imagining things. The more Fox dismisses her fears, the more Blythe begins to question her own sanity, and the more we begin to question what Blythe is telling us about her life as well.

    Then their son Sam is born–and with him, Blythe has the blissful connection she’d always imagined with her child. Even Violet seems to love her little brother. But when life as they know it is changed in an instant, the devastating fall-out forces Blythe to face the truth.

    The Push is a tour de force you will read in a sitting, an utterly immersive novel that will challenge everything you think you know about motherhood, about what we owe our children, and what it feels like when women are not believed.


    Нема се' уште превод на македонски, затоа и насловот и личните имиња ќе ги пишувам на англиски, не сум сигурна како би биле преведени.

    Темава ќе е полна спојлери, затоа тие што ја немате прочитано - имајте на ум :)


    Blythe е жена која ја препознавам насекаде. Во себе, во многу жени околу мене.
    Не мислам на нејзината судбина, туку на цртите на нејзиниот карактер.

    Писателката навистина добро го има изградено нејзиниот лик, знаеме зошто се однесува како што се однесува, зошто се чувствува како што се чувствува.

    Blythe нема желба да биде мајка. Не чувствува потреба да биде. Носејќи ги во себе спомените на нејзината мајка и сите лузни кои тој однос ги има оставено на неа, мисли дека нешто со неа не е во ред. Таа е жена порасната во тотално дисфункционално семејство, а на нас ни' е прилично лесно да ја осудуваме нејзината мајка - Cecillia, се' додека не сфатиме зошто е таква каква што е. Тогаш повторно се пронаоѓаме и себе во неа и сочувствуваме.

    Blythe наоѓа маж кој го сака, кој е приврзан за неа, ни' се чини емпатичен, ни' се чини дека се грижи. Но за мене red flags имаше уште на почетокот - тој има сосема различно искуство со своето семејство, со својата мајка. Има замисла за совршена, топла мајка, секогаш тука и секогаш посветена. Blythe е толку засрамена од сопственото минато и чувства, што повеќе пати го лаже - на пример дека се слушнала со татко и'.

    За неа се' што ја поврзува со минатото е болно, но Fox тоа не може да го разбере и во моментите кога се обидува да му објасни дека нејзините чувства за семејство се конфликтни, тој едноставно ја прекинува, велејќи - ти можеш, ти си подобра, ќе видиш дека се' ќе биде одлично.
    Тој ненамерно ги отфрла нејзините чувства затоа што "знае" што е "нормално" - а неговата совршена девојка ќе се прилагоди, ќе и' дојде природно.

    Проблемот е кога навистина оформуваат семејство и се раѓа нивното прво дете, ќерката Violet. Blythe од сам почеток не чувствува поврзаност, иако прави се' што и' е кажано дека треба да прави, оди на часови, чита литература... но во неа едноставно не проработува тој инстинкт.

    Напротив, нејзиниот инстинкт и' кажува дека нешто не е во ред со нејзиното бебе, но таа на почетокот ниту сама не е свесна. Секогаш мисли дека грешката е во неа, дека таа не е доволно добра.

    Низ разговори со други мајки се обидува да ги вербализира своите проблеми и чувства, но не може да најде ниту една што барем слично се чувствува, бидејќи Blythe е убедена дека Violet едноставно не ја сака.

    Од друга страна, Violet е сосема различна кога е со татко и' - но татко и' работи долги денови, па не е баш сведок на турбулентното секојдневие на Blythe - ниту и' верува колку сериозно е тешко.

    Blythe посетува и психијатар, кој не смета дека има постпартална депресија.

    Како што расте Violet, покажува знаци на агресија, другите дечиња ја избегнуваат, а во една прилика на лулашки, намерно сопнува дете и тоа паѓа, при што умира. При толку народ, само Blythe сфаќа што се случило - но дури ни сама себе не си верува, иако виде.
    Мисли дека до толку е неспособна да биде мајка што и' се причинуваат работи.


    Blythe сака второ дете, Fox не е баш убеден - веќе е разочаран од неа како мајка, затоа што неговото и нејзиното искуство како родители се дијаметрално спротивни - така и нивните чувства према Violet.

    Blythe се плаши од малото девојче, претчувствува дека нешто сериозно не е во ред со неа. Но никој, баш никој, а најмалку Fox дава значење на нејзините зборови. Затоа упорно продолжува да молчи.

    Сепак, останува бремена втор пат, и го раѓа Sam.

    Овој пат - се' е поинаку. Се' што чита во книгите, се' за што другите мајки зборуваат... се' се случува правилно. Се поврзува со него од првата секунда и со него ги има сите оние искуства кои не успева да ги има со Violet.

    Violet отпрво покажува емпатија кон помалиот брат, и тој, како и сите други освен мајка и', ја обожува.

    Но, Violet на моменти е сериозно creepy, ситници кои Blythe некогаш ги воочува веднаш, некогаш многу подоцна.

    Но знае, едноставно знае, претчувствува, дека Violet е способна, спремна да го повреди Sam.

    Во една прилика, стоејќи на семафор, со едната рака држи топол чај, со другата количката, но Violet ја тегне за рака и за секунда ја испушта количката која се тркала до улицата, при што ја удира кола и Sam починува веднаш.

    Blythe е сигурна дека ја виде Violet како ја гура количката намерно и тоа го кажува, на Fox, на докторите, на полицијата.

    Никој не и' верува, повторно.

    После смртта на Sam, писателката не не' поштедува од се' низ што поминува Blythe. Посебно тежок дел од книгата е тоа, бидејќи е сама во својата болка.

    Да, го боли и Fox, и неговите родители, и пријателите - но никој не и' верува и никој не ја слуша.

    Евентуално оди на рехабилитација, но тоа и не и' помага нешто премногу. Оди заради Fox и за да избега од Violet.

    По враќањето, стекнува рутина во која има лимитиран однос со Violet, претпазлива е, свесна е.
    Се сеќава дека само една недела пред несреќата, Violet упорно ја прашува како функционираат семафорите. Меѓувремено и' кажува дека повеќе не го сака Sam.

    Но годините и неверувањето во неа прават и самата да се сомнева во себе.

    Fox меѓувремено има афера со својата асистентка, и тука од една страна можеме да го разбереме - се' додека не дознаеме подоцна дека не само што ја изневерува Blythe, туку љубовницата е бремена. Тоа го дознаваме кога веќе Blythe и Fox се разделени, а Blythe наоѓа начин да ја запознае.

    Сфаќаме дека не само што упорно ја лажел Blythe дека повеќе не се гледа со другата, туку истовремено бил сосема свесен дека е таа бремена.

    Најтрагично е што Blythe е всушност таа што го брка од дома, тој не е доволно способен ниту сам да и' каже и да си замине.

    Го делат времето сo Violet, затоа што и покрај се', Blythe сака да биде мајка на девојчето. Тоа е секогаш претешко, Violet упорно прави работи со цел да ја повреди Blythe. Крие од неа за бременоста на новата жена на татко и', или пак кога веќе зборува, бира зборови што знае дека ќе ја повредат мајка и'.

    Blythe се обидува да и' каже на новата жена да биде внимателна со Violet околу малиот Jet (нејзиниот и на Fox син) но како и сите други, и таа ги отфрла мислите на Blythe со неверување.

    Книгата завршува како што и очекував да заврши - нема среќен крај.

    Сега, оваа книга ве тера на размислување. И ви треба желудник за неа. Затоа што за еден лик имате постојано конфликтни чувства.

    Најлесно ни' е да ја осудиме Blythe, затоа што истовремено е и протагонист и антагонист.
    Знаеме што треба да чувствуваат мајките, знаеме како треба да се однесуваат. Blythe не се однесува секогаш баш најмајчински. Не успева да ја засака вистински Violet никогаш. Од страна, можеме да речеме - колку ужасно суштество. Но таа се труди. Сака да биде добра мајка. Сака да ја сака Violet. Сака Violet да ја сака неа. Засекогаш сама себе се обвинува за се'. Дури и после се', се обидува да се зближи со Violet иако таа веќе има 13 години. За Blythe имањето дете не е благослов, казна е.

    Но, дали е навистина проблемот во Violet? Во Blythe? Можеби во двете? И двете потекнуваат од незаинтересирани мајки. Мајката на Blythe не сакала ниту да ја роди - секако потисната од светот околу себе, на крај ја раѓа, чувствува дека иднината и' е одземена, знае дека не сака да биде мајка, но нема избор. Бабата на Blythe од друга страна, Etta, не само што е незаинтересирана мајка, таа е сурова, и физички и психички према својата ќерка Cecillia.

    Знаеме дека Etta и Cecillia имаат психички проблеми. Дали ги има и Blythe? Дали ги наследи Violet?

    Зошто Blythe не може да се поврзе со сопственото дете, никогаш?
    А зошто може со второто?
    Дали нејзиниот инстинкт е во право? Или и' се причинува?

    Дали Fox е личност кон која треба да имаме разбирање? Fox е секој втор маж што го познавам искрено. Никој не оспорува дека тој ја сака жена му, ги сака децата, но тој просто не е дома за да ја согледа целосната слика, а кога жена му му кажува, едноставно - не и' верува, мисли дека преувеличува.
    Зошто од неа ја крие аферата и откако е свесен дека повторно ќе стане татко и е вљубен во новата жена? Зошто не и' каже?

    Страв му е од нејзината реакција?
    Или едноставно животот со него бил премногу фин, па не знае како да се справи?

    Години подоцна тој Е свесен дека не бил доволно тука. Не ја слушал. Но предоцна е.

    Како настануваат психопатите?
    Дали е Violet психопат?
    Дали мајките знаат, а не можат да кажат, затоа што е незамисливо за сопствено дете да изговориш или помислиш што било освен - совршенство?

    Не мора да е дете, нели. Колку луѓе познаваме што "нешто не е во ред" - но молчиме?

    Колку од нас како жени се очекува да сакаме да сме мајки, и да бидеме мајки, и кога сме мајки, да бидеме ништо помалку од совршени мајки?

    Товарот на Blythe пред да стане мајка го почувствував толку лично. Не, немам незаинтересирана мајка, ниту незаинтересирана баба - напротив - но во мене никогаш немало таков инстинкт, како што ми се чини наоколу сите имаат.

    Имаат, или молчат дека немаат?

    Имаат, или се плашат од осуда?

    Имаат, или се плашат дека ќе останат сами?

    Минатата недела родената тетка ми кажа дека веќе сум претерала со "чекање".

    Не е тоа наш домашен, балкански проблем. Мислам дека е светски, за секоја жена на светот проблем. Ми кажуваш дека не сум доволно добра. Ми кажуваш дека нешто ми фали. Ми кажуваш дека мојот живот е недоволно вреден. Недоволно нормален. Недоволно на прав пат.

    Зошто?
    Дали вредиме само ако станеме мајки? Дали нашето постоење е важно само ако родиме?
    Дали треба да родиме, по секоја цена?

    И зошто е незамисливо, дури и за мед.професионалци, да кажеш дека нешто не е во ред со твоето дете?

    Ова е тажна книга.
    Од прва до последна страница.
    Тешка е, толку многу во релативно малку страни. 320 страни има, а како да има 3200.

    Никогаш не сум пишувала волку за една книга, па bear with me. Сигурно нешто пропуштив. Сигурно нешто не разбрав до крај.

    Навистина ме интересира како ќе ја доживеат другите, посебно оние кои веќе се мајки.
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2021
    На sweet-cherry, sweetgirl92, violetblue и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.052
    Пол:
    Женски
    Мене ми е читана книгата, многу ме погоди и многу ми беше криво за некои работи.
    Одвратен ми беше Фокс, одвратен. До толку без емпатија во себе, толку егоцентричен, ми се згади уште кога насетив дека има афера, а дома сопругата му се бори со депресија, несфатена, неразбрана, неохрабрена, буквално изгубена, страшно.
    Не знам како си дозволи Блајт да остане толку долго во тој брак, но толку и се собра со Сем со бесните испади на Вајолет, мислам до одреден момент ни сама не беше свесна што и се случува.
    Единствено премногу ми беше сталкерството и лагите што и ги изнакажа на новата сопруга на Фокс, некако не сум сигурна дека и требаше бондинг баш со неа но јасно ми е зошто го направи тоа. Вајолет ми беше одвратна...се извинувам, но одвратно дете. Манипулаторка од ден 1, ама и се можеше со Блајт па ја цедеше како лимон. Многу добро знаеше со кој може да си дозволи да биде таква и тоа мудро си го користеше. Со други луѓе (пример на онаа екскурзијата од школото) и Блајт примети дека е ко изгубена и дека се чувствува инфериорно па бега што подалеку.
    Многу ме погоди и тоа што се случувало во претходните генерации, до толку бре рамнодушни кон детето што го створиле, душата ме заболе и плачев на многу сцени.
    Тешка книга, многу тешка, а на прв обид вака не можеш ни да објасниш што е тоа што ја прави толку болна. Со денови ја мислев и Блајт и сите ликови, навистина не се сеќавам кога последен пат ми се случило ова со некоја книга.

    Многу ми се допадна како беше напишана. Мелодична, лирична, без некои драматичности, ко да извираше се од авторката како од вруток. И обраќањето во второ лице - интимно, ко да ти се обраќа тебе. Можеби ова се небитни работи, но мене премногу ми менуваат кога земам некоја книга во рака. Сакам да ја почувствувам, а со книгата тоа и се случи. Затоа мислам дека остава длабока трага кај сите жени, без разлика на тоа дали некоја е мајка или не.
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2021
    На CameliaMiller и kristina.k им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    206.946
    Се обраќа во второ лице еднина затоа што се обраќа на Fox. Буквално така почнува книгата, седи кај нив пред куќа и чека да му ја даде "нејзината страна на приказната". За неа тоа е најважно. Violet прва ја гледа, но ја игнорира, намерно носејќи го Jet на прозорот, каде што му покажува нежности затоа што знае дека тоа ја повредува Blythe. Но, Blythe веќе е навикната, и овој пат не попушта, успева да му ја даде на Fox книгата. Фактички ние сме Fox цело време, освен на крајот, кога веќе не пишува во второ лице еднина.

    Мене Fox не ми беше толку одвратен, колку што едноставно - не знаеше. Немал прилика како дете да дознае, како возрасен никој, па ни мајка му, не успева да му ги отвори очите. Мислам дека само мајка му е свесна колку е Violet тешка, ама, како и сите, единствена која е со Violet 24/7 е Blythe, другите се во поминување, дури и Fox, и просто не можат да поверуваат дека едно невино дете може да е такво, полесно им е да веруваат дека Blythe е лоша мајка, бесчувствителна, претерува, измислува, не ја сака Violet...

    Не ми беа одвратни, само... незаинтересирани?

    Хипокризијата е во тоа што најголемиот "непријател" на Violet всушност најдобро ја познава и највеќе се труди да ја разбере и да допре до неа.
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2021
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.052
    Пол:
    Женски
    Знам зошто беше напишана така @CameliaMiller. Го спомнав тоа затоа што ретко се среќава вакво раскажување во други книги.
    Мене на нерви ми одат книги во трето лице и he said/she said конверзации и избегнувам такви па битно ми е како се пишува.

    Така, но сепак тоа што имаше поразлично детство од неа не му е изговор. Родителството се учи, но само Блајт даваше напори да научи. Од петни жили се трудеше да го најде проблемот во односот со ќерката, а тој проблем според мене не лежеше во неа, не беше вина на Блајт.
    Фокс можеби не знае, но можеше да проба да разбере, да ја сфати Блајт дека не и е лесно, да даде утеха. Он, а сите други го одбраа најлесното - мајка си ајде, како можеш така да кажеш, мајка си ќе пројде се. Ми се повраќа од вакви муабети, зар и мајката не заалужува малку ветер во грб, малку рамо за плачење бар некогаш. Сама на себе беше оставена.
    Тој ко само така да си фигурираше во таа фамилија, не пропушташе прилика да и најде замерка, да ја прекори, да и каже дека нема поим што збори, што прави, а никако да ја види со што се бори. А кога дојде време за разводот, он дури навреден, пак и искоментира дека она се сменила и дека не била истата личност од порано.
    Па како да биде, изгуби дете, другото дете не сака да ја прифати, сопругот не сака да ја разбере, кај да оди и што да прави.
    Наместо да проба да си ја спаси фамилијата и да ги види работите појасно, он го одбра најлесното.
    Затоа ми е одвратен и не можев да поверувам како Блајт си дозволи толку долго да опстанат заедно. Заслужуваше подобар партнер.
     
    На sweet-cherry и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    206.946
    Ако ти се допаѓа таков стил, читај ја You од Caroline Kepnes, ќе бидеш wtf најголем дел од времето, а и отпосле :) И исто ќе разбуди таков револт, каков што би требало да разбуди во секоја жена што ќе налета на книгава.

    Тоа кажувам, Fox баш е "жртва" на сите можни стереотипи за добар маж - "најважно" е да е добар татко, нели?

    Проблемот е што тој не е добар татко. Тој, а и сите мислат дека е. Буквално е enabler за Violet, заслепен е од својата предвидена улога на добар татко, на сето она што треба да биде, на сето она што тој за себе зацртал дека мора да биде - семејство како тоа во кое пораснал.

    Нема прилика да ја види Violet кога е проблематична, но не сака ни да поверува кога му кажуваат. Не само Blythe, туку и учителката.

    Blythe верувам дека остана толку долго со него затоа што не сакаше да биде мајка и' - сакаше да го задржи и него и Violet по секоја цена. Навикната да биде отфрлена и оставена, таа ја роди Violet заради него пред се', не затоа што таа сакаше или чувствуваше потреба. Само да не го изгуби. Единствената личност (пред, а и после Sam) што и' беше мотив во животот беше Fox. Што е тажно само по себе. Што дури нели, на крајот, важно и' е ТОЈ да ја знае нејзината приказна.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.052
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Читана ми е You и да, имаше ваква некоја магија во раскажувањето и ми остави голем впечаток и таа книга.

    А за другово што го пиша - така е. И јас го мислам истото.
    Знаеш, во прв момент кога ја завршив книгата навистина се запрашував зошто женава вака си се погази, зошто не си се стави себе малку на пиедесталот туку упорно удираше со глава во ѕид и не сакаше да пресече. Некои работи болеа додека ги читав, но кога ми спласнаа впечатоците многу работи ми станаа појасни.

    Да, Блајт беше премногу повредена од работите кои ги имаше доживеано како дете и тоа многу и влијаеше и понатака во односите со сите.
    Самодовербата воопшто не и беше изградена и се друго беше резултат на ова до некаде.

    Навистина не ми беше јасно на почеток и туку се прашував кога ли ќе најде сила да каже дека доволно било, не може повеќе така, да сфати дека и таа е битна во слагалката, но како што кажа и ти - колку знаела, толку и направила. Криво ми беше што не си даваше важност колку што заслужуваше, зашто таа беше родителот кој и покрај плачките и психичките па и физички удари добиени од детето, остана до ќерката и не се предаде до крај.

    А не го спомнав мислам и ова. Верувам дека второто искуство со Сем и беше сосем спротивно на првото, затоа што тогаш кога посака да забремени не го направи тоа заради Фокс или Вајолет, туку заради себе. Си осети потреба за дете и работите едноставно се наредија овој пат, но за жал и тоа заврши лошо и уште толку ја обележа.
    Можеби ако Фокс се потрудеше да ја разбере, работите ќе имаа поинаков тек, но тогаш ни книгава немаше да биде тоа што е и немаше да остави ни проближно ваков впечаток.

    Инаку, книгава две години наназад ја најавуваа како нешто што мора да се прочита и беше апсолутен хит уште пред да излезе официјално од печат.
    Можам да кажам дека е една од ретките кои си го оправдаа ова помпезно најавување, еве барем за мене и моите преференци.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    50.004
    Пол:
    Женски
    Не читам јас од постираното, некаде до 40% сум. На гости сме, а едвај чекам дома да одам и да читам, фасцинантна ми е книгава крајно, конечно нешто добро што не разочарува. Ќе пишам и прочитам опширно кога ќе ја завршам.
    Утре. :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    50.004
    Пол:
    Женски
    Океј.
    Од каде да се почне?
    Прво, морам да кажам дека токму поради настаниве во книгава сум против тоа кога се очекува дека секоја жена мора да биде мајка. Значи, не. Мора да се олабават тие општествени очекувања.
    Не можам да опишам колку ми беше одвратно што се случуваше со Сесилија и Ета. Кога ја затвори во подрумот и ја остави, под тушот... Уфффф.
    За Блајт беше многу покомплицирано. Јас верувам дека Вајолет беше психопат. Едноставно не може да е поинаку со се она што го направи. Мене само не ми беше јасно зошто не ја однесе на психијатриска проценка? Знам дека и беше дете, се тоа, ама зошто не ја однесе? Јас би го однела моето дете, да гледам дека нешто не е во ред би го однела. Ама, немаше доверба во себе никаква со оглед на тоа од каква лоза потекнуваше. Со оглед на тоа што Фокс сосема ја потиснуваше.
    Мене Фокс не ми беше одвратен, он сакаше таква жена, Блајт сакаше да биде таква жена. Можеше он да не ја притиска, можеше она да не дозволи да е притисната. Ама, и двајцата беа како во магла некако.
    Одвратно беше потоа неверството, лажењето, сето тоа.
    Блајт за ништо понатаму не ја обвинував, едноставно не знам како преживеа. Јас би си ставила крај.

    И сакав крајот да е малку поелабориран, да се дојде до некаков заклучок, нешто, ми се чини како баш кога тргнаа работите да се заврши.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    206.946
    Според мене крајот не недовршен, баш и во реалниот живот не секогаш имаме дефинитивен крај.

    Мислам уште 320 да напишеше со ова темпо за целиот живот на Blythe, немаше нешто премногу да се смени.

    Затоа што во реалноста не се менува.

    Да претпоставиме дека Violet го уби и Jet.

    Шансите се дека Blythe засекогаш ќе биде покрај ќерка и'.

    Не дека таа не знаеше дека на девојчето му треба стручна помош, тоа и го зборува на маж и', но самата таа не е доволно самостојна и зависи од судот на Fox, па се' прави да му е по волја, само да не го изгуби.

    Во целава приказна единствен стабилен, изграден, возрасен човек ми се чини свекрва и'. Таа знае, сфаќа, ама не се меша премногу, пробува да помогне, дури и откако Fox и Blythe ќе се разделат.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    50.004
    Пол:
    Женски
    Знам, ама ми беше потребно да прочитам како ќе се одвиваа натаму работите. Знаеш како некогаш со некоја книга, знаеш што ќе се случи, ама пак ти е убаво кога читаш? Епа тоа ми требаше тука, сакав да прочитам. Сакав да прочитам како му се отвораат очите на Фокс за Вајолет, ми требаше тоа читачко задоволство.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    206.946
    Што скроз намерно не ни' го даде :D

    Ај пишува нова, да се надеваме дека ќе биде вака добра.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.052
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна воведот во книгата, подоцна видов дека е извадок од некоја друга книга.

    Си го зачував, многу убаво ми звучеше кога го читав делов.

    Можеби не сакаше да верува дека „историјата се повторува“ и дека со детето нешто не е во ред @RainBow. До душа, она не ѝ веруваше ниту на сопствената сенка, несигурна во себе дури и за најбаналните работи. Колку пак само немаше самодоверба. Уште пострашно ми стана сознанието колку овие работи влијаат во развојот на едно дете, а биле тотално занемарени од претходните генерации, со чест на исклучоците кои секако се ретки.

    А знаеше дека нешто тука не штима како што треба, но не можам да си објаснам зошто остави работите едноставно само да течат. Можеби како што вика @CameliaMiller, си се помируваше со сè што ќе кажеше Фокс - неговата потврда и беше ко некој закон.
    Многу прашања со зошто ми остави книгава. Некои си се решија откако ми спаднаа малку впечатоците, други си останаа вака да лебдат и си мислам дека намерно беа оставени така за да поттикнат дискусија можеби.

    Од една страна и мене ми фалеше нешто иако не знам што, а од друга страна - книгата почна таму кај што заврши и заокружена ми е како целина. Но потајно сакав да има уште некој епилог после дадениот, да видам што се случило понатака. А тоа секако не беше потребно, зашто не е од тој тип на книги кои ти сервираат се. Но на толку сурови работи, посакав да прочитам нешто што ќе ми даде надеж дека можеби и Блајт нашла мир, иако знам дека ништо немаше да се смени, никогаш...
     
    На CameliaMiller и RainBow им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    50.004
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допадна цитатот. И насловот е совршен.
    The Push, туркањето за да излезе бебето и почеток на нов живот наспроти туркањето на Вајолет на децата во нивната смрт...

    За Блајт нема да има мир никогаш повеќе, толку беше од нејзиниот живот, колку и сурово да звучи. Може само да го одживее остатокот и тоа е. Нема поужасно нешто од загубата на дете.
    Мене ми фалеше и малку страната на Фокс, го гледавме само преку нејзините очи, но не знаеме сосема како он се чувствуваше, што он мислеше...
    Скроз намерно, не остави така. Нефер :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    3.355
    .
    [Мислам дека Блајт имаше некое внатрешно претчуство што не можеше да се поврзе со Вајолет уште од раѓање ама го препишуваше на своето минато. Убедена сум дека Вајолет е психопат, иако Блајт имала ужасно детство, најверојатно гени се во прашање а не воспитување. Ужасно ме нервираат такви родители како Фокс што се заслепени од сопственото дете, значи ако жена ти вели дека нешто не е во ред, значи седни размисли, разговарај. Да немаше Блајт таков притисок за да биде совршена мајка и да има совршено семејство можеби ќе ја однесеше Вајолет на лекар и ќе можеше да не дојде до смрт на Сем]
    Затоа сметам дека е особено важно да се разговара пред брак за вакви одлуки, а не едноставно ајде затоа што сите така прават или партнерот сака така.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    206.946
    Имаше крај, на некој начин.
    Блајт успеа да создаде нов живот, каков-таков, максимално организиран и предвидлив.

    Секако, што и да се случи со Jet, ќе ја извади од колосек, но не толку колку што веќе смртта на Сем ја уништи, па потоа и аферата на Фокс.

    Но за неа не верувам дека повторно постои сосема "нормален" живот како што на почетокот посакуваше, всушност тоа е се' што сакаше и се' правеше за да го добие. Имаше претстава што сака и што не сака, нејзиното семејство како негативното и семејството на соседите како позитивното.

    Мислам, поука, животот не е фер. И да почнеме да учиме дека има повеќе видови на "нормално".

    Нормално е да не сакаш да раѓаш.
    Нормално е да кажеш дека не ти е најсовршено искуството како мајка.
    Ок е ако детето ти има психички проблеми.
    Важно е прво да знаеш што сакаш за себе, па да сфатиш што сакаш со некој друг.
    Биди гласна за себе и кога немаш поддршка.
    Ако видиш дека друга жена страда, верувај и', биди и' поддршка.

    Малце фали да отиде се' по ѓаволите.
     
    На RainBow, Mishela и violetblue им се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    3.355
    Некогаш барајќи го совршенството одиме од крајност во крајност.
    поради лошото детство Блајт имаше анкциозност за тоа каков родител би била, дополнително што исполнуваше желби на партнерот. Можеби ако беше по искрена и отворена со Фокс ќе ја сфатеше сериознои
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.430
    Допаѓања:
    76.052
    Пол:
    Женски
    Така, понормално од тоа не ни можеше да добие. Јасно ми е и мене сè, ама толку ме здоболе луѓе душата, не можам да опишам колку агонично посакував нешто добро да и' се случи.
    А знам дека што и да се случеше, што и да се допишеше, ќе беше тотално сеедно и тотално небитно. Она веќе пројде боса низ пеколот, нормален почеток после нешто вакво нема.

    Јас само би додала и сакај се себе си, научи да се сакаш и почитуваш без оглед на се'.
    Блајт пропати затоа што дозволи да нема свое јас, да оди по стапките на другите и слепо да им исполнува желби без да се запраша кај е она тука во сликата и кои се нејзините желби.
    Ниту една жена не треба да дозволи нешто вакво. Нема ништо страшно, лошо или себично некогаш да се ставиш на прво место. Секако дека децата ни менуваат некои работи, приоритетите стануваат малку видоизменети, но ова нејзиното беше борба со ветерници, како да кажам...еднонасочна улица. И не можеше тука ништо да се смени, тоа е.
     
    На RainBow и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    50.004
    Пол:
    Женски
    Јас многу се изненадив кога посака второ дете.
    После се што помина тоа некако ми дојде како шок. Особено што се сомневаше дека Вајолет го сопна детето што умре, како со такви сомненија реши да донесе уште едно дете на свет? Тоа ептен ми беше нелогично. Јас не знам ни она како спиеше дома со нејзе, нормално дека можеше нешто да и направи.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.917
    Допаѓања:
    24.029
    Пол:
    Женски
    Ќе ја читам наредна недела или за викенд, ниту еден спојлер не видов. :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    8.634
    Допаѓања:
    206.946
    Нели?
    И мене ми беше тоа нелогично, ама мислам дека овој пат сакаше да роди, едноставно дури тогаш и' се појави оној инстинкт за мајчинство.

    А за спиењето, мене не ми беше толку крипи додека и Фокс живееше со неа затоа што знаеше дека покрај него нема да биде ништо помалку од ангелче, ама отпосле, кога доаѓаше кај неа, на пример ситуацијата кога ќе биде во дневна а Блајт ќе се прикраде и ќе го украде ножот од фиоката.

    Јас не се сомневам дека она ја сака Вајолет, само знаеш како, не ми е ни толку чудно што не бара помош за неа.

    Познавам такви луѓе.