1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Push (Ashley Audrain)

Дискусија во 'Книги' започната од CameliaMiller, 20 февруари 2021.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.741
    Пол:
    Женски
    Јас денес ќе ја почнам ме заинтригиравте, успеав да не отворам ни еден спојлер :tmi:
     
    На RainBow и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Ама баш затоа и требаше да размисли. Јас навистина не знам како тоа не се спомна, како нејзините мисли ниту еднаш не отидоа натаму. Барем некако да го размислеше и обработеше тоа. Па што ќе беше ако татко и исто многу се врзеше со бебето, како тоа ќе го поднесеше Вајолет? Сигурно многу порано ќе се случеше ова што се случи.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.770
    Допаѓања:
    259.745
    Па веројатно да беше in the right state of mind ќе мислеше... мене ми е толку - обична, секојдневна, што да сакала не можела подобро да ја создаде писателкава.

    Сигурно познаваш луѓе кои имаат сериозни проблеми со првото, па раѓаат и второ.

    Е, најчесто не стигаме до смрт на едното, ама психички и физички тортури...

    Зошто?
    Еве ни јас не знам зошто.

    Не во книгава, зошто луѓето се однесуваат вака?
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Па, не познавам луѓе на кои едното дете им убило друго дете и пак се решаваат да одат на второ.:wasntme:
    Едно е да е тешко детето, да не спие, такви секојдневни работи, а друго е да е со сериозни психички проблеми, такви баш не познавам. Навистина.
    Ама, кога доаѓа до сопствените деца луѓето најчесто одбираат да замижат пред маните, пред проблемите. Е сега, Блајт беше свесна, не беше баш дека то толку беше во незнаење и ја сакаше безусловно ќерка и. Затоа ми беше чудно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.741
    Пол:
    Женски
    Ја дочитав вчера па собирав впечатоци и да пишам сега.

    Навистина ми беше болна книгата. Јас сум личност која нема желба да роди дете, и не верувам дека некогаш би го доживеала тој мајчински инстинкт. Можеби сега така се чувствувам така, можеби со тек на години ќе се смени, не знам, ама сега уште толку се исплашив од книгава :?:. Ама Блајт на некој начин беше убедена дека се ќе биде во ред од Фокс, дека ќе биде нормална мајка, дека ќе функционира се океј и она од што не сакаше да го изгуби реши таа желба да му ја удоволи.

    Мене Фокс како лик ми беше крајно одбивен, не беше воопшто запознаен со нејзината историја, ниту прашуваше кога она покажа анксиозност кон тоа дека нема да биде добра како мајка. Не и веруваше на сопствената жена, не сакаше да ја ислуша, ниту во еден момент не покажа барем доза скептицизам да биде како хм можеби сепак не е до жена ми, ајде да ја однесеме Вајолет на психолог. Најмногу ме изнервира на крајот кога и кажа а ти текнува кога ти ги снема новите алишта? Епа Вајолет ја најдов како ги сече и не ти кажав (facepalm) Како можеше он да продолжи да живее со новата сопруга и новото дете знаејќи дека сепак нешто не е во ред со Вајолет? Толку беше протективен кон својата ќерка, што беше способен да ја направи жена му таа што е забегана.

    Вајолет дефинитивно имаше психопатски тенденции. И апсолутно знаеше со кого може да ги искористи, и во случајов Блајт беше жртва зошто беше без самодоверба, несигурна и веќе беше под знак прашалник од страна на маж и. Беше лесно да ја направи Блајт лошата што си замислува нешта.

    Крајот иако посакувам да имаше повеќе инфо, беше токму како што очекував, и ја затвори солидно приказнава.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.270
    Допаѓања:
    37.880
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав и јас, па да пишам впечатоци.

    Минатата недела не стигнав да ја почнам, па ја прочитав цела сношти, буквално до сабајле читав, не можев да ја оставам. Многу, многу тешка и вознемирувачка книга за мене.

    Прво цела историја почнувајќи од Ета, која според мене се борела со депресија, па до Сесилија која е млада и без желба за мајчинство, и ја остава Блајт, а со тоа остава толкава празнина и непознат поим за мајка и знае дека нема да развие мајчинско чувство уште пред да се обидуваат за бебе, па се до Вајолет која по мене е психопат без разлика на неповрзаноста со мајката од најмала возраст. Сите тие случки во минатото ја предизвикуваат таквата низа на трагични настани. Блајт ми е најголема жртва, од мала возраст напуштена, со чувство дека не е сакана, со мајка која се плаши да ја допри, па втурната во мајчинството без сопствена потреба и желба. Уште и добива такво дете како Вајолет и има маж кој очекува се да е совршено како што било во неговото детство, па и да се грижи сама, да не работи, да не пишува и плус на тоа не верува во Блајт и нејзините инстинки за Вајолет. Фокс ми е одвратен и мене, најпрво со цело неразбирање на нејзината состојба пред да стане мајка, разбирам сака да основа семејство, но ни малку не се позанимава со нејзините стравови и со минатото, а на крај после се и како да го замени семејството со друга жена и син и тоа дури уште беа во брак. Многу ми беше жал тогаш за Блајт и ми е тажен цел нејзин живот, а најмногу нели губењето на синот. Мислам дека пред да го добие него беше спремна за да е вистински мајка, затоа и ги доживеа сите тие чувства и моменти кои претходно ги немаше. Се изнаплачив на деловите со сеќавањето на Сем, со алиштенцата од подрум и зајчето, буквално липав како мало дете.
    И крајот иако не е најјасно завршен, претпоставив уште во читањето дека ќе се случи нешто и со другото дете.

    За мајчинството многу реална слика дава книгата, многу тажно што еден куп жени, поради притисок од општеството, од партнерот, од самите себе и чувството дека така треба, стануваат мајки тотално неподготвени психички за целиот предизвик и менувањето на животот од корен. Не дека некој може да е целосно спремен, ама треба сопствена желба најпрво, а не потреба да се задоволи некој стандард или некое туѓо очекување.
    Малку ми беше тригер книгава поради дилемите кои и сама ги имам, ми предизвика да разберам некои работи што ги размислувам моментално, ама не жалам што ја прочитав воопшто.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.