1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Queen's Gambit (2020)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од IM.TMKQ, 8 ноември 2020.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    the-queens-gambit-full-promo-promotional-poster-release-date-announcement.jpg
    Мислам дека нема тема за серијава а според добрите критики кои ги слушнав мислам дека вреди да отвориме и посебна тема.

    ,,Девојче сирак кое се издигнува во 1950-тите години во шаховскиот свет во кој доминираат мажите. Наречена по шаховски потег, серијата го следи животот на шаховското чудо Бет Хармон, чиј талент е открен од старателот во сиропиталиштето. Приказната се однесува за нејзиниот раст до славата, завнисноста, падот и новиот подем. Сето тоа поставено врз големото шаховско ривалство меѓу САД и СССР."
    IMDb оценка: 8.9/10

    Дали ја гледа некој серијава?
    Јас денес ја почнав, изгледав една епизода, засега ми се допаѓа. Иако дејството се одвива многу брзо, има добра поента, добро е смислена и не е досадна за гледање.
    Понатака ќе пишам повеќе детали.

    Вие што сте ја изгледале, како и секогаш, деталите во спојлер. :D
     
    На Guns N` Roses, nadenadia, Purplelilac и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    36.911
    Пол:
    Машки
    Ја изгледав уште неќни и ја предложив во темата за серии и морам да кажам одма дека серијава заслужува своја посебна тема затоа што е една од најдобрите серии воопшто што излегла последниве години.
    Единствено лошо е тоа што е мини серија со само 7 епизоди и се гледа во...1 ден. :D
    Читав дури некаде дека фановите барале да се продолжи со снимање понатаму, и актерите иако би сакале, рекоа дека нема да се продолжи затоа што си имаше баш фин и убав крај со closure.

    Ретко има серии за шах, и филмови исто така во последно време. Можеби затоа што шахот повеќе не е популарна игра и единствено е актуелна кај старите дедовци кои го играат во маало. Не знам ама буквално никој млад што го игра или има желба да го игра.
    Тогаш, во студената војна добива на голема популарност затоа што преставувал уште едно поле каде што Американците и Русите си ги мереле своите...мозоци.
    Anyway, во Русија бил далеку по популарен и се играл буквално насекаде, додека во америка и не доживеал толку голема популарност, па најпознатиот шахист, американец, има всушност руско потекло и да биде иронијата поголема, ги победил сите руси. :lol:
    Ако ви се гледа, има филм снимано за неговата партија против Спаски, кој е солиден филм.

    Како што и во реалниот живот шахистите имале свои психичко-ментални проблеми, пороци и паранои, така и во серијата нашата хероина не е лишена од истите. Всушност, нејзиниот лик е правен по самиот автор на истоимениот роман од каде е настаната серијава.
    Ова нема да го ставам во спојлер затоа што е буквално прва епизода, а верувам секој што ќе налета на темава, бар прва епизода ќе му биде изгледана додека го чита постов.
    Како и да е, @IM.TMKQ убаво објасни горе дека се работи за девојче, сирак, кое расте во сиропиталиште и својот прв порок го добива на тој начин што во сиропиталиштето користат седативи кои им ги даваат на децата за веројатно да можат да спијат и да бидат мирни. Хех, ова се дешавало во 50тите во Америка, додека кај нас се дешаваше сега, пред некоја година. Доказ колку сме ние назад.
    Бет, успева да се навлече на нив така што си ги чува под јазик, и си ги собира за да ги испие наеднаш, по што има такви weird халуцинации каде што може да се фокусира на шахот и да ги испроба сите можни следни комбинации во својата глава, т.е. на таванот на просторијата. Ова магично комбо ќе и користи понатаму низ нејзината шахофска кариера и ќе и служи како предност, но, исто така и ќе и ја доразвие својата зависност кон истите и доколку не ги добие кога и се потребни, добива раздразнетост, панични напади, губи фокус и се разбира не е во состојба да мисли како што треба и дејствува како што треба.
    Тој и е првиот порок со кој се среќава на почетокот на серијата, а понатаму ќе развие уште неколку.

    Ми се допаѓа и фактот што сиропиталиштето не е преставено како ултимативно зло, како што секогаш го прикажуваат во филмовите, туку е преставено онака со сите свои маани, и позитивни ствари. Па животот на Бет таму ќе биде проследен со неколку подеми и падови, но генерално ќе има поприлично океј детство и поддршка од својата другарка, како и од домарот кој ќе ја научи да игра шах и ќе го открие нејзиниот талент.
    На почетокот, не е објаснето детално и како Бет успева да заврши во домот, освен што е споменато дека родителите и се мртви, но, како ќе тече серијата и таа мистерија ќе се разреши, на можеби малку не толку очекуван и занимлив начин, но тоа е цехот кога се мора да се стави во 7 епизоди, па дејствието е малку забрзано.

    Има и доста емоционални моменти, кои како ролекостер ќе минат низ животот на Бет, и низ времето поминато на гледачот, кој ќе се соживува со неа, at least јас се соживував и тоа е тоа зошто серијата е толку многу добра и посебна. Само најдобрите серии можат да предизвикаат силни емоции кај гледачот. Оваа е една од нив.

    Исто така интересно е што партиите во самата серија се вистински, логички, со смисла и дури има и ривјуа на интернет каде што ги објаснуваат, па ако сте into that можете да потрошите време за детално да ги разберите, иако серијата воопшто не бара никакво шаховско предзнаење и може слободно да ја гледа секој што не видел шах во живот.
    Еве објаснување за партијата од првата епизода:



    Друга интересна тема што ја начнува серијата е и тоа што отвора некои феминистички теми за тоа дали шахот стварно треба да се дели на машки и женски спорт и зошто не настапуваат сите членови заедно, туку сепак истиот се смета повеќе за машки спорт. Елизабет ги руши овие табуа, навлегувајќи во тој машки свет и докажувајќи дека и жените можат да го направат истото што можат и мажите, ако не и подобро.
    Од денешна гледна точка ова преставува секојдневие на некој начин и сме навикнати да го гледаме како исправно нешто, но, замислите колку било по конзервативно мислењето во 80тите кога била напишана книгата. Баш кршела табуа. 8)

    @IM.TMKQ напишала погоре дека The Queen's Gambit е потег во шахот, а јас морам да додадам е дека е потег каде што тој што го прави, жртвува фигура на почетокот, за да дојде до предност подоцна во партијата.
    Оваа жртва Елизабет ќе треба да ја направи во својот живот за да ја добие својата најтешка изиграна партија шах, да победи во него.

    [​IMG]


    Се надевам дека има уште повеќе што ја пратат серијата и ќе се развие една одлична дискусија за неа, а воедно и ќе успее да привлече други членови на форумот кои сеуште не слушнале за неа пошто е свежа, да посвежа не може да биде.
    И да, trending е на Нетфликс на првото место еве веќе со недели затоа што е f*cking предобра и вреди секој да ја изгледа без разлика дали го интересира шах или не. :)
     
    На Guns N` Roses, angelina1, Dentina и 22 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Линк од каде може да се гледа серијава имате?
     
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Јас од торент ја спуштив. Ако сакаш ќе ставам линк да се вклучам од лаптоп.
     
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    36.911
    Пол:
    Машки
    Пошто торент е забрането да се дели, еве онлајн. Иначе стандард ја имаш на рарбг или пиратите. :)
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Петок кога ќе сум послободна од чколија ќе ја гледам :nod:
     
    На Lollipop_123, Regina.Phalange и Billy Idol им се допаѓа ова.
  7. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Аххх, вчера ја почнав и завршив. Искрено сеуште собирам впечатоци, одредени сцени ми играат низ главата и сигурна сум дека ќе ја прегледам во брзо време уште еднаш. Вреди!!
    Не ме бидува да доловам со зборовите како @Billy Idol колку феноменална серија е ова.

    Приказната, глумата, сите мали елементи, музиката, облеката... ме фрли во цел друг свет и уживав. Топло ја препорачувам на секој, иако главната тема е шах, верувајте има многу поголема игра прикажана надвор од таблата.
    Следен чекор за мене е читање на книгата:$
     
    На Purplelilac, Victorian, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    36.911
    Пол:
    Машки
    @Regina.Phalange , успеа да ја најдеш книгата во пдф или епуб? Ако да, може да ја прикачиш овде? И јас би ја почнал.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    https://www.bookscool.com/en/The-Queen-s-Gambit-484276/1
    Малку чудно ја отвара, како долг есеј, но не најдов друга верзија.
    Имам моменти кои сакам да ги разговарам, али нека ја завршат серијата повеќе луѓе, да не ставам во спојлери :)
     
    На simoncelicius, Ole.grbeva и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    36.911
    Пол:
    Машки
    @Regina.Phalange фала ти многу за книгата. :sun: Во план сум за скоро да ја почнам. Пробав да најдам јас епуб/пдф верзија и успеав, па ако сака некој да ја чита во тој формат, може да ја download-не тука.

    За коментирање... Според мене мислам дека можеме да почнеме епизода по епизода да ги коментираме, па некако да не спојламе другите што гледаат, а сепак да се развие дискусија. За првата споменавме, па можеме и втората да ја коментираме без спојлер, ако немате ништо против?

    Инаку земав малце повеќе да прочитам за книгата, инспирацијата и самиот живот на авторот и всушност истиот делел слична судбина на Бет, па од таму и црпел инспирација за книгата. Имено, како мал и сам бил оставен во дом за сираци од страна на своите родители и развил зависност на седативи пошто им ги давале во домот, а подоцна развил и зависност на коцка. Прво бил навлечен на билијард и коцка, па првата книга му била напишана за тоа и мислам и по неа е снимен филм.
    Подоцна тек, почнал да игра шах и на некој турнир успеал да загуби од некое дете, а некоја девојка успеала да го "убие" во 27 потези и сигурно нејзиниот лик послужил како портрет за книгата.
    Чудно е, исто така што во книгата партиите не биле опишани скроз па Нетфликс се потпрал на шаховски експерти кои ги составувале истите да изгледаат така маестрално. Еден од нив бил и своевремениот светски првак и еден од најдобрите шахисти на сите времиња, Гари Каспаров. Финалната партија во серијата е феноменално изведена, ја има скроз анализирана на јутјуб, некој ако сака да ја гледа (пазете спојлери), тука.
    Актерите освен што ги учеле како да ги мрдаат фигурите, ги учеле и како да ги држат истите, колку време да мине измеѓу потезите, како да го одиграат секој потез, доминантно, збунето, без самодоверба итн. итн.
    Овака може изгледа само како неколку мрдања на фигури, ама е толку тежок, захтевен процес што сигурно не било воопшто лесно да се одглуми. Секоја чест за актерската екипа, Ања, и актерот кој го глумеше Боргов, некој полски актер бил, успеа баш да скине во целост советски шахист од тоа време. :D
    И костимографијата, морам пак да ја напоменам, како добро ги имаа претставено 60тите. :clap:

    Кога сме кај Ања, мене ми е скроз кјут со црвената коса и шпатавото носе, а изгледа и фан фејворит им е на интернет, па наидов на доста дигитален арт од нејзини портрети. Да споделам неколку. Штета е да не се видат. :D

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tace73, Purplelilac, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Blush

    Blush Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Серијава е топ.
    10/10
    За жал, за 2ра сезона нема никаква најава.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.043

    Прикачени фајлови:

    На Billy Idol и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Зошто бе вакви серии ги прават толку кратки? Таман купив 10 пакетчиња пуканки со сите салтанати и ми заврши. Одлична мини серија, без доза на досадни и празни моменти.
    Бет Хармон е приказ за слободен дух. Ликот кој ја интерпретира е како порцеланска кукла, со остри црти и продорни очи.
    После Game of Thrones, тешко ми е збогувањето со серии. Барем кратка беше, па не болеше толку.
     
    На Victorian, Shalitra, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    36.911
    Пол:
    Машки
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав цела и ми се допадна. Костимографијата ми се допадна, естетиката и интериериот и екстериерот на куќите од тој период. Глумата и изборот на актери исто. Тоа што беше кратка серија со само 7 епизоди, сепак не е пречка за да биде одлично изведена. Според мене, епизодите беа сосем доволни. Вакви кратки а добри серии се паметат.
    Крајот исто ми се допадна. Очекував да заврши лошо, со оглед на нејзините пороци, но сепак имаше фин, среќен и емотивен крај. Докажаа дека и американците можат тимски и сложно да играат како русите, а не како индивидуи. Искрено се надевав дека Бет нема да западне во некоја невоља или да се изгуби се себеси, и сепак така беше.
     
    На tace73, Purplelilac, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Ептен добра. Не мислам дека фалат уште сезони. Прекрасно ми беше срочено сѐ во овие 7 епизоди. Ја завршив насмеана. Немаше момент во серијата кој не ми се допадна.

    На прво не сакав да ѝ дадам шанса затоа што не знам шах, глупа сум за шах. Мислев дека сѐ ќе биде околу правилата на игра и играта општо. Ама е многу повеќе од тоа.
    10/10
     
    На tace73, Purplelilac, IM.TMKQ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Серијава многу ме потсеќа во некои делови на книгата "Лужиновата одбрана" предобра книга, одлично доловена, и затоа и дадов шанса и на серијава.
    Не се разочарав воопшто,само ми е криво што нема втора сезона. Да не спорам дека не е опфатено се во овие 7 епизоди, но ни требаат повеќе вакви серии :)
    Имаше моменти кога некои сцени емотивно влијае врз мене, психолошки ги толкував деталите и се врзав за моментот кога ја посвоија, нејзината маќеа која беше несреќна жена која мажот ја остави заедно со Бет, успеа да се извлече од тагувањето и ја следеше постојано и бодреше на нејзините шаховски игри. Си требаа една со друга. И Бет имаше потреба од мајка, и маќеата имаше потреба од некој до нејзе.
     
    На tace73 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Дали сум единствена на која не и се допадна воопшто серијата?
    Ја изгледав за два три дена само затоа што се надевав дека нешто ќе се случи со оглед на тоа колкав е хајпот околу неа периодов.

    И ништо, тотално разочарување.
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    38.309
    Пол:
    Женски
    А зошто не ти се допадна, баш ме интересира кој е моментот кој направи да не ти се допаѓа? Феноменална актерска екипа, прекрасна сценографија, предобра приказна...според кој критериум ти оценуваш дали серијата ти е добра или не?
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.833
    Пол:
    Женски
    Паа ја почнав со ентузијазам, читав толку позитивни критики за неа,мислев дека е драма животот на една млада жена....

    Да сценографијата е одлична (ако се одземе периодот кога се во Мексико), почнувајќи од тапетите на зидовите, до музиката, изгледот на хотелските соби, па костимографијата.

    Но како некок кој не игра шах, не ми беше воопшто интересно да гледам, буквално ги премотував тие делови бидејќи ми беше досадна. Првите три епизоди беа ок ама потоа баш е успорено, го нема тоа нешто за да ти држи внимание.

    Потоа делот со зависноста од алкохол и таблети, на крај излезе дека е сосема небитна. Цела серија пие и зема таблети, за на крај, кога е најбитната партија со најдобриот шахиста, кога е притисокот најголем она само така остава и алкохол и таблети.
    Победува светски првак кој цел живот следи дисциплина да би играл онака како игра, почнувајќи од исхрана, тренинг, медитација, анализа на партиите. А го победува девојка која живее во невозможни услови, каде се дрогира со таблети и пие. Али верувам дека тоа е американското, мора они да победат нешто што е руско.
    Можеше да се прикаже како она успева да се избори со пороците и да ја победи зависноста па да има среќен крај. Тој дел не го разбрав.

    Потоа кога мајка и и бара процент од наградите, и како ги лаже наставниците за да ја ослободи од настава за да може да заработи. На моменти делуваше како да ја искористува. Единствено изненадување ми беше на крајот дечкото што излезе дека е геј, тоа не го очекував, се останато прилично досадно. А штета после првата епизода мислев дека ветува. Се на се оверхајп. Добро па е мини серија со само 7 епизоди.

    И да, ќе заборавев, деловите каде што она се секса со речиси секое машко (и Клое??) на кое ќе наиде???
     
    Последна измена: 25 ноември 2020
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.