1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Queen's Gambit (2020)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од IM.TMKQ, 8 ноември 2020.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.196
    Пол:
    Женски
    @simoncelicius Се она што прави не е нешто не го прават или правеле кажи речи голем дел од генијалците, дрогата, алкохолот, спиење со различни луѓе, генијалноста некогаш е самодеструктивна, плус сето тоа можеше да е резултат на тешкото детство, баш тоа беше одлично во серијата, длабочината на ликот.
    На крај сакаше да се оттргне од зависностите затоа што сфати дека секако е генијална и без нив, таа мислеше дека само поради апчињата е добра, затоа сакаше трезна да докаже на себе дека може да победи.

    За делот со мајката се согласувам до некаде и мене ми делуваше така прво ама потоа сфатив дека уствари жената е многу необична и не сакаше да Бет да заврши како неа со потиснати таленти и желби, генијалност, во школо каде што ништо нема да постигне, со маж кој ќе ја презира. Не беше лоша мајка, само депресивна која бараше спас.

    Делот со шахот, приказната иако е фикција инспирацијата е според лик кој стварно го направил ова, не само затоа што е американец што мора да победи во се, туку оти стварно победил русин иако бил без официјален тренинг.

    Јас не играм шах исто, никогаш не ми било забавно, знам да играм ама повеќето потези и целата култура ми е непозната, ама сепак ми беше преинтересно да гледам како размислува генијалец.

    Сепак секој има право на мислење, ама серијава, факт е дека е одлична, не добра, посебно па дека жена е во главна улога.
     
    На Guns N` Roses, tace73, RainBow и 15 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.031
    Допаѓања:
    26.549
    Само што ја изгледав. Предобра. 10/10. Најдобро нешто во последниве година, две. Кратка беше, да, но во ниеден момент не беше досадна. Актерката и предобра глума, Бени исто. Супер, ми се допадна. Немаше нелогичности. Многу добра од прва до последна епизода. Не би имало смисла можеби да има втора сезона, но, ако има I will not be mad. Од цела серија, најантипатични ми беа мајката и таткото што ја посвоија. Толку добро доловени моменти, како смртта на хигеничарот дури и солзи ми надојдоа.
     
    На tace73 и Shalitra им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    36.803
    Пол:
    Машки
    Well done. :clap:

    [​IMG]
     
    На tace73, Regina.Phalange, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Серија што ја одбележа годинава во тв полето дефинитивно, можам да речам и меѓу најдобрите од Нетфликс во последните неколку години. Ања ми е прекрасна уште од најновата сезона од Peaky Blinders каде се појави во споредна улога, а сега пред некој ден читав дека на Нетфликс ставиле нејзина слика на thumbnail за Peaky, толку се прослави со улогата на Бет Хармон.

    Мислам дека она што ја прави серијава посебна е успешното избегнување многу клишеа и tropes (повеќето мрачни и негативни) очекувани како за приказнава.

    Домот за сираци, секако настрана од давањето седативи на децата што ќе резултира со зависноста на Бет, не е покажан како толку ужасно место полно со булинг и насилство.

    Адоптивната мајка, Алма, и покрај првичниот впечаток дека ќе е незаинтересирана за Бет и понатаму дека сака само да профитира од нејзиниот талент, сепак успева да изгради многу wholesome однос со неа, една необична симбиоза на две несовршени особи со свои демони. Не е дека беше некој пример за мајчинска фигура, очигледно уживаше во луксузните патувања по турнири и со неа се однесуваше како со drinking buddy, ама од друга страна стана заинтересирана за шахот и партиите на Бет и ѝ беше искрена поддршка цело време. Она како ја отсвире последната мелодија на клавир пред луѓето на турнирот, па на крај Бет ѝ ги раскажуваше потезите во партијата кога ја најде мртва и плачеше во авион првпат патувајќи без неа... сѐ ми беше ептен тажно. Баш онака комплициран, повеќеслоен, човечки лик.

    Исто ми е освежувачки тоа што Бет со позначајните мажи во нејзиниот живот (освен тешкиов кретен што беше сопругот на Алма) немаше некои токсични врски, иако општо шахот како спорт и индустрија се опфаќа со својата родова нееднаквост, посебно на почетокот. Ма да малце кринџ беа љубовните и секс сцени :D, а колегијалноста на крај кога сите се собраа да ѝ помогнат и се радуваа за финалната победа со Бургов беше пре wholesome.

    More power to her за badass одбивањето да даде поддршка на верскине фанатици против комунизмот, а и на агентот што сакаше изјава дека е горда како Американка во Русија... и воопшто супер што серијата не отиде во тој правец со типичните стереотипи за Русите, какви што има луди фан теории по Reddit на пример - од труење на Алма од страна на КГБ до тоа дека француската моделка уствари била шпион. :D Туку напротив, прикажани беа во човечко светло, посебно емотивно беше на крајот кога по победата ја поздравуваат и игра (конечно не на компетитивен начин) со „обичните“ луѓе.

    Секако тука е и пријателството на Бет со Џолин, и односот со домарот во сиропиталиштето што ја научи да игра, во кој искрено потфрли со тоа што не стапила воопшто во контакт пред неговата смрт, но затоа на крај им нагласи на новинарите да го објават неговото име како нејзин учител. Тоа колку беше трогната од вестите и слики кај него за нејзината кариера и успеси што ги следел цело време, покажува дека не е свесна колкаво влијание има кај луѓето околу неа.

    Музиката на Erik Satie, симболизмот со проектираната шаховска табла над неа (што малце ме потсети на mind palace во Шерлок), костимографијата - посебно белиот аутфит како бела кралица во финалето; сѐ беше on point. :inlove:

    И еве за крај и една реална женска животна приказна од светот на шахот:
    https://www.dailymail.co.uk/femail/...mbit-Woman-Grandmaster-Dorsa-Derakhshani.html
     
    На Lella, Guns N` Roses, tace73 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    2.522
    Еве јас сум една од ретките што не им се допадна серијата. Со мачење ја изгледав, досадна ми беше, не ми држеше внимание воопшто и глумицата ептен ми е антипатична.
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.196
    Пол:
    Женски
    Jaс мислам дека само на луѓето кои не се толку внесени во филмовите и исериите и не ги гледаат како уметност туку единствено забава може да не им се допадне и да им биде досадна маестрална серија( и оваа и други) @Someonespecial многу убава рецензија :)
     
    На Guns N` Roses, tace73, moonlight-girl.55 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.651
    Пол:
    Женски
    Глумицата го дава шмекот на серијата. Преуникатно лице има, а и движењата што ги прави се мед. Балерина била, јас после видов, затоа во некои сцени изгледа како да танцува.

    Ми се допаднаа сите аспекти од серијата, од тоа дека шахот навистина е спорт кој е тежок и интересен за играње, па нејзините успеси кои се нижеа на нејзината интелигенција плус посветеност, реалноста на тоа како еден човек може да стане зависник, животот на едно сираче, борбата за успех и самите притисоци што ги носи, како и фамилијарни, пријателски па до некаде и љубовни односи.

    Интересно е што во првите сцени е облечена како пион, за на крај да седне како бела кралица. На пионот му требаат 7 потези за да стигне до спротивната страна и да се претвори во кралица, на Бет и требаа 7 епизоди за да го направи истото.

    Модата исто ми беше прекрасна, од целите тие капути со шара на коцки, белиот капут што го носеше во Русија го барам по интернетов дали ќе го најдам во некоја слична верзија, ако го видите кажувајте :D

    Предобра е серијава, @Someonespecial баш све убаво кажала, нема што да дополнувам, само се надевам дека нема да им удрат парите во глава и да се глупираат со нови епизоди или филм да прават оти мислам дека ќе се запусти ова што сега е. Нека си остане едно мало и слатко бомбонче на кое дефинитивно ќе се навраќаме.

    Најтопла препорака од мене.
     
    На Lella, Guns N` Roses, tace73 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со сите позитивни мислења во темава. Прекрасна серија. Бет ја носи на своите раменици со сите движења, фацијални експресии и погледи. Ме маѓепса, морам да признаам. Серијава толку убаво ја доловува напнатоста што иако немаш поим за шах можеш да го почувствуваш духот на играта.
    Една од најдобрите серии во изминатата година за мене.
     
    На Guns N` Roses, Sky-butterfly, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Серија на годината е. 10/10.
    Од изборот на глумци до самата глума, до емоциите, облеката, музиката, нема нешто што не ми се допадна. И самата тематика е доста интересна и убаво е доловено тоа одбегнување и потсмевање на децата од дом, на феминизмот кој владеел во тоа време.
    Бет ми е прекрасна :inlove:, кои црти, кои покрети ги има, вистинска дама, дамско, грациозно држење има.
     
    Последна измена: 14 декември 2020
    На Guns N` Roses, tace73, Regina.Phalange и 2 други им се допаѓа ова.
  10. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    Премногу ми се допадна серијата, ја изгледав тогаш кога излезе, чекам ,,да ми спадне" и пак ќе ја гледам.
    Сега само смешни ми се оние инфлуенсерките што почнаа да се сликаат со шаховски фигури, демек играле шах. А тие појма немаат...
     
    На tace73 и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Прво ја прочитав книгата, а потоа ја гледав серијата.
    Горе долу главните настани се исти, но мноогу подобро ќе го доловите секој шаховски потег, секоја емоција и сцена преку книгата.

    Во серијата се ми делуваше премногу површно прикажано, избрзано а и главната актерска екипа не се поклопува со ставот на ликовите од книгата.
    Доста лоша глума.

    И секако, во стилот на Нетфликс, мора некој да стане геј за да ја емитуваат серијата ( во книгата го нема тој дел ).
     
    Последна измена: 9 ноември 2021