https://www.imdb.com/title/tt7587890/ Серијава ми е една од најдобрите нови серии што сум ги гледала во последно време. Нејтан Филион ми е толку шармантен, харизматичен, одличен актер е. И актерската екипа во целост е супер и со одлична хемија. Во тек е втората сезона. Накратко, станува збор за Џон Нолан кој по еден инцидент решава да си го промени живототи конечно да го прави она што го сака, а тоа е да биде полицаец. И тој е најстариот почетник. Серијата има хумор, напнати ситуации, интересни и неочекувани моменти. За мене е целиот пакет. АКо не сте ја гледале топла препорака имате, а ако сте ја гледале пишете мислење за што ви се допаднало, а што можеби не.
Никој ли не ја загледа серијава? Баш штета. Спојлер Многу некако е исушен Нејтан, не му стои баш. Ми се допаѓа и новата детективка, добро ги раздрма работите. Ај нека ја гледа некој ако сака полициска серија.
Ќе ти се допадне ако гледаш полициски, баш некако е реално прикажана, а и кастингот е погоден. Пиши како ќе те бендиса
Супер, баш ми е мило. Предобар е Нејтан, мислам серијава првично најмногу поради него успеа, има он база на фанови.
Јас ги гледав првата и втората сезона, тоа што даваа на тв. Првите неколку епизоди беа интересни, но како поминуваше времето беа се подобри и подобри! Не знам како продолжија во третата сезона? До каде имате гледано? Вкупната оценка на ИМДБ е одлична, 8.1!
Ја гледав серијава ама постарата на Сител кога ја даваа со Officer Andy McNally или Missy Peregrym која глуми моментално во FBI. Ја даваа сега негде на Fox?
Таа е сосема друга, се вика Rookey blue. Пред некое време, можеби и година, ја репризираа, ама не се сеќавам на кој канал.
5тата епизода од 3тата сезона е излезена. Супер е и оваа сезона, посебно и последнава епизода беше одлична. Само не знам до каде ќе тераат и во која насока, можеби Нолан ќе стане TO, па он ќе има руки, инаку ќе нема смисла насловот.